Пењароја останува тренер и покрај сезоната без трофеи на Барса
Жоан Пењароја ќе остане на кормилото на кошаркарскиот состав Барселона иако неговиот тим е елиминиран во четвртфиналето на Шпанското првенство од екипата на Уникаха со 2-1 во победи. Тоа го потврди генералниот менаџер на клубот, Хуан Карлос Наваро.
„Јасно е дека заврши фантастична работа. Сега ќе работиме на зајакнување на тимот. Беше многу тешка сезона од сите аспекти“ – рече Наваро.
Пењароја во претходното лето потпиша двегодишен договор со Каталонците.
Кевин Дурент заминува од Феникс
Кевин Дурант, кој очигледно е на пат да си замине од Фeникс Санс, ќе биде продаден по пониска цена, прогнозираат НБА инсајдерите.
Тимот од Аризона плати многу за него во 2023 година, а би можеле да го ослободат за многу помалку.
Според Кели Ико од „Атлетик“, Санс сакаат да го продадат Дурант, но побарале премногу за него, па затоа сега ја намалиле цената.
Милутинов пред потпис со Олимпија Милано
Италијанските медиуми објавија дека Никола Милутинов би можел да го засили Армани Милано. Истите извори пренесоа детали од финансиската понуда, според која српскиот центар би станал еден од најплатените играчи во Европа.
Никола Милутинов и Олимпијакос нема да преговараат по завршувањето на финалната серија во грчкото првенство.
Според сознанијата на грчкиот портал „Спорт24“, деталите за соработката, која е блиску до официјализација, веќе се познати.
Милутинов би можел да потпише договор на две години, за плата од 4 милиони евра.
Во првата година, српскиот центар би заработувал 1.800.000 евра, додека во втората би заработил 2.200.000 евра. За третата сезона не беше наведено колку би можел да заработи Милутинов.
Милутинов минатата сезона во Евролигата имаше просек од 8,2 поени со 5,4 скока и просек од 20 минути на паркетот. Дел од сезоната беше повреден, па тоа влијаеше и на неговата игра.
Хапоел преговара со Вестбрук за настап во Евролигата
Хапоел Тел Авив наводно се подготвува да му испрати понуда на Расел Вестбрук и да го направи најплатениот играч во Евролигата досега. Проблемот за сопственикот на клубот не се парите, би му платил на поранешниот МВП повеќе од пет милиони по сезона.
Буџетот на Хапоел за минатата година беше двојно зголемен за да го освои Еврокупот, 20 милиони евра, сега може да биде 40, што би ги натерало да се натпреваруваат со, да речеме, Реал Мадрид.
Вестбрук моментално е на операција на раката, се шпекулира дека ќе го напушти Денвер.
Индијана поведе во финалето на НБА плеј-офот
Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111-110, во првиот финален натпревар од НБА лигата.
Пјесерс победија со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот.
Претходно МВП-то на лигата, Шеј Гилџес-Александер имаше шут за победа на 11 секунди пред крајот на 110-109, но промаши.
Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди пред крајот, со скок-шут постигна поени за прво водство на Пејсерс во натпреварот и за победа.
Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени, но вистински херој беше Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока. Арон Најсмит оствари дабл-дабл со 10 поени и 12 скока, а Мајлс Тарнер имаше 15 поени и девет скока.
На Оклахома не ѝ помогна уште еден MВП настап од 38 поени на Шеј Гилџес-Александер. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Лугенц Дорт 15 поени.
Вториот натпревар од финалната серија е закажан за во понеделник, исто така во Оклахома.
Алекса Аврамовиќ потпиша за Дубаи
Српскиот кошаркар Алекса Аврамовиќ ќе го засили тимот на Дубаи од новата сезона.
Досегашниот бек на ЦСКА ја менува Москва за новиот член на АБА лигата кој што најавува сериозни инвестиции и атак на титулите во сите конкуренции.
Искусниот 30. годишен играч последно беше дел од ЦСКА, а беше дел и од Партизан, Естудиантес, Малага, Варезе, Борац Чачак.
Аделман останува тренер, но Денвер најавува големи промени
Денвер Нагетс одлучи да направи прилично ризичен потег пред почетокот на плејофот оваа година, откако го отпуштија тренерот Мајк Мелоун кој им донесе НБА прстен, а наместо него го поставија Давид Аделман, кој работеше како негов помошник. Аделман ги задоволи очекувањата, ќе остане на клупата, но ќе направи големи резови, кои би можеле да влијаат и на Никола Јокиќ.
Денвер многу ризикуваше со отпуштањето на Мелоун, кој беше еден од најважните фактори како во напредокот на Никола Јокиќ, така и во освојувањето на прстенот. Тој воспостави одлична врска со нашиот центар, кој под негово водство постигна извонредни партии и трипати стана МВП на НБА лигата.
Меѓутоа, некаде се наруши љубовта помеѓу Мелоун и Денвер. Тој доби отказ на суров начин, три натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Потоа Аделман го презема тимот, постигна три победи и успеа да ги елиминира Клиперс по седум натпревари, и да игра седми натпревар со Оклахома, каде убедливо беше поразен.
Задоволни беа во Денвер од овој резултат, му понудија договор на Аделман и го оставија на местото тренер, но тој ќе има комплетно нов стручен штаб, пренесува американскиот новинар Крис Хејнс.
Тој истакнува дека Денвер одлучи да не ги продолжи договорите со Рајан Сандерс, Попај Џонс, Чарлс Класка и Стивен Грејем, па Аделман ќе мора да пронајде целосно нов стручен штаб.
Младите кошаркари ги почнаа подготовките за ЕП – Б дивизија
На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на младинскиот Евробаскет од Дивизијата „Б“, нашите млади кошаркари од селекцијата „Под 20“ години стартуваа за подготовките.
Селекторот Горан Самарџиев се одлучи за еден поширок список од 23. кошаркари, од кои во наредните денови од подготвителниот период кој ќе биде реализиран во Скопје, односно во нашата „база“, салата на СРЦ „Кале“.
„Почнуваме со надеж дека ќе имаме една успешна приказна ова лето. Одлучив да им дадеме шанса на сите потенцијални кандидати, оттука на првите тренинзи ќе имаме и поголем број на кошаркари. Оправдано, на почетокот не можеме да сметаме на некои од нив, како Марко Луканоски, кој има обврски со клубот, но очекуваме да се приклучи што е можно порано“, рече селекторот Самарџиев на првиот собир на кој ги дочека скоро сите повикани играчи.
Покрај Самарџиев, во стручниот тим на оваа наша селекција се и Душко Јаковчевски како асистент-тренер, како и Трајче Стојанов, кој заедно со Владимир Николовски ќе се (по) грижи за физичката подготовка на кошаркарите, Никола Арсиќ е физиотерапевт и Дарко Гогов како доктор на младинската репрезентација.
Грчката влада го прекина финалето на кошаркарскиот плеј-оф
Грчката влада одлучи, засега само да го одложи третиот натпревар од финалето на плејофот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, јавуваат медиумите во Атина.
Во истата одлука, заколнатите (не)спортски непријатели беа предупредени дека, доколку страстите не се смират веднаш и спортот не се врати во границите на фер-плејот, серијата нема да продолжи и Грција ќе остане без шампион во сезоната 2024/25.
Во времето на објавувањето на веста, атинската полиција сè уште трага по сопственикот на Панатинаикос, Димитриос Јанакопулос.
Инаку по два одиграни натпревари во финалната серија резултатот е изедначен 1:1.
Министерот за образование Јанис Вруцис закажа итен состанок за среда (5 јуни), на се поканети сопствениците на двата клуба, Димитрис Јанакопулос и браќата Ангелопулос.
Доколку не дадат јасни гаранции за продолжување на натпреварувањето под регуларни услови, првенството ќе биде прекинато, што во моментов е најизвесното сценарио.
Тајсон Ворд oд Париз големо засилување за Олимпијакос
Олимпијакос веќе почна да гради тим за следната сезона, по Фајнал Фор во кој неочекувано беа елиминирани во полуфиналето.
Црвено-белиот тим од Пиреја го потпиша Тајсон Ворд, кој оваа сезона го носеше дресот на Париз, најголемото изненадување на Евролигата.
Според информациите од Грција, тој треба да заработува 750.000 евра по сезона.
Американскиот крилен-центар имаше просек од 11 поени, 4,9 скока, 1,3 асистенции и 0,9 украдени топки за 26 минути.
Тој пристигна во Европа во 2020 година веднаш по завршувањето на колеџот. Пред Париз, играше за германските клубови Вирцбург и Бон.