кошарка

Руди Гобер ќе го скокне Евробаскетот во септември

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Руди Гобер, нема да игра за француската репрезентација на претстојното Европско првенство.

Гобер е двократен освојувач на сребрен олимписки медал и шесткратен освојувач на медал со француската репрезентација.

Ова е само втор пат во репрезентативната кариера на 32-годишникот да пропушти големо натпреварување – претходно тоа се случи на Евробаскетот во 2017 година.

Не е познато во кој состав ќе игра Франција на претстојниот турнир, особено во централната линија.


Оклахома вторпат е НБА шампион, победена Индијана во драматична мајсторка

Оклахома Сити Тандер е новиот шампион во НБА лигата. За првпат во својата историја, тимот предводен од Марк Дано триумфираше во седмиот натпревар од финалето против Индијана Пејсерс со резултат од 103-91 и успеа да го крене шампионскиот пехар. Тандер имаа најдобар настап и во регуларниот дел од сезоната, а во плејофот ги елиминираа Мемфис Гризлис, Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс.

Најкорисниот играч во регуларната сезона, Шеј Гилџес-Александер, беше предводник на Оклахома и во решавачкиот меч синоќа со 29 поени, 12 асистенции и 5 скока. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Чет Холмгрен 16.

Индијана ја загуби својата голема ѕвезда Тајрис Халибартон на средина од првата четвртина. Бекот, кој не беше целосно опоравен, но играше во шестиот натпревар од серијата, беше повреден и не можеше да продолжи.

Бенедикт Материн ја предводеше Индијана со дабл-дабл со 24 поени и 13 скока. Ти Џеј Меконел и Паскал Сиакам имаа по 16 поени.

Гилџес-Александер ја освои и наградата за најкорисен играч во финалето. Канаѓанецот имаше просек од 30,3 поени, 4,6 скока и 5,6 асистенции. Тој стана првиот играч по Шекил О’Нил во 2000 година кој ја заврши сезоната како најдобар стрелец во НБА, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч и во регуларната сезона и во финалето. Оклахома Сити е седмиот различен шампион во НБА во последните седум сезони.


Партизан доставил понуда за Џабари Паркер

Партизан може да го обезбеди кошаркарот на Барселона, Џабари Паркер, наведуваат дел од медиумите. 30-годишниот Американец по две години поминати на Пиринеите веројатно ќе си замине од Каталонија од финансиски причини.

За неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи но, „црно-белите“ од Белград се во пол-позиција, проценуваат медиумите. Српскиот состав деновиве потврди дека ја продолжил лиценцата со Евро-лигата откако во изминатата сезона не успеа да се квалификува за плеј-ин.

Ќе потсетиме дека Паркер на времето беше дел од НБА лигата и играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Сакраменто, Атланта и Бостон.


Индијана издејствува мајсторка во НБА финалето

Кошаркарите на Индијана Пејсерс израмнија во финалето на НБА лигата на 3-3 и се изборија за „мајсторка“ која ќе одлучува за новиот шампион. На домашен терен против Оклахома Сити во финалето на плејофот, Индијана синоќа славеше убедливо со 108:91.

Најефикасен играч во тимот на Индијана беше Оби Топин со 20 поени, додека

Ендру Нембхард додаде 17 поени, а Паскал Сиакам имаше 16 поени и 13 скока.

Шеј Гилџес-Александер ја предводеше листата на стрелци кај Оклахома со 21 поен, а Џејлен Вилијамс додаде 16 поени.

Ова е првпат од 2016 година финалето на плејофот во НБА да има седми натпревар.


Евролигата проширена од 18 на 20 клубови

Кошаркарската Евролига денеска го потврди списокот на клубови што ќе учествуваат во сезоната 2025/26.

Бројот на учесници се зголеми од 18 на 20, откако во Евролигата се вратија Валенсија и Хапоел Тел Авив.

Петгодишната лиценца му е доделена на Дубаи, кој за прв пат ќе игра во Евролигата.

Единствениот учесник од минатата сезона кој не е на списокот на клубови што ќе играат во Евролигата следната сезона е Алба од Берлин, која ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА.

Клубовите кои следната сезона ќе учествуваат во Евролигата се: Партизан, Црвена звезда, Фенербахче, Панатинаикос, Олимпијакос, Реал Мадрид, Барселона, Монако, Виртус, Валенсија, Дубаи, Хапоел Тел Авив, Макаби Тел Авив, Асвел, Басконија, Баерн Минхен, Ефес, Жалгирис, Олимпија Милано и Париз.

Сезоната во Евролигата започнува на 30 септември.


Најавено зголемување на АБА лигата

Собранието на регионалната кошаркарска АБА лига попладнево објави дека е донесена одлука за проширување на лигата и поделба на профитот за сите клубови, додавајќи дека, според претходната одлука, лигата ќе може да има максимум 20 клуба од сезоната 2025/26.

Во овој контекст, Собранието усвои јасни насоки и одлуки во врска со доделувањето на „вајлд карти“ (покани) на клубови надвор од регионот, врз основа на кои ќе продолжат преговорите со сите заинтересирани страни, со цел што поскоро да се финализира списокот на учесници за сезоната 2025/26.

„Врз основа на одличните деловни резултати, Собранието на АБА лигата донесе едногласна одлука за рамномерна распределба на профитот меѓу сите членови на друштвото. Оваа одлука дополнително ја потврдува позицијата на АБА лигата како уникатен спортски и деловен проект во регионот и пошироко“, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на лигата.


Лејкерси на продажба, вредноста огромни 10 милијарди долари

НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе биде продадена, а вредноста се проценува на 10 милијарди долари.

Неверојатни и неочекувани вести доаѓаат од НБА инсајдерот Шамс Чаранија, кој објави дека семејството Бас одлучило да го продаде својот мнозински удел во Лос Анџелес Лејкерс.

Семејството Бас ќе ги продаде Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател на холдинг компанијата „TWG Global“.

Според Чаранија, вредноста на Лејкерс, во сопственост на семејството Бас, се проценува на 10 милијарди долари, што значи дека ова ќе биде убедливо најпрофитабилната продажба на спортски тим во историјата.

Џини Бас ќе остане гувернер на Лејкерс дури и по продажбата.

Ова значи дека семејството Бас нема да биде мнозински сопственик на Лејкерс за прв пат од 1979 година, кога Џери Бас ја купи франшизата од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.

Лејкерс беа преземени од неговите деца кога тој почина во 2013 година, а сега е време да се продаде франшизата што освои 17 НБА шампионати.

Новиот мнозински сопственик Марк Волтер е малцински сопственик на Лејкерси од 2021 година и има удели во разни спортски организации, како што се Доџерс (бејзбол), Спаркс (женска НБА), Купот на Били Џин Кинг (тенис), Кадилак тим (Ф1) и Женската хокеарска лига.


Мареј со големи зборови за Попович: Тој ми беше како татко!

Деџонте Мареј кој првите пет години ги помина во екипата на Сан Антонио Спарс, проговори за неговата блиска врска со тогашниот главен тренер, Грег Попович.

„Тој ми беше како татко. Ми помогна психолошки да се справам со последиците од постојаните убиства во Сиетл. Постојано плаќав за погреби“ – рече Мареј.

„Тој не сакаше да се вратам во тој град, по драфтот, никогаш повеќе не се вратив таму. Сакаше да го реализирам мојот потенцијал, прво како личност а потоа и како кошаркар“ – рече Мареј.


Пелистер првпат ќе игра во ЛШ на ФИБА

КК Пелистер и официјално ја потврди. Имено битолчани во следната сезона ќе бидрат учесници во Лигата на Шампионите на ФИБА.

Цел на „зелено-белите“ беше да се биде дел од елитното европско натпреварување, за таа цел беше испратена апликација до ФИБА Европа, на која денеска се доби позитивен одговор.

ФИБА официјално ги објави имињата на учесниците во ЛШ, при што името на Пелистер се наоѓа меѓу 24-те клубови кои ќе играат квалификации за место во ЛШ. Според пропозициите, овие 24 тима ќе бидат поделени во три групи, а само победниците во секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза од Лигата на Шампионите.

Потенцијални ривали на Пелистер во овие квалификации се екипите на: Бакен (Данска), Бурса (Турција), Орадеа (Романија), Шалон (Франција), Фалко (Унгарија), Фрибург (Швајцарија), Ден Борш (Холандија), Јувентус (Литванија), Калев (Естонија), Карху (Финска), Кутаиси (Грузија), Левен Брауншвајг (Германија), ПАОК (Грција), Патриоти Левице (Словачка), АЕК Ларнака (Кипар), Порто (Португалија), Реџана (Италија), Студентски Центар (Црна Гора), Рилски Спортист (Бугарија), Трепча (Косово), Мурсија (Шпанија), Антверпен (Белгија) и вицешампионот на Полска.


Кокошков ја напушти НБА лигата за да се врати во Европа

Поранешниот селектор на српската репрезентација, Игор Кокошков, ја отфрли понудата од НБА за враќање во Евролигата. Според информациите тој имал можност да биде дел од неколку професионални штабови во НБА, но одлучил да се врати во Евролигата.

Тој е речиси сигурно новиот тренер на Анадолу Ефес. Кокошков е дел од тренерскиот штаб во НБА во последните две години под водство на Квин Синдер во Атланта Хокс.

Сепак, овој тренер од српско потекло имаше можност да остане во НБА бидејќи Чонси Билапс го сакаше во својот штаб во Портланд Треил Блејзерс. 53-годишникот ја отфрли таа, како и некои други непознати понуди, и по секоја цена одлучи да се пресели во Ефес.