кошарка

Каи Џонс директно од НБА лигата се сели во Анадолу Ефес

Кошаркарот од Бахамите, Каи Џонс пристигна во тимот на Анадолу Ефес и ќе биде замена за Венсан Поарие, кој се повреди за време на Евробаскетот и ќе отсуствува до јануари.

Интересно е што токму тогаш Џонс ќе има можност да го прекине договорот и да се врати во НБА лигата.

Висок е 211 сантиметри, а договорот со турскиот гигант ќе трае до јуни наредната година.

Минатата сезона тој настапуваше за Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс, но имаше многу ограничена улога во двата тима.

Во НБА лигата дебитираше во 2021 година како деветнаесетти пик избран од Шарлот Хорнетс. Таму мина две сезони и стана препознатлив по необичниот изглед, особено по сината коса.


Познат идеалниот тим на Евробаскетот

Објавен е симболичниот тим на Европското кошаркарско првенство 2025.

Во него се вклучени: Денис Шредер (Германија), Лука Дончиќ (Словенија), Франц Вагнер (Германија), Јанис Адетокунбо (Грција) и Алперен Шенгун (Турција).

Плејмејкерот Денис Шредер беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Трофејот на Евробаскетот 2025 го освои Германија која во финалето ја победија Турција со 88-83.


Германецот Шрудер е МВП на Евробаскетот

Вечерва во Рига со победа на Германија заврши 42. Европското првенство во кошарка. Германија во спектакуларно финале ја победи Туција со 88-83. За најдобар играч на финалето е прогласен Исак Бонга.

МВП титулата, за најдобра играч на турнирот му припадна на Денис Шредер. Капитенот на Германија го реши финалето со шест поени во последните 67 секунди, мечот го заврши со 16 поени и 12 асистенции.

Покрај Шредер во иделаната петорка на првенството се уште четворица НБА играчи: Јанис Адетокумбо (Грција), Алперен Шенгун (Турција), Франц Вагнер (Германија) и Лука Дончиќ (Словенија).


Германија го доби трилерот со Турција и ги обедини титулите

Германските кошаркари се европски шампиони по втор пат во историјата. Популарните панцири ги обединија европската и светската круна.

На крилата наизвонредните Бонга и Шрудер во финишот , селекцијата на Германија стигна до триумфот во големото финале и златниот медал на Евробаскетот во Рига, победувајќи ја одличната Турција со 88-83.

Во неизвесно финале во кое Турција водеше 38 минути , капитенот на Германците Шрудер со шест врзани поени го трасираше патот до втората европска титула во историјата. Шрудер големото финале го заврши со 16 поени, прв стрелец во победничкиот тим е Исак Бонга со 20 поени два повеќе од Франц Вагнер.

Во редовите на Турција Алперен Шенгун постигна 28 поени, но во финишот ги промаши последните два напади на Турција и со тоа стана трагедија. Џеди Осман постигна 23 поени, Шејн Ларкин 13, а Адем Бона 12 поени.


Пешиќ најави заминување, Србија ќе добие нов селектор

Иако по „шокантната“ елиминација во осминафиналето на Евробаскетот 2025 селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека нема да поднесе оставка, збогувањето, сепак, е неизбежно.

Имено, во вчерашното интервју за српска „Политика“ тој откри дека ќе се пензионира и ќе му помогне на претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ, во изборот на новиот селектор на српската репрезентација.

Дојде време да се најде нов тренер кој ќе може да го продолжи она што го започнавме. Му ветив на Човиќ дека целосно ќе ја исполнам улогата што ми ја додели во изборот на нов селектор, изјави Пешиќ.

Во претходните денови, тој беше мета на сериозни критики од јавноста, но, како што вели, тоа не го засега.

Србија важеше за прв фаворит за освојување на трофејот на Европското првенство кое е во тек.


Германија и Турција ќе се борат за европското злато

Кошаркарите на Турција се вторите финалисти на Евробаскетот по вечерашниот убедлив триумф над големиот ривал Грција во полифиналето.

Битката за мечот за злато беше решена уште по првото полувреме кое расположената Турција со одлична игра во одбрана и фуриозен напад го скри отпорот на Грција.

Турција доминираше во текот на првото полувреме, отиде на полувреме со +18, а потоа рутински го заврши натпреварот во вториот дел од играта. Грција не беше ни блиску до враќање во натпреварот. На крајот, убедлива победа за Турција.

Турските кошаркари се пласираа во финалето на Европското првенство во Рига. Во вториот полуфинален натпревар на Евробаскетот, Турција ја победи Грција со резултат 94:68.

Убедливо најефикасен кошаркар на полуфиналето беше крилниот ценар на Турција, Османи со 28 поени, по него следуваа Чеди Осман со 17, Ларкин и Шенгун со по 15 поени.

Кај Грците, Слукас е подобар од другите со 15 поени. Адетокумбо целосно разочара со скромни 12 поени за него.

Избраниците на Ергин Атаман ќе се сретнат со Германија во големото финале во недела (20.00 часот).


Хуан Дејвис се врати во МЗТ Скопје

Американецот Хуан Дејвис повторно ќе игра во сино-белиот дрес, кој повеќе од успешно го носеше во сезоната 2021/22.

-Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој доаѓа на местото на сонародникот Грег Џонсон, кој не ги мина лекарските прегледи и мораше да замине, соопшти МЗТ Скопје.

Дејвис потпиша договор за сезоната 2025/26.

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром доби големо засилување за претстојната сезона.

Дваесет и деветгодишниот Американецот Хуан Дејвис повторно ќе игра во сино-белиот дрес, кој повеќе од успешно го носеше во сезоната 2021/22.

-Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој доаѓа на местото на сонародникот Грег Џонсон, кој не ги мина лекарските прегледи и мораше да замине, соопшти МЗТ Скопје.

Дејвис потпиша договор за сезоната 2025/26.


Адам Силвер најави промени на „Ол стар викендот“

НБА Ол-стар мечот ќе се одржи во форма на мини-турнир. Според, Адам Силвер, идејата е да се врати популарноста.

На главниот настан ќе учествуваат три екипи составени од 16 американски и осум странски играчи.

„Се обидувам да им објаснам на младите, дека Ол-стар мечот е значаен.Тоа е начин да се подигне нивото на внимание кај публиката преку интеракција со играчите“, рече комесарот на НБА.


Германија се справи со Словенија и закажа полуфинале со Финска

Репрезентацијата на Германија е последниот патник во полуфиналето на завршницата на Европското првенство кое што се игра во Рига, откако вечерва успеаја да го урнат отпорот на храбрата Словенија и да слават со (99-91).

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, додека кај Германците Франц Вагнер заврши со 23 поени.

Во полуфиналето Германија за противник ќе ја има Финска, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Турција и Грција. И двата меча на програмата се во петок.


Соркин го менува Макаби со НБА лигата

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.

Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.

Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.

Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.

Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.