кошарка

Реал долго без Јабуселе

Францускиот кошаркарски  репрезентативец Гершон Јабуселе ќе мора да паузира еден месец по повредата на коленото, информираат шпанските медиуми.

Французинот го скинал страничниот внатрешен лигамент на левото колено на мечот со Монако во Евролигата, па иако се уште нема прецизна прогноза се очекува негова подолга пауза.

Според најавите, Јабуселе се очекува да врати на натпреварите во јануари следната година. Просекот на Јабуселе сезонава во дресот на Реал Мадрид е 10,3 поени и пет скока по натпревар во Евролигата.


НБА преговара за ТВ правата за сума од 75 милијарди долари

Челниците на НБА-лигата планираат од следната продажба на ТВ правата да заработат неверојатни 75 милијарди долари.

Актуелниот десетгодишен договор за ТВ правата истекува следната сезона (2024/25) кој на НБА и екипите им носи по 2,6 милијарди долари годишно, но од идниот договор сака да добива 7,5 милијарди долари по сезона.

НБА-лигата на заинтересираните телевизии им порача дека сака новиот договор изнесува нешто повеќе од 75 милијарди долари за 10 години, и доколку двете страни најдат заеднички јазик, тоа би бил вториот најголем договор на име на ТВ права во историјата на спортот (НФЛ-лигата во 2021 година ги продаде ТВ правата за следните 11 години за неверојатни 110 милијарди долари).


Виктор Оладипо тренира со Баерн во Минхен

Американскиот кошаркар Виктор Оладипо предизвика потрес во светот на кошарката откако на социјалните мрежи се појави видео како тој тренира во домот на евролигашот Баерн Минхен.

Видео снимката предизвика гласини за негово можно заминување од НБА лигата и преселба во Европа, но до истото бар засега нема да дојде.

Оладипо овие денови присуствува во германскиот град каде е под опсервација на познатиот доктор Ханс-Вилхелм Милер-Волфахрт кој се грижи за неговата рехабилитација на повредата на левото колено која го оддалечи од теренот од месец април.

31-годишникот кој во кариерата броеше настапи за Орландо, Оклахома, Индијана, Хјустон и Мајами.


Сан Франциско домаќин на викендот на сите ѕвезди во НБА лигата

Голден Стејт Вориорс ќе бидат домаќини на НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2025 година, што значи дека 74-тата средба на најдобрите светски кошаркари ќе се одржи во „Чејс центарот“ во Сан Франциско, соопшти НБА.

Ова ќе биде третпат „Воините“ да бидат домаќини на „Ол стар“ викендот, откако првпат беа домаќини на „Ол стар“ викендот во 1967 година кога сè уште се нарекуваа Сан Франциско Вориорс, а натпреварот се играше во „Дејли Сити“, додека вторпат беа домаќини во 2000 година, кога играа во Оукленд.


Проблеми за Олимпијакос, се повреди Никола Милутинов

Грчкиот евролигаш Олимпијакос се соочува со неочекуван проблем откако на повреда се покажи српскиот репрезентативец центар Никола Милутинов.

Одличниот кошаркар кој ова лето се врати во Пиреја се пожалил на болка на коленото на левата нога по натпреварот против Фенербахче во Евролигата по што ќе биде поштеден во следниот натпревар во кој неговиот тим се среќава со Паок во грчкото првенство.

Останува неизвесно дали Србинот ќе отсуствува од тимот на подолг период.


Џамал Мареј се повреди, Денвер долго време без својата ѕвезда

Екипата на Денвер Нагетс продолжува со одличните игри, но на почетокот на сезоната добија вест за повреда на Џамал ​​Мареј. Ако Никола Јокиќ е нивна прва ѕвезда, Мареј сигурно е втората „виолина“ на тимот од Колорадо.

Пред две сезони видовме дека Јокиќ не може да ја освои титулата без него, а летово со него во составот на Нагетс доминантно го освоија шампионскиот прстен.

На натпреварот против Чикаго Булс, Мареј одигра 10 минути, постигна два поени и имаше два скока, а потоа куцаше на подот поради повреда на тетивата на десната нога. Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, призна дека е загрижен поради тоа.


Потврден трејдот, Харден се сели во ЛА Клиперс

Челниците на Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс постигнале договор за трејд на едно од најпопуларните имиња на НБА сцената во последната деценија, Џејмс Харден. Веста утрово ја потврија повеќе извори во САД.

34-годишниот кошаркар инсистираше да биде разменет во друг тим и не се појави на медиумскиот ден на Филаделфија. Односот на играчот со управата на клубот е нарушен и затоа трејдот мораше да се случи.

Познати се и деталите на трејдот. Сиксерси ќе ги добијат Маркус Морис, Николас Батум, Роберт Ковингтон, Кеј Џеј Мартин, неколку драфт пикови, како и размена на пикови. Со Харден во Клиперси ќе одат и Пи Џеј Такер и Филип Петрушев.


Самарџиев именуван за нов тренер на Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив КК Работнички го именува Горан Самарџиев за нов тренер за продолжението од сезоната.

Самарџиев доаѓа да го гаси пожарот кој настана по поразот во вечното дерби од МЗТ Скопје. Тренерот Димитар Мираковски доби отказ, а Самарџиев, кој во минатото беше член на центарци како играч, ќе добие шанса да биде и тренер.

Конкурент за столчето на Самарџиев беше поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков, но изборот падна на доскорешниот тренер на словачки Комарно кој во клубот се задржа краток период.


Вигинс најави дека ќе игра на Олимписките игри во Париз

Желбата за настап во главниот град на Франција ја изразија колку НБА кошаркари, пред се Србинот Василије Мициќ и Австралијанецот Бен Симонс, а последен кој се приклучи на оваа листа е Ендру Вигинс.

НБА шампионот од 2022 година одговори позитивно на прашање дали ќе игра за Канада на следниот голем собир.

„Да, навистина би сакал. Мислам дека ќе имаме добри шанси за медал“, одговори Вигинс.

Канада забележа голем успех и на Светското првенство освојувајќи го бронзениот медал во битката со Соединетите американски држави.


Клиперси и Филаделфија се договорија за размена на Харден

Раководствата на Лос Анџелес Клиперс и на Филаделфија се договорија за трејд во кој ќе биде вклучен и Џејмс Харден, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски. Заедно со 34-годишниот Харден, на Клиперс ќе им се приклучи Пи Џеј Такер.

Во Филаделфија одат Роберт Ковингтон, Николас Батум, Маркус Морис и Кенион Мартин Јуниор, како и пик од драфтот.

Харден побара трејд од Сиксерс во јуни. Во август, за време на посетата на Кина, кошаркарот неколку пати го нарече претседателот на Филаделфија Дерил Мори „лажго“, истакнувајќи дека односите со клубот не можат да се обноват.

Подоцна Харден се пријавил доцна во тренинг-кампот на 76-те и го поминал поголемиот дел од тренингот надвор од тимот. Џејмс нема играно ниту еден натпревар од почетокот на новата сезона во НБА.