кошарка

Пол Џорџ успешно го оперираше левото колено

Пол Џорџ, во понеделникот беше подложен на артроскопска операција на левото колено, кое го повреди за време на тренинг, објави НБА тимот.

Постапката ја изврши Џонатан Л. Глашоу во Ортопедскиот центар за спортска медицина на Универзитетот Њујорк Лангон, а се очекува 35-годишникот да се опорави.

Неговата состојба ќе биде повторно оценета во септември, кога се закажани подготовките за новата НБА сезона.

Џорџ се мачеше со повреди во последните години и играше само 41 натпревар минатата сезона, што е петти пат во последните шест сезони да одигра помалку од 60 натпревари.

Пред да заврши сезоната за него и Сиксерс во март, Џорџ доби инјекции во левата препона и левото колено. Неговите 16,2 поени по натпревар минатата сезона беа најниски во една деценија и повеќе од пет поени зад следниот најнизок.


Американците го повикаа Џериан Грант

Кошаркарот на грчки Панатинаикос, Џериан Грант, доби покана да игра за кошаркарската репрезентација на САД ова лето. Имено, 32-годишниот дефанзивен специјалист добил покана да и се приклучи на репрезентацијата на САД за ФИБА Американ Купот, кој ќе се одржи кон крајот на август во Никарагва.

Во текот на изминатите две сезони, Грант ја зацврсти својата улога како еден од клучните кошаркари на Панатинаикос во Евролигата.

Оваа сезона во Евролигата, тој имаше просек од 8,6 поени, 3,2 асистенции и 2,1 скока, помагајќи му на Панатинаикос да стигне до второто учество на Фајнал Фор во исто толку години.

Грант има искуство играјќи во НБА, каде помина пет сезони во редовите на Њујорк, Чикаго, Орландо и Вашингтон.


Денвер го претстави Литванецот Валанчиунас

Литванскиот центар Јонас Валанчиунас и официјално е играч на Денвер Нагетс. Договорот со кој Денвер го испрати напаѓачот Дарио Шариќ во Сакраменто во замена за центарот Јонас Валанчиунас е официјален.

И покрај интересот на Панатинаикос за Литванецот, Нагетс очекуваат Валанчиунас да ги исполни своите договорни обврски, кои вклучуваат уште две години и исплати од околу 20 милиони долари. Само претстојната сезона, со плата од 10,3 милиони долари, е загарантирана..


Маодо Ло потпиша за Жалгирис

Маодо Ло и официјално го напушти кошаркарскиот клуб Париз. Германскиот плејмејкер во новата сезона ќе го носи дресот на Жалгирис,

Минатата сезона, Германецот имаше просек од десет поени и 2,1 асистенции во 29 натпревари што ги одигра во најсилното кошаркарско натпреварување – Евролигата.

Маодо Ло во својата кариера играше за три германски клуба, Бамберг, Алба и Баерн Минхен.


Голден Стејт го сака Леброн за следната сезона

Челниците на Голден Стејт разгледуваат потенцијален договор со кошаркарот, Леброн Џејмс, кој очигледно не е задоволен со развојот на настаните во Лос Анџелес Лејкерс.

Имено, легендата ја искористи опцијата за 52,6 милиони долари по што неговиот договор ќе заврши.

Тоа ги мотивира луѓето од Голден Стејт да испратат понуда за Џејмс кој цели 23 сезони игра во најсилната лига на светов.


Олимпија Милано се пофали со потписот на Лоренцо Браун

Лоренцо Браун официјално е нов играч на италијанскиот евролигаш, Олимпија Милан.

Клубот објави дека потпишал двегодишен договор со 34-годишниот Браун, кој во кариерата го носеше дресот на повеќе европски гиганти и неколку тимови од НБА лигата.

За Панатинаикос одигра само една сезона и просечно бележеше 6,3 поени, 2,7 асистенции и два скока по натпревар.


Најдобриот стрелец во Евролигата потпиша за Виртус

Најдобриот стрелец од ланската сезона во Евролигата Карсен Едвардс го напушта тимот на Баерн и во новата сезона ќе го облече „црно-белиот“ дрес на екипата од Болоња, Виртус.

Иако имаше најави дека е можно останување на Едвардс во Минхен, тој сепак се реши да ја смени средината и да продолжи да игра за тим од Италија.

Едвардс на 35 натпревари во Евролигата имаше просек на постигнати поени – 20.4.

Екипата на Виртус во новата сезона има амбиции за подобар пласман ако се знае дека покрај Едвардс, ги ангажираше Лука Вилдоса и Ален Смаилагиќ.


Тристан Вукчевиќ ќе добие нов договор со Вашингтон Визардс

Кошаркарот, Тристан Вукчевиќ, ќе продолжи да игра за Вашингтон Визардс, потврдија денес медиумите во САД.

22-годишниот центар ќе потпише нов двонасочен договор со клубот. Тој беше 42-ри избор на драфтот во НБА во 2023 година по што помина две сезони со „Визард“ играјќи вкупно 45 натпревари како стартер.

Во последното реми во првенството имаше просек од 9,4 поени, 3,7 скока и 1,1 асистенции за 14,7 минути по натпревар.


Вилијамс и Оклахома заедно и во иднина

Учесникот на последниот Ол-стар натпревар, Џејлен Вилијамс, се согласи на нов договор со кошаркарскиот состав Оклахома.

Тој во последната сезона во НБА лигата имаше просек – 21,6 поени, 5,3 скока, 5,1 асистенции и 1,6 украдени топки. Вкупната сума за 5-годишниот договор би можела да достигне 287 милиони долари.

Оклахома претходно ги задржа и Вилијамс, Холмгрен и Шеј Гилџус-Александар.


Биберовиќ ги одби понудите од НБА лигата за да остане во Фенер

Тарик Биберовиќ го продолжи договорот со Фенербахче. Истанбулскиот Фенербахче ги загуби Марко Гудуриќ, Ерик Мекалум, Најџел Хејс-Дејвис и Дејшон Пјер ова лето, а се веруваше дека и Тарик Биберовиќ ќе замине.

Според турските медиуми, Биберовиќ ќе го продолжи договорот со шампионот на Евролигата.

Тој имаше понуда од Мемфис Гризлис на маса, но одлучи да ја одбие поканата од тимот од Тенеси и да не се приклучи на друштвото на Томас Исало, туку да остане дел од тимот на Шарунас Јасикевчиус.

Во сезоната 2024/25, Биберовиќ имаше 10,4 поени по натпревар во Евролигата, со 3,1 скока и 1,4 асистенции.