Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025.
За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г.
Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени,
Во следното четврто коло, македонските кошаркарки в недела ја пречекуваат Португалија.
Европското првенство за кошаркарки во 2025 година ќе се одржи во Чешка, Германија, Грција и Италија.
Димитријевиќ и Олимпија Милано го декласираа Реал
Кошаркарите на Олимпија од Милано го совладаа Реал Мадрид со 85-76 во 8. коло од Евролигата. Двата тима се на скор од три победи и пет порази. Реал се уште е без победа на гостински терен од почетокот на сезоната. Најдобриот меч од доаѓањето во Милано го одигра Ненад Димитријевиќ.
Избраниците на Еторе Месина многу брзо го наметнаа својот стил на игра и беше јасно дека Реал ќе има проблем. Единствен расположен беше ветеранот Серж Ибака.
Во тие воведни 10 минути, тимот на Олимпија постигна 24 поени, а четвртината ја добија со осум поени разлика.
Реал се распадна во вториот период, Олимшпија направи серија 18:3 и веќе тука ја најави победата.
Ненад Нено Димитријевиќ беше најефикасен со 22 поени (15 постигна во првиот дел), Зек Ледеј постигна 17 поени, забележа 8 скока и 2 асистенции, а новиот играч Нико Манион постигна 11 поени, имаше скок и 5 асистенции.
Серж Ибака беше најефикасен кај Реал со 13 поени и 4 скока, исто толку додаде и Марио Хезоња, додека Габриел Дек имаше 11 со 3 скока и 2 асистенции, а 10 поени и 9 скока беше учинокот на Валтер Еди Таварес.
Асвел пред големо засилување, ќе потпише со Андре Робертсон
Андре Роберсон веројатно ќе дебитира во Евролигата. Американецот кој има 32 години и 201 сантиметар, може да потпише договор со екипата на Асвел Вилербан.
Тој има реализирано 7 сезони во НБА. Цели шест години ги помина во Оклахома додека една сезона настапуваше за тимот на Бруклин.
Кошаркарот од САД сега за прв пат ќе има можност да настапи во најсилната лига во Европа.
Ембид суспендиран на три натпревари, ќе плати и парична казна
Ѕвездата на екипата на Филаделфија, Џоел Ембид се очекува да заигра во својот тим на прв натпревар од регуларниот дел на сезоната на 12 ноември кога неговиот тим ќе игра со екипата на Њујорк Никс.
Оваа средба ќе биде и прва за екипите во новиот НБА куп.
Во вторникот НБА го суспендираше центарот на Филаделфија на три натпревари поради расправија со новинар во соблекувалната по натпревар. Инаку, Ембид го пропушти стартот на сезоната поради повреда на коленото, што резултираше и со очаен старт на 76-ките кои тргнаа со само една победа во 6 одиграни средби.
Денвер неколку недели без Арон Гордон
Членот на Денвер Нагетс, Арон Гордон ќе отсуствува неколку недели поради повреда.
Според добро информираниот ЕСПН, Гордон ќе пропушти неколку недели поради истегнување на листот на десната нога.
Денвер моментално е на деветтото место на Западот со четири победи и три порази. Нагетс имаа лош почеток на сезоната, но сега се во серија од три победи.
Гордон ги одигра сите седум натпревари оваа сезона, каде што имаше просек од 15,4 поени со 6,7 скока и 3,1 асистенции.
НБА лигата го суспендира Џоел Ембид
Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран од НБА на три натпревари поради конфронтација со новинар по натпреварот против Мемфис (107-124), објави „ESPN“.
Триесетгодишниот Американец вербално го нападна колумнистот на „ Philadelphia Inquirer“ Маркус Хејс по саботниот пораз, а потоа го турна.
Кошаркарот беше налутен од написот во кој се споменува починатиот брат на кошаркарот и неговиот син Артур, кој го носи неговото име.
Поради суспензијата, Ембид ќе загуби 1.063.778 долари од плата. Казната ќе стапи за време на суспензијата.
Порази на МЗТ Скопје и Работнички во АБА2 дуелите во Домжале и Сараево
Екипата на Работнички претрпе уште еден убедлив пораз од Босна, загуби вечерва во Сараево со 84-58.
Ова беше натпревар од 4. коло во АБА2 регионалната кошаркарска лига.
Претходно, и македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром е поразен, по втор пат од Хелиос Домжале. Аеродромци во драматичен загубија со 68-67.
Работнички е последен во Б-групата со четири порази на исто толку натпревари.
МЗТ Скопје Аеродром е трет во А-групата со една победа и три порази.
Камар Болдвин го смени државјанството и ќе игра за Грузија
Американецот Камар Болдвин доби грузиско државјанство, што му овозможува да игра за националниот тим и да ослободи место на списокот на играчи кои се надвор од ЕУ во Басконија за АЦБ лигата.
Болдвин доби грузиско државјанство и има право да игра за националниот тим на земјата, официјално објави Кошаркарскиот сојуз на Грузија.
Со грузискиот пасош, Болдвин сега може да игра за Басконија во АЦБ лигата без да заземе место на странски играч.
Промената му овозможува на тренерот Пабло Ласо да го користи Болдвин заедно со Трент Форест и Маркус Хауард во исто време.
Во досегашната сезона во Евролигата, Болдвин одигра седум натпревари и имаше просек од 6,1 поен, 1,4 скока и 3,3 асистенции за 19 минути по натпревар.
Грег Попович има здравствени проблеми, ќе скокне неколку натпревари на Спарси
Грег Попович, легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс нема да го води НБА тимот од клупата поради здравствени проблеми.
Познатиот НБА инсајдер Шемс Чарнија откри дека Поповиќ на клупата ќе го замени помошникот Мич Џонсон, а времето на враќање на славниот тренер не е познато.
Чарнија не прецизираше какви здравствени проблеми има Попович, а оваа вест доста го загрижи кошаркарскиот свет.
Се се случи пред мечот со Минесота во кој Сан Антонио победи со 113-103. Поповиќ не отпатува со тимот на натпреварот против Клиперс во Лос Анџелес.
Попович е рекордер во НБА со 1.390 победи и уште 170 победи во плеј-офот, додека освои пет титули во НБА.
Пешиќ жестоко нападна: Светски и олимписки шампиони сме, а нема каде да тренираме
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, во интервју за „НИН“ проговори за проблемите со кои се соочува српската кошарка. Легендарниот стручњак не сака да се откаже од спортот кој е свет во Србија, но редовно предупредува дека ситуацијата е далеку од идеална.
„Прво, тоа воопшто не е нов проблем. Тоа е проблем кој секогаш е ист и кој постои со години, во фудбалот и во Фудбалскиот сојуз на Србија, на пример, никогаш не може да се случи. Дека немаме професионални тренери. Тоа се сите луѓе кои не биле ни во хонорарна врска, туку со дневниците што ги добиваат за времето поминато во репрезентацијата. Се споменуваат огромни суми, сега гледам дека се споменуваат огромни суми и за селекторот на репрезентацијата. Но добро, што е поентата? Заклучокот е дека сите наши тренери во стручниот штаб се професионално поврзани со своите работни места во клубовите. Така, сега практично сите се зафатени. Овде разговараме со клубовите, да ни излезат во пресрет, да ни ги позајмат нивните тренери. И сега зависи од нивната волја. А германската федерација покрај главниот тренер има четворица професионални тренери. Не случајно станаа светски шампиони. Ништо не се случува случајно, ништо без поставување на систем. А ние немаме професионални обучувачи во Здружението бидејќи не можеме финансиски да ги обезбедиме. Како да се реши? Па, олимписките циклуси не се користат само за подготовка на репрезентацијата, туку и федерациите. Но, не сме подготвени да прифатиме дека некој прави нешто подобро. Живееме во старите денови на југословенската школа за кошарка, а кошарката оттогаш напредуваше“, вели Пешиќ.
Тој потенцира дека „Кошаркарскиот сојуз нема ниту академија, ниту тренинг центри, како што е вообичаено во другите земји. Ниту Ѕвезда ги има, ниту Партизан, никој нема ништо. Слушам како велат: што сакате вие кошаркари, имате две сали, именувани по познатите тренери Николиќ и Жеравица. Тоа е целосна глупост, тоа е почит на големите кошаркарски имиња, но не и припаѓа на кошарката“.
„Бевме светски и олимписки шампиони, а сега освојуваме медали, но немаме каде да тренираме. Тоа се работи за кои малку се зборува, но тоа треба да биде целта сега, можеби во следниот олимписки циклус. Кога зборувам за тие столбови, не би рекол дека немаме заедничка соработка, туку дека немаме заеднички цели“ дециден е Пешиќ.