кошарка

Баскет Кам очекувано го освии Суперкупот на Македонија

Екипата на Баскет Кам со победа го отвори официјалниот дел од сезоната во мак-баскетот. Тимот од Македонска Каменица славеше над Вардар со 63-44 во рамки на Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“ – во меч кој е увертира за домашните предизвици.

Последните десет минути на мечот во СРЦ „Кале“ беа само формалност за Баскет Кам, затоа што разликата на семафорот константно растеше, за на крајот да изнесува 19 поени разлика. Кметовска и Димова имаа дабл-дабл учинок кај победникот. Кметовска даде 20 поени со уште 12 скока, додека Димова имаше 20 поени и 16 скока. Кај Вардар, Пишлевска даде 12, а Митева реализира 11 поени.


Атаман наговести дека Јанис еден ден ќе заигра за ПАО

Главниот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, сака еден ден да работи со големата грчка кошаркарска ѕвезда, Јанис Адетекумпо, кој игра за Милвоки.

„Јанис е најразновидниот играч во НБА . Може да игра како бек, да трча брзо, да шутира од рекетот, да постигнува кошеви и да се брани. Тој е играч кого навистина го почитувам.“ –рече тренерот на Панатинаикос.

Ќе потсетиме дека Адетекумпо беше вклучен во најдобрата петорка на последното Европско првенство додека Атаман беше прогласен за најдобар селектор.


Пелистер поразен во неизвесен меч со ПАОК во Солун

Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со контролните натпревари во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а „зелено-белите“ по настапот во квалификациите за ЛШ против Реџо Емилија денеска повторно имаа за ривал исклучително квалитетна екипа.

Грчки ПАОК беше домаќин на „пелистерци“ во Солун, во интересен меч што беше израмнет до неколку минути пред крајот, а грчкиот тим сепак се радуваше со конечни 94-82. Двајцата тренери им дадоа шанса на сите кошаркари воигрувајќи ги тактичките замисли пред стартот на новата сезона, а Пелистер одлично му парираше на квалитетниот ривал.

Првата четвртина заврши 24-23 за ПАОК, на одмор се замина со 56-51 за домаќините, а резултатот на седум минути до крајот беше израмнет (74-74). Сепак, грчкиот состав благодарение на поголемото искуство успеа да се одлепи пред самиот финиш и да триумфира и со двоцифрена разлика.

Брејси Дејвис беше прв стрелец на Пелистер со 20 поени, 16 постигна Малешевиќ, 13 Вилсон, додека со 10 поени мечот го заврши Митревски.

Пелистер следниот викенд ќе ја стартува новата сезона во македонската Суперлига, во која битолчани за противник во првото коло ќе го имаат Работнички.


Французинот Ниликина потпиша за Олимпијакос

BARCELONA, SPAIN – MARCH 14: Frank Ntilikina, #3 of Partizan Mozzart Bet Belgrade during the warm up prior Turkish Airlines EuroLeague Regular Season Round 29 match between FC Barcelona and Partizan Mozzart Bet Belgrade at Palau Blaugrana on March 14, 2025 in Barcelona, Spain. (Photo by Rodolfo Molina/Euroleague Basketball via Getty Images)

Францускиот кошаркар Франк Ниликина, го напушти белградски Партизан и ќе ја продолжи кариерата во грчки Олимпијакос.

Ниликина пристигна во Белград од Шарлот минатото лето, а зад себе има солидна сезона во црно-белиот дрес.

Во Евролигата одигра 21 натпревар, помина просек од 17 минути на паркетот и запиша 6,1 поен со одлични проценти, 55% за два и 37% за три поени.

Ниликина осми пик на НБА драфтот кога дојде од Стразбур, а Њујорк Никс го избраа во 2017 година по инструкции на генералниот менаџер Фил Џексон.


Џеј Џеј Редик потпиша нов договор со Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс, објавија дека го продолжиле договорот со главниот тренер Џеј Џеј Редик.

Сè уште нема официјални детали за новиот договор со 41-годишниот тренер.

Редик им се придружи на Лејкерси во 2024 година, тогаш потпиша четиригодишен договор вреден 32 милиони долари.

Во својата прва година, тој ги предводеше Лејкерси до третото место во Западната конференција.

Сепак, тимот беше елиминиран во првото коло од плејофот од Минесота и покрај тоа што Лука Дончиќ беше доведен во средината на сезоната, а Леброн Џејмс беше во одлична форма.


Се разделија Мареј и Филаделфија

Во НБА тимот Филаделфија 76ерс се чини дека никако не можат да здивнат од повреди. Џаред Мекејн, 16-тиот избор на тимот на НБА драфтот во 2024 година, претрпе повреда на десната рака.

„Џаред Мекејн, претрпе кинење на тетивата на десниот палец за време на денешниот тренинг“, изјавија извори од клубот за ESPN.

„Тој и тимот работат со специјалисти за да одлучат како ќе продолжат со третманот“, се вели во информацијата.

Мекејн, поранешната ѕвезда на „Дјук“, не е непознат по сериозните повреди. Неговата дебитантска сезона беше прекината поради кинење на менискусот во декември, поради што отсуствуваше од терените цела сезона. Сега, неговата втора сезона би можела да биде повторно во опасност.


Финецот Муринен доаѓа во Партизан

Најдобриот млад кошаркар на неодамна завршеното Европско првенство, Мика Муринен, е пред трансфер во белградски Партизан, каде може да претставува повеќе од солидно засилување.

Српскиот евролигаш реагираше бргу и се шпекулира дека двете страни веќе се договориле за личните услови.

Според неколку извори, Муринен ја гледа преселбата во Белград како шанса за добар впечаток во Евролигата и шанса да се појави на НБА драфтот во 2027 година.

На Европското првенство Муринен стигна до полуфиналето и беше вистинска сензација со својот национален тим. Просечно бележеше 8,3 поени и 1,5 скокови по натпревар.


Клуб од Саудиска Арабија ќе игра во АБА лигата

Регионалната кошаркарска лига во скоро време може да добие нов тим.

Според порталите од соседна Србија, тим од Саудиска Арабија би можел да биде нов член во ова регионално натпреварување.

Клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран на настап во АБА лигата. Шеик од Саудиска Арабија веќе бил во посета на овие простори. Но, од идеја и желба до реализација патот е долг, има технички фактори за кои ќе се решава и како тие да се вклопат.

Тимот на Ал-Ула од Саудиска Арабија престојуваше на подготовки во Србија.

Во АБА лигата во минатото имало екипи од Унгарија, Романија, Израел, а од минатата сезона член е и тимот на Дубаи.


Чус Матео е нов селектор на шпанската репрезентација

EUROLEAGUE 2022-2023 / ΚΑΟΥΝΑΣ / FINAL-4 / ΤΕΛΙΚΟΣ / ΟΣΦΠ – ΡΕΑΛ ΜΑΔΡΙΤΗΣ (KLODIAN LATO / EUROKINISSI)

Шпанската кошаркарска федерација денес официјално го објави назначувањето на Чус Матео за селектор на машката репрезентација.

Мандатот на новиот селектор ќе биде четири години.

Матео ќе го замени Серхио Скариоло, кој го водеше тимот во два периода (2009-2012, 2015-2025). Под водство на Скариоло, Шпанија освои четири Евробаскети (2009, 2011, 2015, 2022), едно Светско првенство (2019), сребрени медали на Олимписките игри во 2012 година и бронзени медали на Олимписките игри во 2016 година.

Ова ќе биде прв пат Матео да ја тренира сениорската репрезентација; претходно беше помошник селектор на младинските селекции.

Матео работи во Реал Мадрид во последните 11 години. Тој помина осум сезони како помошник пред да го замени Пабло Ласо како главен тренер. Под водство на Матео, тимот ја освои Евролигата во 2023 година и две титули во шпанското првенство во 2024 и 2025 година.

Скариоло го замени Матео во Реал Мадрид, потпишувајќи тригодишен договор со клубот.


Јокиќ најдобар играч во НБА лигата според ЕСПН

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти.

„ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната.

Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи првите тројца.

Во сезоната 2024-25, Јокиќ одигра 70 натпревари и имаше просек од 29,6 поени, 12,8 скока и 10,2 асистенции по натпревар.