кошарка

Кокошков ја напушти НБА лигата за да се врати во Европа

Поранешниот селектор на српската репрезентација, Игор Кокошков, ја отфрли понудата од НБА за враќање во Евролигата. Според информациите тој имал можност да биде дел од неколку професионални штабови во НБА, но одлучил да се врати во Евролигата.

Тој е речиси сигурно новиот тренер на Анадолу Ефес. Кокошков е дел од тренерскиот штаб во НБА во последните две години под водство на Квин Синдер во Атланта Хокс.

Сепак, овој тренер од српско потекло имаше можност да остане во НБА бидејќи Чонси Билапс го сакаше во својот штаб во Портланд Треил Блејзерс. 53-годишникот ја отфрли таа, како и некои други непознати понуди, и по секоја цена одлучи да се пресели во Ефес.


Сферопулос под голем притисок по дебаклот на Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена звезда ја завршија сезоната 2024/2025 со поразот од Спартак во вториот натпревар од полуфиналната серија во домашниот шампионат. Елиминацијата на црвено-белите е сензационална бидејќи, актуелниот првак, прв пат по 14 години не успеа да се пласира во финалето.

По елиминацијата, тренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос, го деактивирал својот профил на социјалната мрежа „X“.

Според портал „Нова С“, по поразот на црвено-белите во Суботица од Спартак, навивачите на црвено-белите биле крајно незадоволни.

„Серијата лоши резултати кулминираше со дебакл во домашното првенство, а разочараните навивачи лансираа лавина од навреди на социјалните мрежи, особено на платформата „X“ (поранешен „Твитер“), која Сферопулос редовно ја користеше. За жал, во тој поплава од коментари имаше крајно несоодветни и брутални пораки, вклучително и закани со смрт, поради што тренерот на Звезда одлучи да го исклучи својот профил и да се повлече од социјалните мрежи“, пишува „Нова С“.


Марјан Илиевски промовиран во нов селектор на кошаркарската репрезентација

Марјан Илиевски, поранешен тренер на Пелистер, Приштина, Блокотехна, Кожув и Лирија, на денешната прес-конференција, одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, официјално е промовиран во нов селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Инаку, 49-годишниот стручњак, во својата играчка кариера бил играч на голем број на македонски клубови како Неметали Огражден, Куманово, МЗТ Скопје, Никол Ферт.

Првиот официјален натпревар за него и за неговите соработници, меѓу кои се поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром и помошник во повеќе европски гиганти, Боби Митев, Борче Даскаловски, некогашен предводник на Карпош Соколи и на МЗТ Скопје Уни Банка, скопски Вардар, и Мирко Петрески, кој во минатото беше селектор на младинската селекција, а изминативе години беше помошник во турскиот тим Бурса, ќе биде на големиот национален празник – Илинден.

Новиот селектор на македонската репрезентација Марјан Илиевски е свесен дека го очекува тешка работа на функцијата.


Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Марјан Илиевски утре на средба со новинарите ќе биде промовиран како нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија.

Илиевски кој е дел од КК Пелистер, паралелно ќе ги извршува функциите. Во неговиот стручен штаб ќе бидат: Боро Даскаловски, Мирко Петрески и Боби Митев.

Македонија во август ја очекуваат претквалификациите за СП 2026. Во нашата група се Романија и Унгарија. Во наредната фаза ќе одат првите две селекци


Партизан на чекор до АБА титула

Партизан синоќа во Белград ја совлада екипата на Будуќност со 83-67 и поведе со 2:1 во финалната серија од плејофот на регионалната кошаркарска АБА-лига.

Домаќините беа подобри во текот на целиот натпревар и не им дозволија на гостите од Црна Гора да се надеваат на позитивен резултат.

Бековите на Партизан, Џонс и Лундберг беа најефикасни со по 14 поени, кај Будуќност се истакна Сулаимон со 20 поени.

Следниот натпревар исто така ќе се игра во Белград, утревечер од 20 часот. Партизан ќе игра за титула, додека Будуќност за продолжување на серијата.


Брук Лопез заминува од Милвоки

Во редовите на Милвоки Бакс, Брук Лопез најверојатно ќе го напушти тимот.

Се очекува тој да се најде на пазарот на слободни агенти. 37-годишниот центар минатата сезона заработи 23 милиони долари според договорот со Бакс, со просек од 13 поени, пет скока и 1,9 блокади за 31,8 минути по натпревар во 80 натпревари од регуларната сезона.

„Не мислам дека составот на Бакс ќе остане ист. Тимот веројатно ќе го задржи Кевин Портер, но речиси сите со кои разговарав мислат дека Брук Лопез дефинитивно е минато. Тој би можел да биде едно од најголемите имиња на пазарот“, рече новинарот Мет Мур.

Поврзани теми


Олимпијакос ја освои титулата првак на Грција во кошарка

STOIXIMAN GBL 2024-2025 / ΑΠΟΝΟΜΗ ΠΡΩΤΑΘΛΗΜΑΤΟΣ ΣΤΟΝ ΟΛΥΜΠΙΑΚΟ (ΑΝΤΩΝΗΣ ΝΙΚΟΛΟΠΟΥΛΟΣ / EUROKINISSI)

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во финалето на грчката лига и ја освоија шампионската титула.

Невидени тензии владееја во Грција за време на финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, буквално беше борба на „живот и смрт“.

Дури и сопствениците на двата тима беа вмешани во сè, а Владата на Грција речиси ја прекина финалната серија, што никогаш не се случило во историјата на грчкиот спорт.

Олимпијакос го победи Панатинаикос со 85-71 во салата „Мир и пријателството“ и ја освои шампионската титула.

Ова беше четвртиот натпревар во финалната серија, а Олимпијакос победи со 3-1, завршувајќи го најдраматичното финале во грчката историја со шампионска прослава.

Шакил Мекисик беше најефикасен со 20 поени, додека Тајлер Дорси имаше 17, Еван Фурние го заврши натпреварот со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алек Питерс имаше 11, а исто така и Никола Милутинов со 10 скока, додека Саша Везенков имаше само 2 поени, кој го повреди глуждот и беше изнесен од теренот.

Во редовите на Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 18 поени, додека Костас Слукас постигна 11 со 2 скока и 7 асистенции, Грант додаде 10, а Хуанчо Ернангомез имаше 9 со 9 скока.


Пењароја останува тренер и покрај сезоната без трофеи на Барса

Жоан Пењароја ќе остане на кормилото на кошаркарскиот состав Барселона иако неговиот тим е елиминиран во четвртфиналето на Шпанското првенство од екипата на Уникаха со 2-1 во победи. Тоа го потврди генералниот менаџер на клубот, Хуан Карлос Наваро.

„Јасно е дека заврши фантастична работа. Сега ќе работиме на зајакнување на тимот. Беше многу тешка сезона од сите аспекти“ – рече Наваро.

Пењароја во претходното лето потпиша двегодишен договор со Каталонците.


Кевин Дурент заминува од Феникс

Кевин Дурант, кој очигледно е на пат да си замине од Фeникс Санс, ќе биде продаден по пониска цена, прогнозираат НБА инсајдерите.

Тимот од Аризона плати многу за него во 2023 година, а би можеле да го ослободат за многу помалку.

Според Кели Ико од „Атлетик“, Санс сакаат да го продадат Дурант, но побарале премногу за него, па затоа сега ја намалиле цената.


Милутинов пред потпис со Олимпија Милано

Италијанските медиуми објавија дека Никола Милутинов би можел да го засили Армани Милано. Истите извори пренесоа детали од финансиската понуда, според која српскиот центар би станал еден од најплатените играчи во Европа.

Никола Милутинов и Олимпијакос нема да преговараат по завршувањето на финалната серија во грчкото првенство.

Според сознанијата на грчкиот портал „Спорт24“, деталите за соработката, која е блиску до официјализација, веќе се познати.

Милутинов би можел да потпише договор на две години, за плата од 4 милиони евра.

Во првата година, српскиот центар би заработувал 1.800.000 евра, додека во втората би заработил 2.200.000 евра. За третата сезона не беше наведено колку би можел да заработи Милутинов.

Милутинов минатата сезона во Евролигата имаше просек од 8,2 поени со 5,4 скока и просек од 20 минути на паркетот. Дел од сезоната беше повреден, па тоа влијаеше и на неговата игра.