кошарка

Еден куп ѕвезди на прошталниот натпревар на Драгиќ

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ во голем стил ќе се збогува од кошарката, со меч со бројни кошаркарски ѕвезди, кои ќе ги донесе во Љубљана.

Прошталниот натпревар на Драгиќ ќе се одигра на 24 август во арената „Стожице“, каде ќе биде кошаркарскиот центар на светот.

„Ноќта на змејот“, како што ја нарекуваат средбата, ќе собере големи кошаркарски имиња од регионот, Европа и НБА лигата.

Доаѓањето на натпреварот го потврдија Стив Неш, Лука Дончиќ, Дирк Новицки, Никола Јокиќ Владимир Радмановиќ, Робин Лопез, Крис Бош, Бобан Марјановиќ, Бено Удрих,Богдан Богдановиќ, Марко Симоновиќ, Луис Скола, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ , Саша Загорац, Небојша Јоксимовиќ, Леандро Барбоса, Зоран Драгиќ, Јака Лаковиќ, Мирослав Бериќ, Јака Блажиќ, Едо Муриќ, Домен Лорбек, Жига Димец, Никола Вучевиќ,, Алексеј Николиќ, Марко Милиќ, Матиќ Ребец, Гашпер Вилдмар, Александар Чапин, Влатко Чанчар, Урош Слокар, Рашо Нестеровиќ, Саша Павловиќ, Сани Бечировиќ, Боштјан Нахбар, Матјаж Смодиш, Примож Берец, Клемен Препелич, Миха Жупан и Саша Ѓорѓевиќ.

Натпреварот е од хуманитарен карактер. Заработката од гала вечерта, која ќе се организира претходната вечер, како и приходите од продажба на билети, ќе бидат распределени на словенечката хуманитарна организација „Ботрство в спроту“ и „Фондацијата Горан Драгиќ“.


Пелистер се засили со младите Бошалески и Крстевски

Кошаркарскиот клуб на Пелистер работи на формирање на
ростерот за натпреварувачката 2024/2025, а нови имиња во
истиот се двајца македонски кошаркари.
Клубот од Битола ги обезбеди потписите на Петар Бошалески и
Дамјан Крстевски. Бошалески е младински репрезентативец на
Македонија кој во новата средина доаѓа од редовите на
Работнички.
Крстевски пак во минатата кампања беше дел од ТФТ каде на 29
средби во Првата лига имаше учинок од 5,3 поени, 4,6 скока и 1,2
асистенции, додека во АБА2 лигата на 13 средби реализираше
5,4 поени и 3,9 скокови.


Бруно Кабокло се одлучи за премин во НБА лигата

Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло ќе се врати во НБА лигата,
каде последен пат настапуваше во сезоната 2020/21.
Одличниот бразилски крилен центар доби повик од екипата на
Кливленд и голема е веројатноста наскоро да потпише
двегодишен договор објавија американските медиуми.
Кабокло одигра една сезона за Партизан, а претходно
настапуваше за Сакраменто, Торонто, Мефис и Хјустон во НБА
лигата. Исто така, ги бранеше боите на Лимож, Сао Паоло и
Ратиофарм Улм.


Коле по петнаесет години не е повеќе селектор на француската репрезентација

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Франција
Винсан Коле реши да го напушти кормилото на националниот
тим.
Коле важеше за селектор со најдолг стаж во Европа ако се знае
дека цели 15 години седеше на клупата на Франција, но според
весникот „Л’Екип“ тој уште пред ОИ во Париз им соопштил на
челниците на федерацијата дека не планира да ја продолжи
соработката.

Искусниот стручњак е подготвен да го отстапи своето место на
нов стратег, а во договор со федерацијата веста се криела од
кошаркарите и од јавноста за да не влијае врз фокусираноста на
играчите за време на натпреварите од Олимписките Игри.


Познат НБА-календарот, Сан Антонио ќе го предизвика Далас

Првиот натпревар од втората сезона на францускиот кошаркар, Виктор Венбањама, во дресот на Сан Антонио ќе биде на 24 октомври на теренот на Далас.

Тогаш ќе го видиме и дебитантскиот настап на кошаркарот, Крис Пол за екипата на „Спарси“. Од другата страна ќе ги имаме  Лука Дончиќ, Карјри Ирвинг и Клеј Томпсон.

Тоа ќе биде првата голема пресметка на фаворитите за титулата на стартот на новата сезона во НБА лигата.


Алексеј Покушевски пред потпис со Партизан

Српскиот кошаркарски клуб Партизан Белград наскоро треба да
се засили со Алексеј Покушевски, откако преговорите меѓу двете
страни се успешни.
Покушевски во изминатите години играше во НБА-лигата, а долго
време беше член на Оклахома, која го избра како 17. пик на
драфтот.
Талентираниот кошаркар претходно беше член на Олимпијакос, а
неколку пати го носеше и дресот на Србија.


Батум најави крај на репрезентативната кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум повеќе нема да игра за
репрезентацијата на Франција.
По завршувањето на Олимписките игри каде што во финалето
„триколорите“ беа поразени од САД со 98:87, Батум одлучи да се
повлече.
„Време е да се каже крај. Овој дрес го носев 15 години, четири
пати бев на Олимписки игри, четири пати играв на светските и
европските првенство. Направив се што треба, освоив и седум
медали“, пресреќен сум.


Сакраменто потпиша со Орландо Робинсон

Орландо Робинсон кариерата ќе ја продолжи во екипата на
Сакраменто. Центарот (24 години, 213 см) потпиша едногодишен
договор со Кралевите кој е загарантиран на 500 илјади долари.
Тој ги помина претходните две сезони во составот на Мајами
настапувајќи на 67 средби. Во минатото првенство во НБА имаше
просек од 2,8 поени и 2,3 скока по натпревар.
Робинсон во рамките на летната лига во Лас Вегас, имаше просек
од 14 поени и 9 скокови.


Финецот Марканен потпиша нов договор со Јута

Финскиот кошаркар Лаури Марканен се договори за нов, четиригодишен договор со Јута Џез, кој ќе го направи еден од најплатените кошаркари во најсилната лига НБА.

Марканен според новиот договор ќе добие 238 милиони долари во следните пет сезони од Џезерите.

Финскиот кошаркар имаше уште една година од стариот договор, според кој добиваше 18 милиони по сезона.


Селекторот на Австралија поднесе оставка по поразот од Србија

Австралиската машка кошаркарска репрезентација во иднина
нема да биде предводена од Брајан Горјиан кој по поразот од
Србија во четвртфиналето на ЛОИ повеќе нема да ја врши
селекторската улога на оваа репрезентација.
Со тоа воедно завршува и вториот мандат на 71-годишниот
тренер како селектор на оваа држава. Првиот мандат го имаше од
2001 до 2009 година, а вториот од 2020 досега во кој Австралија
освои бронза на Игрите во Токио, заврши како десетта на
Светското првенство во 2023 година и претрпле четвртфинална
елиминација во Париз.