кошарка

Монако и Фенер ќе играат финале на Евролигата, грчките гиганти во малото финале

Монако ќе му биде противник на Фенербахче во борбата за титулата во кошаркарската Евролига. Монако, во второто полуфинале на завшрниот турнир во Абу Даби, го победи Олимпијакос 78-68.

Олимпијакос тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната, не успеа да стигне до финалето. Ниту еднаш во историјата на Евролигата, откако се игра во овој формат со завршен турнир, од 2016/2017 година, најдобриот тим од регуларниот дел не успеал да дојде до титулата.

Монако го надигра Олимпијакос и се пласира во првото финале во клупската историја. Во второто полувреме Монако одигра брилијантно, особено во вториот дел од третата четвртина, кога дојде до разлика од 13 поени.

Алфа Диало го предводеше Монако со 22 поени и шест скока, Мајк Џејмс имаше 17 поени и по седум скока и асистенции. Двоцифрени беа и Мамаду Жите со 11 поени и шест скока, односно Џером Блосингејм со 12 поени.

Кај Олимпијакос потфрлија сите, со исклучок на Еван Фурние. Францускиот репрезентативец постигна 31 поен. Двоцифренен беше уште само Најџел Вилијамс-Гос со 12 поени. Најдобриот играч на Олимпијакос Саша Везенков постигна скромни седум поени.

Финалниот натпревар ќе се одигра в недела од 19:00 часот.


Евролигата следната сезона ќе брои дваесет клунови

Во пресрет на завршниот турнир во Евролигата, новинарот на „Спортандо“, Алесандро Маџи, објави дека следната сезона во елитното натпреваруање ќе учествуваат дваесет екипи.

Клучениот состанок на челниците на Евролигата се одржа во Абу Даби пред почетокот на Фајналфорот во кој учествуваат Панатинаикос, Фенербахче, Олимпијакос и Монако, а неговите заклучоци најавуваат значајни промени за следната сезона на најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.

Најголемата вест е дека сезоната 2025/26 ќе има дури 38 кола, во тој распоред се планирани 10 двојни рунди.

Уште поважна одлука се однесува на календарот на меѓународните натпреварувања, играчите од Евролигата нема да можат да настапуваат за националните тимови во квалификациите за Светското првенство во текот на сезоната.


Четири земји ќе го организираат Евробаскетот во 2029 година, завршницата во Мадрид

Шпанија, Грција, Словенија и Естонија ќе бидат домаќини на 43-то Европско првенство во кошарка во 2029 година, објави Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

Групната фаза ќе се игра во Мадрид, Атина, Љубљана и Талин, додека финалето на Европското првенство ќе биде во главниот град на Шпанија.

Според шпанските медиуми, првиот натпревар од првенството ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 гледачи.

„Возбудени сме што Европското првенство во 2029 година ќе се одржи на некои од најдобрите европски кошаркарски дестинации, од кои секоја има силна кошаркарска култура и јасна посветеност на обезбедување извонреден настан. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со земјите домаќини за да обезбедиме успешен и незаборавен турнир за тимовите, навивачите и партнерите“, рече претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса.

Европското првенство оваа година ќе се одржи во Латвија, Полска, Финска и Кипар од 27 август до 14 септември.


Аделман и следната сезона ќе го води Денвер

Привремениот тренер на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, ќе ја продолжи соработката со франшизата од Колорадо.

Според добро информираниот Шемс Чаранија, во Денвер сакаат да го задржат Аделман, кој го презеде тимот непосредно пред плејофот.

Синот на легендарниот Рик Аделман ја доби довербата на раководството по отпуштањето на Мајкл Малоун.

Неговата работа очигледно им се допаднала на челниците на клубот, кои решиле да го ангажираат како постојан тренер.

Тој успеа да оствари серија од три победи во НБА откако го презеде тимот, а потоа го водеше тимот во плејофот, во седум натпревари Денвер ги елиминира ЛА Клиперс, но потоа во полуфиналето во седум натпревар Нагетс загубија од Оклахома.

Постоеше сомнеж дали Аделман ќе остане прв тренер поради конкретни одлуки на крајот од натпреварите, но се чини дека сите во клубот се доста задоволни од неговиот придонес.

Недолго по објавата од „ESPN“, и Денвер потврди дека Аделман ќе биде новиот тренер.


Џејлен Вилијамс казнет од НБА лигата

Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, ќе мора да плати казна од 25.000 долари поради „носење облека со непристоен текст“ на неговата прес-конференција по победата против Денвер во седмиот натпревар од плејофот во НБА лигата.

Вилијамс не употреби вулгарности додека разговараше со новинарите, но, беше критикуван за натписот на неговата маица.

Играчот кој има 24 години, во елиминацискиот дел има просек од 19,6 поени. Вилијамс на мечот со Денвер забележа 24 поени, 5 скока и 7 асистенции.


Ливерпул во завршни преговори со Милош Керкез

Ливерпул и Борнмаут влегле во напредни преговoри за трансфер на левиот бек Милош Керкез, велат последните информации од Англија.

„Црвените“ ги договориле личните услови со 21-годишниот унгарски репрезентативец. Се претпоставува дека Борнмаут бара околу 45 милиони фунти за Керкез.

Ливерпул потврди дека Џереми Фримпонг денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор со клубот.


Јокич спремен да ѓи потопи маките во пиво после загубата од Тандер

„Следните неколку дена веројатно ќе испијам многу пиво“, изјави Никола Јокич со полунасмевка по убедливиот пораз на Денвер Нагетс од Оклахома Сити Тандер со 125-93, резултат што ги испрати Тандерите во финалето на конференцијата. 

 
Српската ѕвезда, која ја водеше неговата екипа со 22 поени и 7 асистенции, не можеше сам да ги неутрализира силите на Оклахома. 
„Не бевме на потребното ниво. Повредите нè погодија во клучни моменти, а недостигаше и интензитетот кој нè красеше минатата сезона,“ додаде Јокич. 

 
Особено се почувствува отсуството на континуирана поддршка од клупата, а неколку стартери не успеаја да влезат во ритам. Јокич истакна дека, и покрај елиминацијата, е горд на тимот и верува дека искуството ќе им помогне да се вратат посилни. 


Масаи Оџири ќе ја преземе Атланта

Атланта бара претседател за кошаркарски операции. Клубот има намера да ја пополни позицијата со елитен и искусен менаџер.

Една од целите е 54-годишниот специјалист, Масаи Оџири, кој работи за канадскиот клуб – Торонто од сезоната 2013/14.

Засега нема информации дали Оџири ќе прифати да се пресели во САД.


Се разделија Работнички и Горан Самарџиев

По вториот пораз од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот од кошаркарското првенство во Македонија, тренерот на Работнички, Горан Самарџиев си поднесе оставка, кое раководството на тимот од Градски парк одлучи да ја прифати.

Нермин Пепиќ, актуелниот тренер на јуниорската селекција на овој клуб, ќе го преземе кормилото во обид да ја спаси сезоната на „центарци“. Според информациите, Пепиќ веќе ја презел сениорската екипа и го водел тренингот на тимот.

Дебито на клупата на Работнички како прв тренер, Пепиќ ќе го има во недела од 20:30 часот, кога Работнички го пречекува ТФТ и мора да забележи победа. При пораз, ќе игра за третото место со поразениот од серијата меѓу МЗТ Скопје и МКК Куманово.


Ти Џеј Шортс пред потпис со Панатинаикос

Според информациите од Грција Ти Џеј Шортс Шортс најверојатно ќе потпише договор со Панатинаикоцс, клубот кој на завршницата на Ф4 ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.

Познато е дека во тимот на “зелените“ од Атина, игра и охриѓанецот Чеди Осман.Шортс имаше блескава сезона во дресот на Париз. Беше и еден од кандидатите за МВП во Евролигата и не тајна дека во моментов е еден од најбараните кошаркари во Европа.