кошарка

Најдобриот стрелец во Евролигата потпиша за Виртус

Најдобриот стрелец од ланската сезона во Евролигата Карсен Едвардс го напушта тимот на Баерн и во новата сезона ќе го облече „црно-белиот“ дрес на екипата од Болоња, Виртус.

Иако имаше најави дека е можно останување на Едвардс во Минхен, тој сепак се реши да ја смени средината и да продолжи да игра за тим од Италија.

Едвардс на 35 натпревари во Евролигата имаше просек на постигнати поени – 20.4.

Екипата на Виртус во новата сезона има амбиции за подобар пласман ако се знае дека покрај Едвардс, ги ангажираше Лука Вилдоса и Ален Смаилагиќ.


Тристан Вукчевиќ ќе добие нов договор со Вашингтон Визардс

Кошаркарот, Тристан Вукчевиќ, ќе продолжи да игра за Вашингтон Визардс, потврдија денес медиумите во САД.

22-годишниот центар ќе потпише нов двонасочен договор со клубот. Тој беше 42-ри избор на драфтот во НБА во 2023 година по што помина две сезони со „Визард“ играјќи вкупно 45 натпревари како стартер.

Во последното реми во првенството имаше просек од 9,4 поени, 3,7 скока и 1,1 асистенции за 14,7 минути по натпревар.


Вилијамс и Оклахома заедно и во иднина

Учесникот на последниот Ол-стар натпревар, Џејлен Вилијамс, се согласи на нов договор со кошаркарскиот состав Оклахома.

Тој во последната сезона во НБА лигата имаше просек – 21,6 поени, 5,3 скока, 5,1 асистенции и 1,6 украдени топки. Вкупната сума за 5-годишниот договор би можела да достигне 287 милиони долари.

Оклахома претходно ги задржа и Вилијамс, Холмгрен и Шеј Гилџус-Александар.


Биберовиќ ги одби понудите од НБА лигата за да остане во Фенер

Тарик Биберовиќ го продолжи договорот со Фенербахче. Истанбулскиот Фенербахче ги загуби Марко Гудуриќ, Ерик Мекалум, Најџел Хејс-Дејвис и Дејшон Пјер ова лето, а се веруваше дека и Тарик Биберовиќ ќе замине.

Според турските медиуми, Биберовиќ ќе го продолжи договорот со шампионот на Евролигата.

Тој имаше понуда од Мемфис Гризлис на маса, но одлучи да ја одбие поканата од тимот од Тенеси и да не се приклучи на друштвото на Томас Исало, туку да остане дел од тимот на Шарунас Јасикевчиус.

Во сезоната 2024/25, Биберовиќ имаше 10,4 поени по натпревар во Евролигата, со 3,1 скока и 1,4 асистенции.


Алекса Аврамовиќ е нов член на Дубаи

Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ е нов кошаркар на Дубаи, објави денес клубот од Обединетите Арапски Емирати.

Дубаи, кој ќе настапува во Евролигата во следните пет сезони, не ја прецизираше временската рамка на договорот што го потпиша со 30-годишниот Аврамовиќ, порталот „Баскет њуз“ објави дека станува збор за тригодишна соработка.

Српскиот плејмејкер минатата сезона играше за ЦСКА Москва, со која ја освои титулата во ВТБ лигата и ВТБ Суперкупот.

Пред да дојде во ЦСКА, Аврамовиќ беше член на Партизан три сезони и со белградскиот клуб ја освои титулата во АБА лигата во сезоната 2022/23.

Со српската репрезентација освои сребро на Светското првенство во 2023 година и бронза на Олимписките игри во Париз.

Аврамовиќ е второто засилување на Дубаи за новата сезона по босанскиот репрезентативец Џанан Муса кој дојде од Реал Мадрид.


Урош Трифуновски ќе заигра во НБА лигата

Српскиот кошаркар, Урош Трифуновиќ, ќе игра за Хјустон во Летната лига на НБА, објави доцна синоќа американскиот тим.

Тој има играно за Партизан, Мега и Младост а претходната сезона ја помина во турскиот состав, Тофаш.

Хјустон првиот натпревар од Летната лига на НБА ќе го одигра на 12 јули против Лос Анџелес Клиперс. Подоцна ќе дојдат мечевите со Детроит, Атланта и Портланд.


Американците нови јуниорски светски прваци во кошарка

Кошаркарите на САД ја освоија титулата на Светското јуниорско првенство, откако синоќа во финалето ја совладаа Германија со 109-76, додека Словенија го освои бронзениот медал со триумф од 91-87 над Нов Зеланд.

Американците стигнаа до светската титула со седум победи, освојувајќи го својот деветти златен медал во јуниорска конкуренција.

Американецот Еј-Џеј Дибантс е избран за најкорисен, МВП, играч на првенството со просек од 14,3 поени, 4,1 скокови, 2,3 асистенции и 1,1 украдена топка на турнирот.

Дибантс се најде и во идеалната петорка на јуниорскиот Мундијал, заедно со неговиот сонародник Микел Браун, германскиот тандем Кристијан Андерсон и Ханес Штајнбах, како и Словенецот Жан Смрекар.

Тагови: кошарка


Крис Пол потпиша за Милвоки Бакс

Дејмиен Лилард го напушти тимот на Милвоки Бакс, но НБА франшизата веднаш пронајде негова замена и го доведува во своите редови искусниот плејмејкер, Крис Пол.

Иако има полни 40 години, Пол може да биде големо засилување за екипата, а минатата сезона одигра 82 натпревари и просечно бележеше 8,2 поени, 3,6 скокови и нешто повеќе од седум асистенции.

Крис Пол никогаш ја нема освоено титулата во НБА лигата, па можеби ќе добие прилика со Милвоки, тим кој има прилично силен и квалитетен ростер со шампионско педигре.


Брајант го напушти Ефес и потпиша за Хапоел

Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот.

Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони.

Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување.

Човекот кој има и титулата во НБА лигата во 2021 година, минатата сезона забележа 13,9 поени, 4,2 скока и 3,2 асистенции во Евролигата, со дури 1,2 украдени топки по натпревар.

Според медиумите Брајат годишно ќе заработува 2,8 милиони евра.


Британецот Елис потпиша за Олимпија Милано

Британскиот кошаркар Квин Елис е најновото засилување за италијанскиот евролигаш, Олимпија од Милано. Тој потпиша повеќегодишен договор и беше претставен како дел од визијата за привлекување млади играчи.

Клубот веќе го потврди трансферот и му посака добредојде на плејмејкерот, од кого се очекуваат успешни настапи во овој дрес.

Британецот Елис има 22 години. Во минатото настапуваше за екипата на Тренто, каде остави одличен впечаток и просечно бележеше 10,3 поени, 5,1 асистенција и 4,4 скокови по натпревар.