кошарка

Грците најавуваат: Партизан ќе го доведе Никола Миротиќ!

Според најавите грчкиот новинар Сотирис Бетакис кој важи за добро упатен со случувањата во кошарката, Миротиќ ја прифатил понудата од Партизан која не се одбива.

Бетакис во грчкиот портал „СДНА“ тврди дека Миротиќ ја прифатил понудата која му ја соопштил лично тренерот Жељко Обрадовиќ.

Дефинитивно Миротиќ е еден од најбараните кошаркари во Европа откако неодамна ја заврши комплицираната процедура за раскинувањето на договорот со Барселона. Нема сомневање дека би бил огромно засилување за црно-белите кои во изминатата сезона ја освоија АБА-лигата и играа четвртфинале во Евролигата.

Информацијата на Бетакис има повеќе смисла ако се земе предвид објавата на шпанските медиуми неодамна дека Кевин Пантер прифатил нов договор, токму затоа што знаел дека Миротиќ му биде соиграч во новата сезона.


Чачо Родригез го продолжи договорот со Реал

Серхио Родригез го продолжи договорот со Реал (М) до 30 јуни 2024 година. Реал денеска објави дека кошаркарот кој со Реал освои 14 трофеи ќе го носи дресот и следната сезона.

Искусниот Родригез со шпанската репрезентација има одиграно 154 меча и има освоено 7 медали: 2 златни (Светски куп 2006 и Европски 2015), 2 сребрени (Олимписки игри 2012 и Европски 2007) и 3 бронзени (Европски од 2013 и 2017 година и Олимписки игри од 2016 година).

Родригез ќе ја одигра својата осма сезона во дресот на „кралевите“.


Теодосиќ потпиша за Црвена Звезда

Кошаркарот, Милош Теодосиќ, ќе биде трето засилување за Црвена Звезда во текот на летово откако плејмејкерот ги прифатил условите на „црвено-белите“. 

Евролигашот претходно ги обезбеди потписите на  Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ.

Теодосиќ досега беше член на Виртуз Болоња а претходно настапуваше и за ЦСКА Москва, Олимпијакос и ФМП.


Кампацо потпишува за Реал Мадрид

Информациите од спортските медиуми во Шпанија велат дека кошаркарот на Црвена Звезда, Факундо Кампацо, во наредната сезона ќе настапува во Реал Мадрид.

Иако навивачите на белградскиот клуб посакуваа Аргентинецот да го продолжи својот престој во Звезда, сепак тој одлучи кариерата да ја продолжи во Мадрид.

Според објавите во медиумите, новиот договор на Кампацо со Реал Мадрид ќе биде со важност од три години за што ќе заработува плата од девет милиони евра.


Хрватот Шариќ потпиша за Голден Стејт Вориорс

Голден Стејт Вориорс се обидува да ја освежи екипата за наредната сезона, сезона во која одново ќе ги имаме како лидери староседелците Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин, но на нив им е потребна помош за да се оствари највисоката цел, напад на шампионскиот прстен.

Нов член на „воините“ е хрватскиот репрезентативец, Дарио Шариќ кој беше еден од најбараните слободни играчи на пазарот. Дарио може да ги покрие позициите четири и пет, тој е тимски играч кој знае да помогне во двата правци и е по мерка на тренерот Стив Кер.

Последен клуб на Шариќ беше Оклахома, претходно во НБА играше уште за Феникс, Минесота и Филаделфија, односно има просек од 11 поени, 5,6 скока и 1,9 асистенции.


Ричардсон се врати во тимот на Мајами

Кошаркарот, Џoш Ричардсон во наредната  сезона ќе игра за НБА тимот на Мајами.

Тој потпиша договор за две години со „жешките“ кои го избра играчот како 40-ти пик на драфтот во 2015 година. Ричардсон во 2019 година се пресели во Филаделфија како дел од размената за Џими Батлер.

На прес-конференција Ричардсон призна, дека тогаш ја донел одлуката да го задржи имотот: „Конечно сум дома“ – потенцираше кошаркарот на Мајами.


Кер ги одбра американските адути за Мундобаскетот

Познат е конечниот состав на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави на претстојното Светско првенство што ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Џош Харт ја прифати поканата да биде дел од тимот, со што се познати сите 12 играчи кои ќе ги бранат боите на американската репрезентација на Мундобаскетот.

Комплетираниот ростер го сочинуваат: Тајрис Халибартон, Џејлен Брaнсон, Остин Ривс, Ентони Едвардс, Џош Харт, Микел Бриџис, Кам Џонсон, Брендон Инграм, Паоло Банкеро, Џарен Џексон Јуниор, Боби Портис и Вокер Кеслер.

САД ќе играат во групата Ц заедно со Јордан, Грција и Нов Зеланд.


Јапонија без најголемата ѕвезда на Мундобаскетот

Еден од домаќините на претстојниот Мундобаскет, Јапонија, остана без својата најголема кошаркарска ѕвезда – Руи Хачимура, кој го откажа настапот на шампионатот.

Хачимура сака да се посвети на кариерата во НБА, откако ова лето стана ограничен слободен агент.

„Тоа беше тешка одлука, но по минатата сезона и долгиот плеј-оф, решив да дадам приоритет на мојата идна кариера во НБА и да се подготвам за првпат како слободен агент. Ќе се фокусирам на тренинзите и ќе го подготвам телото за следната сезона“, изјави Хачимура.

Мундобаскетот е закажан од 25 август до 10 септември, а Јапонија е во група со Германија, Финска и Австралија.


Вембањама нема да игра на Мундобаскетот во август и септември

Првиот пик на годинешниот НБА драфт, Виктор Вембањама, ќе го пропушти претстојниот Мундобаскет, бидејќи сака да се подготви за својата дебитантска сезона во НБА. Францускиот репрезентативец во интервју за „Л’Екип“ вели дека тешко ја донел оваа одлука, но дека во моментов тоа е разумна одлука.

Тој пред неколку дена изјави дека намерата му била да игра во Летната лига за да се подготви за Мундобаскетот, но очигледно е дека после тоа се предомислил. Светското првенство се игра од 25 август до 10 септември, а Франција е во група со Канада, Летонија и Либан. Вембањама беше драфтуван од Сан Антонио Спарс.


Бредли Бил заминува од Вашингтон

Бредли Бил, започна преговори со Вашингтон за да добие дозвола да замине во друг состав.

Тој е единствениот играч во НБА кој има анти-трејд клаузула во неговиот петгодишен договор кој го потпиша во 2022 година. Преодниот рок во САД започнува на 1 јули а за Бил наводно се заинтересирани: Филаделфија, Милвоки и Мајами.

Играчот на Вашингтон во претходната сезона поради проблеми со повредите одигра 50 средби со просек од 23,2  поени.