Кошаркарките на Бадел 1861 ќе играат во Јадранската лига
Екипата на ЖКК Бадел 1862 го потврди своето учество во Јадранската WABA лига за сезоната 2021/2022.
„Учеството во ова регионално натпреварување ќе претставува дополнителна можност за младиот тим на вицешампионот за докажување на меѓународен план во натпреварите против реномирани екипи од калибарот на ЖКК Будуќност Бемакс, Берое, Цинкарна Цеље, Монтана, …“, се вели во соопштението од клубот.
Проблеми за Лејкерс – останаа без својата голема ѕвезда!
Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат во големи проблеми. Актуелниот шампион ќе мора да го игра наредниот натпревар против Феникс Санс без Ентони Дејвис. Во моментов има 2:2 во серијата и Феникс е домаќин на следниот натпревар. Дејвис се повреди на четвртиот натпревар против Санс, кој на крајот лесно го добија гостите. Крилниот центар пропушти половина од регуларниот дел од сезоната поради повреда, а сега може да ја пропушти целата серија против Феникс, што секако би било голем хендикеп за тимот на Лејкерс. Петтиот натпревар на програмата е ноќта помеѓу вторник и среда со почеток од 04:00 часот.
Источен Мичиген го претстави Лука Савиќевиќ
Доаѓа Лука Меџик, вака Универзитетот Источен Мичиген го претстави македонскиот репрезентативец Лука Савичевиќ и со тоа го најави неговото доаѓање во кошаркарскиот тим за идната сезона.
Со нашиот кошаркар почнува составувањето на ростерот не само за идната сезона, туку и за следните години во кои Иглс имаат високи амбиции.
„Лука е репрезентативец на Македонија, плејмејкер со одлична визија и чувство за играта. Има добри предиспозиции, височина од 190 сантиметри и дефинитивно е подготвен за следните предизвици бидејќи има интернационално искуство“, изјави за тимската интернет страница, тренерот на тимот Стен Хит.
Во текстот се потсетува на одличната статистика на Савиќевиќ на претходните големи натпреварувања со младинските селекции на Македонија, но и на сезоната помината во Македонија.
Тој се договори со Универзитетот Источен Мичиген минатиот месец и од новата сезона ќе биде втор македонски репрезентативец, покрај Андреј Јакимовски, кој ќе настапува во елитната дивизија од НЦАА лигата.
МЗТ Скопје го елиминира Пелистер и ќе се бори за осмата титула
„Металците“ беа подобри од битолчани и во СЦ „Јане Сандански“ со резултат (89:78) и ја затворија серијата со (2-0). Досега играа 14.пати во големото финале. Беа половични во походите на шампионската титула. Но кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се изборија за уште една можност. Да играат и по 15. пат во големото финале и да се борат за својот осми шампионски пехар и двојна круна во оваа сезона. Во вториот меч од полуфиналето, по втор пат беа подобри од најдобрата екипа во регуларниот дел – Пелистер, по втор пат во рок од 48.часа, доволно за да ја затворат серијата со брзи (2-0) и од следната недела, по неколку дена одмор, да ја отворат серијата за титула каде за противник ја имаат екипата на Еуро Никел 2005.
Во плановите на БИБЛ се две до три македонски екипи
Менаџментот на Балканската лига веќе стартуваше со подготовките за наредната напреварувачка сезона.
Според планираното, новата 2021/2022 сезона би стартувала на почетокот на октомври, а би завршила во април 2022 година, и тоа со 12. клубови-учесници.
БИБЛ испрати покана до сите заинтересирани екипи од нашата земја, а според предвидувањата, два, евентуално три клуба би ја пополниле „квотата“ на учесници.
За потсетување, оваа натпреварувачка сезона нашата кошарка ја претставуваа екипите на ТФТ од Скопје и Куманово 2009.
БИБЛ планира лига во која (засега) се вклучени екипи од пет земји.
Надежите на раководството на регионалното натпреварување се дека Израел би имал три-четири екипи, Бугарија две или три, од Косово би играле, две, Црна Гора би учествувала со една или две екипи.
БИБЛ има сериозни контакти и со два клуба од Грција, но засега е потврдено учество на пет земји од овие балкански простори, плус и Израел, од каде доаѓа и бранителот на титулата – Хапоел Холон.
Новитет, во оној натпреварувачки дел, ќе биде правилото кое вели дека нема да има ограничување за задолжителен настап на најмалку еден домашен играч во текот на еден официјален меч на БИБЛ лигата. И тренерите ќе може да ги користат сите достапни играчи кои се дел од ростерот.
Потврдите за настап во новата сезона 2021/2022 година ќе може да се испратат во текот на јуни, односно по завршувањето на националните првенства во овие држави.
МЗТ направи „брејк“ во Битола
МЗТ Скопје Аеродром направи голем, огромне чекор на патот кон учество во уште една финална сертија од плеј-офот во својата серија. Против „дебитантот“ во еден ваков полуфинален систем од финалната фаза на првенството, битолски Пелистер, екипата од Аеродром направи големо враќање. Ги стигна почетните (0:14), престигна и уште повисоки (20:36) во втората четвртина и дојде до планираната цел – победа во првиот меч од полуфиналето на плеј-офот. Третиот период беше вистинско враќање на гостите кои не само што фатија резултатски приклучок, туку стигнаа и до нерешени бројки. На три минути пред истекот на третата четвртина беше и нерешено (51:51), откако погоди Бојиќ. Тој стана третиот двоцифрен кошаркар во гостинската екипа, покрај Стојановски и Олуџоби. И прв со дабл-дабл ефект на мечот. „Пелистерци“ во текот на целиот натпревар беа со сериозен проблем, како да реализираат од линијата за слободни фрлања. На крајот, тој доста битен момент влијаеше и на конечниот резултат. МЗТ Скопје Аеродром сега ќе има меч-топка во „Јане Сандански“ за пласман во ново финале и битка за шампионскиот пехар.
Скола најави пензија по Олимписките игри
Легендарниот кошаркар на Аргентина, Луис Скола, најави дека по Олимпијдата во Токио ќе стави крај на неговата блескава кариера.
„Мислам дека нема да играм уште една сезона. Многу работи можат да се случат. Јас сè уште ја држам вратата отворена, но, за секој играч доаѓа време кога треба да се повлече. Конечната одлука ќе ја откријам по завршувањето на Олимписките игри“, изјави Скола.
41-годишниот ветеран во изминатата сезона во италијанскиот состав Варезе имаше просек од 17,9 поени и 7,0 скокови.
Кои играчи го одбележаа четвртфиналето од завршницата на кошаркарската сезона?
Олуфеми Олуџоби го одбележи првиот, четвртфиналниот круг од натпреварите во плеј-офот за шампионската титула.
Крилото на МЗТ Скопје Аеродром дојде до 37.индексни поени во инфаркт-победата против Куманово 2009, со што го задржа континуитетот на одлични изданија во серијата која го промовира тимот од Аеродром во еден од четирите полуфиналисти.
Засега има 75.индексни поени, или во просек, на три меча по 25.0 што го прави лидер во трката за најкорисен играч во доигрувањето за шампионската титула.
По две добри партии прикажа и двоецот на Еуро Никел 2005, Роберт Рикиќ и Данило Мијатовиќ. Во двете средби против Гостивар, високите играчи на екипата од Кавадарци реализираа, во просек, по 22.5 односно 21.5 индексни поени.
Иако одигра три натпревари во серијата со Куманово, на послендито се пожали и на повреда (поточно грчеви во ногата), тоа не му посмета на Дамјан Стојановски да дојде до просечен индекс-21.
Со најкориснито играч на финалниот натпревар во Купот, завршува списокот на играчи со 20 и повеќе индексни поени.
Својата шанса за пробив во горниот дел на наредните мечеви, оние од полуфиналето, кое стартува веќе денеска, чекаат Ерик Питс, Филип Бундовиќ (Работнички), Игор Кесар, Бобан Стајиќ (Пелистер), Дарко Соколов (Еуро Никел 2005), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром).
Шек до Јокиќ: „Сјајна игра, брате!“ (видео)
Никола Јокиќ повторно беше играч на натпреварот во победата на Денвер, откако Нагетси го совладаа Портланд со 128:109 и израмнија во серијата од првиот круг на НБА доигрувањето на 1:1, а српскиот центар постигна 38 поени.
Ккао играч на натпреварот, по завршувањето на истиот гостуваше во емисија во која Шекил О`Нил постави прашање, но дури откако му покажа на Јокиќ како се служи со српскиот јазик.
„Сјајна игра, брате“, рече легендарниот Шек да го разбере целиот Балкан, но поради начинот на кој тоа го изговори, не го разбра никој.
Во секој случај, барем Јокиќ не го разбра, па потоа збунето проверуваше дали е се во ред со неговите слушалки, пред да успее да ја „декодира“ честитката на Шек. Еве ја неговата реакција:
Екипата на Пелистер ќе игра во полуфиналето на плеј-офот и останува во трката за шампионскиот трофеј. Во рок од 48 часа битолчани беа подобри од екипата која им ја укина шансата да атакуваат на другиот трофеј во сезона, Навико Академија ФМП.
Со такви размислувања допатуваа битолските „зелено-бели“ во главниот град и максимално успешно си го одработија својот дел од задачата.
Очаен почеток имаа домашните кошаркари во овој меч кој одлучуваше дали ќе има и трет во серијата од четвртфиналето против Пелистер. Буквално, на прстите на една рака можеа да се избројат постигнатите поени на тимот од Кисела Вода. Иако без својот капитен Бојан Трајковски на теренот, и шефот на струката Марјан Илиевски, на клупата, за кои оваа сезона е предвреме завршена, битолчани знаеја што бараат, и што сакаат на овој натпревар.
Од самиот почеток го наметнаа својот препознатлив стил на игра, а во прилог на желбите им одеше и фактот дека најдобриот играч на Навико Академија ФМП, Стефан Крстајиќ, беше комплетно надвор од ритам. Па по десет минути „пелистерци“ имаа и десет поени плус (15:5).
Во исто темпо „бело-зелените“ продолжија и во вториот квартал. Имаа и вишок од 19. поено (30:11) во средишниот дел од втората четвртина, која гостите од Битола ја завршија со уште поголемо водство (41:21).
Силаџи даде 12.поени кај лидерската елипа, додека петте стартери во домашниот тим дадоа само десет поени, што доволно говори за лошото прво полувреме на избраниот состав на тренерот Александар Петровиќ.
Ништо ново во играта на домаќините не донесе ниту одморот од 15.минути. По шест одиграни во третиот период, Пелистер имаше двојно повеќе дадени во однос на примени кошеви (62:31), по што и на Петровиќ му стана јасно дека тука е крајот на сезоната. Па како вистински тренер одлучи да им даде шанса на најмладите во екипата која ги исполни амбициите – играше плеј-оф.
Но во полуфиналето оди најдобриот тим од регуларниот дел – Пелистер. Дури и ваков тим, со еден, петти странец на трибините, капитенот на рехабилитација, а тренерот на лечење е пресилен за дебитантот во првата лига, кој минатиот викенд му ја одзема шансата да го „брка“ трофејот во Купот.