кошарка

Шпанецот Фернандез нов тренер на Бруклин

Екипата на Бруклин Нетс остана без место во плејофот, па и плејин фазата во оваа сезона и јасно е дека ќе има одредени промени во составот со тоа што веќе е решено најважното прашања, а тоа е тренерската позиција.

Жак Вон беше отпуштен на ол-стар паузата, па потоа екипита привремено до крајот на регуларниот дел беше водена од Кевин Оли. Денеска Бруклин го објави името на новиот предводниик кој доаѓа од Шпанија и неговото име е Жорди Фернандез.

Тој ќе биде првиот Шпанец тренер во најсилната лига на светот. Жорди веќе некое време работи во НБА или Џи-лигата, има искуство како асистент во Денвер Нагетс и Сакраменто Кингс од каде доаѓа во Нетс.

Воедно Фернандез е и селектор на Канада со која го освои бронзениот медал на СП кое минатата година се одржа во Индонезија, Филипини и Јапонија.


Батлер се повреди, големи проблеми за Мајами Хит

Mинатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами, по поразот од Филаделфија во нивниот прв настап во „плеј-инот“ дознаа и дополнителна лоша вест бидејќи за доигрувањето против Чикаго во петок нема да го имаат на располагање својот најдобар кошаркар, Џими Батлер.

Батлер се повреди во последните секунди од натпреварот со Филаделфија кога донашниот играч Кели Оубре незгодно му налета на ногата.

Батлер остана на теренот до крајот на теренот, но според првите проценки го очекуваат неколку недели пауза. Детали за повредата ќе бидат познат по магнетната резонанца.

Ова значи дека Мајами ако успее да се пласираа во доигрувањето во првиот круг против Бостон кој беше лидер на Истокот ќе мора да игра без услугите на Батлер.


САД и Србија ќе одиграа пријателски натпревар пред Олимписките игри

Американците на својот официјален сајт го објавија планот на подготовките и дуелите кои ќе ги играат во Абу Даби и Лас Вегас.

Собирот е во Невада на 6 јули, каде ќе одиграат подготвителен натпревар со Канада, потоа ќе се упатат во Абу Даби, каде најпрво ќе се сретнат со Австралија на 15 јули, додека два дена подоцна ќе се сретнат и со Србија на „Итихад Арена“.

Тренерот Стив Кер ги има на располагање речиси најсилните имиња од НБА, па нема дилема дека американскиот „дрим тим“ ќе биде првиот фаворит за олимпиското злато во Париз, а играчите кои се одзваа на поканата на Кер се: Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кавај Леонард, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Бам Адебајо и Џоел Ембид.


Американците со најсилен состав ќе дојдат на ЛОИ во Париз

Соединетите Американски Држави по неуспехот на Светското првенство во 2023 година, одлучија да ги ангажираат најголемите НБА ѕвезди за претстојните Олимписки игри во Париз.  

Тимот е брутален. Американците не сакаат повеќе да бидат предмет на потсмев и  доаѓаат во моќен состав. Играчите кои ќе го носат дресот на Соединетите Американски Држави се: Леброн Џејмс, Стивен Кари, Кевин Дурант, Џоел Ембиид, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Џру Холидеј, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс, Бам Адебајо и Тајрис Халибартон.

Последниот член на репрезентацијата на САД ќе биде познат во наредниот период.


Синот на Леброн сака да се пријави на НБА-драфтот

Порталот „Атлетик“ објави информации за непосредните планови на Брони Џејмс, синот на кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн, кој реши да се пријави за драфтот во 2024 година.

„Брони планира да го посвети своето време и енергија на драфтот во НБА. Ова е опцијата која би била најпосакувана за Леброн и неговата придружба.

Планот е да се почека до 29 мај, кога ќе треба да се донесе конечна одлука за нацрт-апликацијата“, стои во објавеното на „Атлетик“.


Џош Нибо ќе настапува за Словенија на олимпискиот кошаркарски турнир

Центарот на Макаби, Џош Нибо ќе биде во конкуренција за настап во словенечката репрезентација откако доби државјанство на оваа земја.

Иако селекцијата на Словенија го има Мајк Тоби од Црвена Звезда, неговата лоша сезона придонесе Федерацијата да бара ново решение под кошевите.

Изборот паднал на Нибо кој играше одлично за Макаби и најверојатно со него „змајчеки“ ќе бркаат пласман на Олимписките игри, преку квалификациите.


Познати паровите за плеј-офот на АБА лигата

Кошаркарите на Партизан издвојуваа убедлива победа над Задар од
113-74 во последниот натпревар од регуларниот дел во АБА лигата.
Домашниот тим го надигра противникот во сите четвртини со тоа што за издвојување се вториот и последниот период во кој избраниците на Обрадовиќ постигнаа 69 поени што доволно говори за НБА изданието што го имаа.
Шест играчи беа двоцифрени, а од нив лидер беше Аврамовиќ со 18
кошеви на кои придодаде 5 скока и 8 асистенции.
Дрежњак и Жганец со по 15 поени беа лидери кај гостите за кои
нашиот Адем Мекиќ за 6 минути на паркетот забележа 1 скок и 1
асистенција.
Паровите за четвртфиналната рунда се познати и оваа фаза ќе започне во сабота со дуелот Будуќност – Задар. Останатите двојки се Црвена Звезда – Студентски Центар, Мега – Цедевита Олимпија и Партизан – Игокеа.


Обрадовиќ сруши уште еден евролигашки рекорд

Жељко Обрадовиќ е првиот стрaтег во Евролигата кој стигнал до 350. победа во кариерата на 526 натпревари.

Вчерашната победа на Партизан против Алба во Берлин со резултат 94:83, во натпреварот од 33. коло на Евролигата, беше јубилејна 350 за Обрадовиќ, но за него поважно е што пред крајот на регуларниот дел црно-белите остануваат во трката за плеј-ин во Евролигата.

Партизан во главно главно ќе зависи од резултатите на Анадолу Ефес, кој би морал да загуби еден од последните два натпревари, со обврска црно-белите да ја совладаат Валенсија во „Штарк Арената“ во последното коло. Црно-белите имаат подобар учинок меѓу себе и од Ефес и од Басконија, до која би можеле да стигнат доколку избраниците на Душко Ивановиќ ги загубат последните два меча.

Зад Обрадовиќ се италијанскиот тренер Еторе Месина со 313 победи, шпанскиот селектор Пабло Ласо со 249 победи, Шпанецот Чави Пасквале со 241 победа, Гркот Димитрис Итудис со 218 победи, црногорскиот стручњак Душко Ивановиќ со 217 победи, турскиот тренер Атагин со 216 победи, Гркот Јоргос Баркокас со 198 победи, литванскиот стручњак Шарунас Јасикевичиус со 162 победи и Израелецот Дејвид Блат со 152 победи.


Руди Фернандез објави крај на професионалната кариера

Шпанската кошаркарска легенда Руди Фернандез објави дека по крајот на актуелната сезона оди во спортска пензија.

39-годишникот токму на својот роденден реши да ги информира навивачите дека ја завршува кариерата, на прес-конференцијата во пресрет на дуелот меѓу Реал и Басконија во Евролигата.

„Стар сум и полека почнувам да размислувам на други работи, за семејство. Ми останаа уште неколку месеци и се надевам ќе ѝ помогнам на екипата до крајот на сезоната“, изјави ветеранот.


Шпанецот Пасквал пред промоција во Анадолу Ефес

Чави Пасквал е се поблиску до потпишување договор со Анадолу Ефес. Двократниот европски првак, по заминувањето на Ергин Атаман потпиша договор со Ердем Џан. Поради лошите резултати тој пред два месеци доби отказ,

Него на клупата го замени хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ, кој долги години му беше помошник на Ергин Атаман.

Пасквал четири ипол години е во Зенит од Санкт Петербург. Клубот поради санкциите последниве две сезони не игра во Евролигата.

Најдобри резултати Паксвал ги забележа кога беше на клупата на Барселона, со која успеа да ја освои титулата европски првак во 2010 година и четири пати беше шампион на Шпанија.