Австралискиот кошаркар Бен Симонс се договорил со Бруклин Нетс да го откупи неговиот договор и сега е слободен агент, објави НБА инсајдерот Шамс Шаранија.
Претходно, Брајан Виндхорст, новинар на „ЕСПН“, објави дека првиот пик од драфтот во 2016 година одржал состаноци со претставници на Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Клиперс.
Во меѓувреме, Шаранија објави дека играчот планира да се приклучи на франшизата од Калифорнија.
Клиперси го добија Богдан Богдановиќ
Атланта Хокс, која е деветта во поредокот на Источната конференција со 23 победи и 28 порази, решија да се разделат со некои од нивните клучни играчи со цел да соберат што е можно повеќе драфт пикови кои ќе ги користат во иднина, како и да ослободат пари за слободните агенти во текот на летото.
Атланта го испрати Де’Андре Хантер во водечкиот во Источната конференција Кливленд Кавалирс во замена за бекот Карис Леверт, крилото Жорж Нианг, три драфт пика од втората рунда и правата на две замени на пикови.
Богдан Богдановиќ беше испратен во Лос Анџелес Клиперс. За правата на Србинот, Атланта ги добива Теренс Ман, Бонс Хајланд, како и изборите за драфтот од втората рунда во 2025, 2026 и 2027 година.
Покрај тоа, Хокс се разделија и со центарот Коди Зелер, кој се сели во Хјустон Рокетс. „Ракетите“ добиваат и избор од втората рунда на драфтот во 2028 година, а Атланта ги добива правата на центарот Алфа Каба, кој играше во републичкиот шампионат на Кореја.
Симонс се раздели со Бруклен Нетс
Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Бен Симонс, ќе го напушти тимот и ќе ја продолжи кариерата во друг тим, објави „ЕСПН“.
Австралиецот започна процес за откупување на неговиот договор, кој треба да биде финализиран во наредните часови. Ова ќе му овозможи да потпише со друг тим, најверојатно веќе следната недела.
Симонс е поранешен избор на драфтот од првиот круг. Тој беше драфтуван во 2016 година од Филаделфија 76-ерс, за кои имаше неколку силни сезони пред неговата статистика да почне да опаѓа од различни причини.
Во 2021 година тој беше префрлен од Филаделфија во Бруклин во договор што го испрати Џејмс Харден во спротивна насока. Сепак, Симонс никогаш не се претвори лидер каков што се очекуваше да биде и не успеа да формира ѕвездено трио со Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, кои беа разменети во Феникс Санс и Далас Маверикс, соодветно.
Од почетокот на оваа сезона, Симонс има просек од 6,2 поени, 5,2 скока и 6,9 асистенции по натпревар. Бруклин се наоѓа на 12. место во поредокот на Источната конференција со 17 победи и 34 порази.
Според „ЕСПН“, фаворити за потписот на 28-годишниот Австралиец се Лос Анџелес Клиперс и Кливленд Кавалирс.
Македонските кошаркарки декласирани во Белград
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Белгрд од Србија, во петтото коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Србија во салата „Александар Николиќ“ победи со 105-60. Србија со една нога зачекори на ЕП кое од 18 до 29 јуни оваа година ќе се игра во Германија, Италија, Грција и Чешка, додека Македонија го доѓивеа и петтиот пораз.
Србија ја оправда фавористската улога во дуелот со македонските девојки, кои добро се држеа само во првите 15 минути.
Најдобри кај Македонија беа Анџелика Митрашиновиќ со 17, Александра Стојановска со 16 поени и Мерит Хемпе и Илина Селчова со по десет поени. Србија со по 21 поен ја предводеа Ивон Андерсон (10 асистенции) и Јована Ногиќ.
Милвоки го испрати Мидлтон во Вашингтон
Во размената во која Лука Дончиќ заврши во Лејкерс, а Ентони Дејвис во Далас се случи уште една голема трампа во НБА лигата.
Милвоки Бакс го испрати Крис Мидлтон во Вашингтон.
Од друга страна Милвоки ги доби Кајл Кузма и Патрик Болдвиј Жуниор и еден пик од втората рунда.
Хезоња суспендиран, ќе го скокне гостувањето во Истанбул
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите.
Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако.
Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите.
За ова беше казнет со суспензија од меч (против Фенербахче во 26. коло), и парична казна од 5.000 евра.
Хезоња постигна 15 поени и имаше осум скока пред да биде исклучен во поразот од Монако (77-73).
Заврши сезоната за Дежонте Мареј
Екипата на Њу Орлеанс потврди дека кошаркарот, Дежонте Мареј, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако ја скина Ахиловата тетива на десната нога.
Тешката повреда била утврдена со помош на Магнетна резонанца.
Мареј кој редовно беше дел од стартната петорка, сезоната ја заврши со просек од 17,5 поени, 7,4 асистенции и 6,5 скокови.
Гевгелија домаќин на завршницата на Купот на Македонија во кошарка
Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одржи воГевгелија во организација на КК Кожув.
Турнирот во машка и женска конкуренција ќе се одигра во период од 13 до 15 февруари 2025 година, во спортската сала „26 април“ во Гевгелија.
Во четвртфиналето во машка конкуренција ќе се соочат тимовите на:
Во полуфиналето на женскиот дел од турнирот ќе играат:
Крива Паланка – Вардар
Баскет Кам – Бадел
Мемфис го трејдува ветеранот Смарт
Мемфис Гризлис го вклучија ветеранот во на трансфер пазарот во последните недели и наскоро очекуваат финализација на трејдот. Смарт одигра само 38 натпревари во последните две сезони поради повреди.
Џејлен Велс, Џеј Џексон и Винс Вилијамс во отсуство на Смарт играат одлично, а самиот Смарт се уште е надвор од теренот поради повреда на прстот.
Со отпишување на договорот на Смарт вреден 21,6 милиони долари до сезоната 2025-2026, Гризлис ќе можат да го продолжат договорот на Џерен Џексон Џуниор и повторно да потпишат со Санти Алдама.
Фенер се раздели со Скајлер Мејс
Кошаркарскиот турски гигант Фенербахче се раздели со американскиот плејмејкер Скајлер Мејс.
Мејс пристигна во Истанбул во октомври минатата година и имаше просек од скромни 3,7 поени и 3,1 индекс на корисност на 14 натпревари во Евролигата.
Затоа Фенербахче реагираше и го доведе ветеранот Ерик Меколум, кој многу подобро се вклопи од Мејс.