кошарка

Јанис заминува од Милвоки

Јанис Антетокумпо е легенда на Милвоки Бакс и, заедно со Карим Абдул-Џабар (Лу Алсиндор), оставија најдлабок белег во историјата на овој клуб.

Токму двајцата ги донесоа единствените две шампионски титули. Јанис беше МВп на финалната серија против Феникс во 2021 година.

Со денови се зборува дека Јанис би можел наскоро да замине, и дека бил многу блиску до преселба во Њујорк Никс ова лето.

„Веќе многу пати кажав, сакам да бидам во ситуација каде што можам да победувам и да освојувам титули и сега сум тука. Верувам во овој тим, верувам во моите соиграчи. Тука сум за да бидам лидер на тимот, да видиме до каде можеме да стигнеме и сигурно нема да ни биде лесно. Сега, за шест или седум месеци, можам да се предомислам. И јас сум човек. Дозволено ми е да носам свои одлуки, но сега сум целосно фокусиран и посветен на овој тим“, рече Адетокумбо.


Ертел поднесе тужба против Барселона

Сè се случи во првите денови од тековната календарска година, кога Ертел практично се договорил за сите услови со Барселона, но веднаш по слетувањето во Каталонија, го пречекале непријатни вести бидејќи клубот го прекршил својот збор.

За да ја прифати понудата од Барселона, Ертел го одбил Асвел поради што и решил да го тужи клубот од Каталонија.

Од друга страна, Барселона инсистира дека не е формализиран никаков договор меѓу двете страни, односно дека нема докази дека клубот го измамил играчот. Овие тврдења кошаркарот ќе мора да ги докаже на суд.

Како што е наведено, првото рочиште треба да биде закажано наскоро.


Карлос Делфино објави пензија на 43 години

Познатиот аргентински кошаркар, Карлос Делфино, официјално соопшти дека става крај на долгата и богата кариера.

43-годишниот Делфино играше повеќе од две децении во неколку славни клубови, а минатите две сезони ги мина во италијанскиот второлигаш, Бенедето Ченто.

Во текот на кариерата настапуваше уште за Пезаро, Фортидудо Болоња, Торино, Басконија, Бока Јуниорс, Химки и Реџо Калабрија.

Имаше и завидна НБА етапа, каде го носеше дресот на Хјустон, Милвоки, Торонто и Детроит.

Минатата сезона ја комплетираше со просек од 11 поени, 2,8 скокови и 2,1 асистенции по наптпревар.


Атанасов: Мора да покажеме дека сме фаворити за врвот на табелата

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром утре ја стартува новата сезона во АБА 2 лигата. По стартниот триумф во домашното првенство против Маџари и освоениот Супер куп со победа над Кожув за првакот следува вистински предизвик.

„Новиот систем по кој ќе се игра во АБА 2 лигата ја зголемува важноста за секој натпревар, едноставно немате право на кикс, ако имаше желба да се борите за висок пласман. МЗТ Скопје Аеродром тоа го сака против Вршац влегуваме мотивирани со желба да покажеме дека сме фаворити за врвот на табелата. Секако очекувам, а тоа сите го знаат дека нашето најсилно оружје се навивачите и ги повикувам да дојдат во поголем број, сезоната во регионалната лига да ја почнеме со победа“, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Васко Атанасов.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Вршац се игра во вторник со почетокот во 20 часот во СЦ „Јане Сандански“.


Синер се повреди и го предаде мечот со Грикспор

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Синер на Талон Грикспор му го предаде осминафиналниот меч.

Синер се предаде при резултат 1-1 во сетови и 3-2 за Холанѓанецот во одлучувачкиот сет. Проблемот беше неговата десна нога, колено или мускул, засега останува нејасно.

Валентин Вашеро од Монте Карло, 204-от тенисер на планетата, го чека Грикспор во осминафиналето.


Кристијан Браун добива нов договор со Денвер

Српскиот ас Никола Јокиќ веројатно ќе потпише максимален договор следната сезона, а челниците на тимот од Колорадо сакаат да го осигурат останувањето на играчи кои ќе му помогнат да и донесе на франшизата уште една титула. Во оваа група е и Кристијан Браун, кој ја одигра најдобрата кошарка во својот живот во сезоната 2024/25. Одличниот бек имаше 15,4 поени, 5,6 скока и 2,9 асистенции.

Неговите одлични игри ги принудија челниците на клубот да му понудат дури 140.000.000 долари за продолжување на соработката за следните пет години.

Се очекува 24-годишниот бек да ја прифати оваа понуда, иако прашањето е како челниците на Нагетс финансиски ќе ги испочитуваат останатите играчи во тимот.


Папаниколау го сруши историскиот рекорд на Принтезис

Капитенот на кошаркарите на Олипијакос, Костас Папаниколау, во поразот на својот тим во Мадрид, од Реал (89-77), испиша нова страница во клупската историја.

Папаниколау, против Реал го одигра 748-от натпревар во дресот на Олимпијакос. Тој стана играч со најмногу одиграни натпревари во дресот на Олимпијакос. На вечната листа мина уште една клупска легенда, Јоргос Принтезис.

Папаниколау има 370 настапи за Олимпијакос во Евролигата, 339 во грчкото првенство, 31 во грчкиот куп и осум во Суперкупот.

За време на неговиот мандат, 35-годишникот му помогна на клубот да освои две титули во Евролигата, пет титули во грчкото првенство и куп и четири титули во Суперкупот.


Браќата Кари ќе играат за иста екипа

Стеф и Сет станаа соиграчи во Голден Стејт, откако франшизата од Сан Франциско одлучи да го ангажира „помалку популарниот“ Кари пред почетокот на сезоната, кој на тој начин доби можност да игра со својот брат.

Сет кој во текот на кариерата бележи респектабилни 43,3 проценти во шутот за три поени, ќе го потпише таканаречениот договор „ Exhibit 9 “ што му овозможува да го помине тренинг кампот со Голден Стејт, а потоа ќе биде отпуштен и повторно ангажиран за еден месец.

Планот е да помине низ подготовки со Вориорс и да се избегнат понатамошни даноци, а потоа на почетокот на регуларната сезона повторно ќе биде на располагање на Голден Стејт.

Вориорс со овој потег добија дополнително решение на надворешните линии и докажан ветеран (34) кој може да направи разлика влегувајќи од клупата.

Станува збор за играч кој во текот на кариерата забележал 10 поени по натпревар во 550 настапи во НБА.


Пешиќ се повлече, Алимпијевиќ нов селектор на Србија

Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на српската кошаркарска репрезентација. Кошаркарската федерација на Србија се збогува со Пешиќ, кој како тренер ја предводеше Србија до сребро на СП 2023 и бронза на Олимписките игри во Токио, со емотивна и сеопфатна изјава.

Недолго потоа, КСС ​​објави дека Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија. Станува збор за млад тренер, има само 39 години, но како што објавуваат медиумите во соседството, Алимпијевиќ веќе се докажа како енергичен и посветен стручњак кој се подобрува од сезона во сезона. Во својата кариера, тој ги водеше Војводина, Спартак Суботица, ФМП, Црвена звезда, Автодор, Бурсаспор и Бешикташ.

„Кошаркарската федерација на Србија со задоволство објавува дека е постигнат договор со Душан Алимпијевиќ, кој, според одлуката на Управниот одбор на КСС, денес е официјално назначен за главен тренер на српската машка сениорска репрезентација.

Договорот ќе биде потпишан за период од три години. Во овој период, Алимпијевиќ ќе ги преземе сите одговорности поврзани со подготовките на тимот за претстојните квалификации за Светското првенство („прозорци“ на ФИБА), како и меѓународните натпреварувања.


Американецот Ноел пред потпис со Партизан

Кошаркарскиот клуб Партизан е блиску до наоѓање решение за позицијата центар, каде што имаше сериозен проблем на почетокот од Евролигата, поради повреди и скратена ротација.

„Црно-белите“ се насочени кон американскиот центар и поранешен шести пик на драфтот, Нерленс Ноел.

Во моментов, Жељко Обрадовиќ го има на располагање само Тајрик Џонс, кој не закрепнал сосема, додека неколкумина играчи може привремено да ја пополнат улогата на позицијата „пет“. Сепак, раководството го имаше доведувањето нов центар како приоритет.

Виртус, Жалгирис и Макаби, исто така, покажаа интерес за Ноел, поранешниот шести пик на драфтот на НБА во 2013 година.

Тој помина една деценија во најсилната лига во светот (2013–2023), каде што играше за Филаделфија, Далас, Оклахома, Њујорк, Детроит и за Бруклин. На 467 натпревари, тој имаше просек од седум поени и шест скока, а ја имаше својата најдобра сезона во дресот на Филаделфија со просек од 11 поени и осум скока.

Она што загрижува е тоа што Ноел е без клуб од летото 2023 година, па не се знае како ќе се покаже со толкаво отсуство од кошаркарските терени.