Sixers forward Marcus Morris Sr., dribbles the basketball against the Sacramento Kings on Friday, January 12, 2024 in Philadelphia.
Поранешниот кошаркар на Феникс и Клиперс, Маркус Морис, е уапсен под обвинение за измама, објави „TMZ Sports“.
Според информациите, 35-годишниот Американец е обвинет за кражба на повеќе од 250.000 долари од казино во Лас Вегас.
Во мај 2024 година, Морис примил 115.000 долари од хотелот и казиното „MGM Grand“ користејќи фалсификувани чекови, а еден месец подоцна, на сличен начин украл 150.000 долари од казиното „Wynn Las Vegas“.
Морис беше уапсен на меѓународниот аеродром „Форт Лодердејл-Холивуд“ во неделата. Судот го отфрли барањето на неговите адвокати за кауција.
Морис нема играно натпревар од 2024 година. Неговиот последен НБА клуб беше Кливленд. Тој одигра 834 натпревари во текот на својата кариера, постигнувајќи просек од 12,0 поени, 4,4 скока и 1,5 асистенции.
Портланд Треилзблејзерс добива нови сопственици
НБА инсајдерот, Бил Симонс, сподели нови информации за можната продажба на екипата на Портланд.
„Слушнав дека имало едно лице и дека ќе има понуда преку четири милијарди долари. Тоа е единственото нешто што го слушнав“ – рече Симонс во неговиот подкаст.
„Блејзерси“ моментално се контролирани од Фондацијата Пол Ален. Името на новиот инвеститор уште не се открива.
Леброн Џејмс заминува од Лос Анџелес?
НБА ѕвездата и член на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, може да го напушти тимот по сезоната 2025/26.
Според инсајдерот во најсилната светска кошаркарска лига Марк Штајн, иницијативата за раскинување на договорот со 40-годишниот Американец ќе дојде од клубот.
Во сезоната 2024/25, Џејмс одигра 70 натпревари во НБА, со просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скока по натпревар. Леброн Џејмс игра за Лејкерси од 2018 година.
Македонските јуниори вторпат поразени на Европското првенство
Во второто коло, селекцијата на Македонија до 18 години имаше подобро издание од вчерашниот дебакл против Литванија,што сепак беше доволно само за позитивен резултат во мечот против врсниците од Грција.
Машката јуниорска селекција на Македонија со 55-83 го загуби и вториот натпревар на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое се игра во главнито град на Србија, Белград.
Многу подобра игра прикажа нашата селекција „Под 18“ години во дуелот со Грција. Сепак, по релативно изедначениот почеток, јужните соседи направија видлива предност. И на истекот на првата четвртина, имаа водство од (27-13).
Не се променија многу работите на теренот ниту во вториот период, оној во кој противникот изгради уште поубедлива, двојно поголема предност (46-23).
Дел од играта во која Јаничиќ и Данев имааа по седум реализации во нашиот состав.
Третата четвртина беше и најдобрата за нашата селекција, ја реализиравме во наша корист, макар и со минимални (21-20), но покажавме дека можеме да бидеме и далеку поконкурентни во битките со поквалитетните репрезентации во елитната „А“ дивизија.
Данев се промовираше во прв стрелец во нашата репрезентација. Реализираше 17 поени, имаше и пет скока и две успешни додавања во три одиграни четвртини во кои Грција ја задржа високата предност (66-44).
По девет поени имаа Сребров и Ѓорѓевиќ (плус осум скока), додека Јаничиќ застана на бројката од седум реализации (плус шест скока и исто толку додавања) колку што имаше и Најков.
По две одиграни кола во групата Ц, Македонија има два порази, Грција е на половиченн ефект, (1-1). Нешто подоцна, од 18:30 часот, ќе играат репрезентациите на Србија и Литванија.
Во третото коло од групната фаза, утре навечер од 18:30 часот, Македонија игра против селекцијата на Србија.
Дебакл на младите македонски кошаркари на почетокот на ЕП во Србија
Македонската машка кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз попладнево од Литванија со 137-62.
Ова беше натпревар од 1.коло на Европското првенство во Белград.
Капитенот Јаничиќ со вкупно 21 поен беше единствениот расположен во македоснкиот состав.
Македонија утре од 13:30 часот ќе се соочи со Грција.
Реал го купи Италијанецот Прочида
Италијанскиот кошаркар Габриеле Прочида официјално е ново засилување на шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Дваесет и тригодишниот бек, кој успешно ги покрива позициите „два“ и „три“, пристигнува од Алба Берлин, каде настапуваше изминатите три сезони.
Во минатата сезона од Евролигата Прочида имаше просек од 9,7 поени и 2,2 скокови по натпревар, со што го привлече вниманието на еден од најтрофејните европски клубови.
Со „кралскиот клуб“ потпиша тригодишен договор, кој содржи и излезна клаузула во случај да пристигне понуда од НБА. Прочида беше избран како 36. пик на драфтот во 2022 година од страна на Јута Џез, но сè уште не дебитирал во најсилната кошаркарска лига.
Македонија и вторпат ја надигра Швајцарија
Кошаркарската репрезентација на Македонија го доби и вториот тест натпревар против Швајцарија со 65-52 во салата „Ноел“ во Гевгелија.
Истиот не го дочека својот крај поради договор на двата селектори, а на барање на швајцарскиот.
Во последната четвртина се играше само четири минути, а тогаш средбата беше прекината откако селекторите се договорија за такво нешто по иницијатива на лутиот швајцарски предводник.
Наш најдобар поединец на натпреварот беше Џејкоб Вајли со 12 поени, додека седум уфрли Валмир Какруки.
Магдевски е нов капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија
Андреј Магдевски е новиот капитен на сениорската репрезентација на Маакедонија, одлучи селекторот Марјан Илиевски.
Еден од најискусните играчи кои во овој момент ги има селекторот на располагање, ја доби довербата да го предводи нашиот сениорски национален тим низ подготовките, и оние мечеви од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година, против селекциите на Романија и на Унгарија.
„Ќе ми биде, тоест, ми е голема чест што ќе го заменам Војдан ова лето. Но, секако со ‘капитенската лента’ доаѓа и поголема одговорност на теренот, како и во соблекувалната. Ќе се обидам атмосферата во екипата да остане како што била и до сега, и на теренот сите да продолжиме да играме за тимот и да гинеме за секоја топка“ – вели Магдевски.
Првата прилика да истрча прв на теренот како предводник на сениорскиот национален тим ќе ја има вечерва во Гевгелија, каде од 19.часот, Македонија ќе го има првиот од двата предвидени контролни натпревари за време на подготовките. Во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи ќе гостува селекцијата на Швајцарија.
Милтон од Лејкерси се сели во Партизан
Шејк Милтон е новото засилување на кошаркарскиот клуб Партизан.
Како што пишува „Телеспорт“, 28-годишниот бек потпиша двегодишен договор со црно-белите и ќе заработува 1.200.000 долари следната сезона.
Исто така, неговото доаѓање значи дека Ифе Лундберг повеќе не е во плановите на Партизан.
Милтон играше во Филаделфија во период кога тимот редовно стигнуваше до полуфиналето на Источната конференција, а беше дел од тимот кој во сезоната 2020/21 во лигата го зазеде првото место на Истокот.
Таа сезона тој имаше и најдобра статистика во НБА со просек од 13 поени по натпревар, 3,1 асистенции, 2,3 скока за 23,2 минути. Тој беше и еден од најважните играчи кога ѕвездата на тимот, Џоел Ембиид, ја освои наградата за најкорисен играч во 2023 година.
По таа сезона, тој ја напушти Филаделфија и практично неговата кариера тргна надолу. Смени многу тимови, а во претходните две сезони беше во пет тима: Минесота, Детроит, Њујорк Никс, Бруклин и Лос Анџелес Лејкерс, кои неодамна го отпуштија.
Французинот Фурние доби нов договор во Олимпијакос
EUROLEAGUE 2024-2025 / PLAYOFFS / GAME-3 / ΠΡΟΠΟΝΗΣΗ ΤΟΥ ΟΛΥΜΠΙΑΚΟΥ ΣΤΗ ΜΑΔΡΙΤΗ (KLODIAN LATO / EUROKINISSI)
Бекот Еван Фурние ќе потпише нов договор со Олимпијакос.
Според инсајдерот Матео Андреани, 32-годишниот француски кошаркар ќе се обврзе на тригодишна соработка со атинските „црвено-бели“.
Платата на играчот ќе биде околу 2,7 милиони евра годишно.
Во својата прва сезона откако се пресели од НБА, Фурние имаше просек од 16,1 поен, 2,2 скока, 2,6 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар во Евролигата.