кошарка

Брендон Дејвис е нов кошаркар на Олимпија од Милано

Искусниот американски центар Брендон Дејвис потпиша двегодишен договор со кошаркарскиот клуб Олимпија од Милано.

„Многу сум возбуден поради моето пристигнување овде и фактот дека ќе играм за шампионот на Италија. Едвај чекам да почнам со работа во клубот“, порача Дејвис.

Американецот во Милано пристигна од Барселона каде настапуваше претходните три години.

Дејвис претходно има настапувано за Жалгирис, Монако, Варезе, Шалон, Бруклин и во родната Филаделфија.


Банкеро прв пик на драфот, го избраа „магичните“ од Орландо

Орландо Меџик го избра Паоло Банкеро за број 1 на годинешниот драфт на Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Церемонијата се одржа во Центарот Баркли, домот на Бруклин Нетс.

Орландо последен пат доби можност да го избере најдобриот млад играч кој ќе дојде во НБА во 2004 година. Тогаш магичните го зедоа центарот Двајт Хауард. Минатата сезона тимот од Флорида го имаше вториот најлош учинок од сите 30 екипи во НБА – 22 победи и 60 порази.

Под број 2, Оклахома Сити го избра 20-годишниот центар Чет Холмгрен, а трет на драфтот беше Џабари Смит (19) кој ќе игра за Хјустон.

19-годишниот Банкеро минатата сезона одигра 39 натпревари за Универзитетот Дјук во колеџот и имаше просек од 17,2 поени и 7,8 скока по натпревар. Има и 41 украдена топка и 36 блока.


Александар Ѓорѓевиќ ја напушти клупата на Фенербахче

Од турскиот кошаркарски шампион Фенербахче ја потврдија веста дека ја прекинаа соработката со српскиот тренер Александар Ѓорѓевиќ.

Познатиот стратег неодамна со Фенербахче го освои трофејот во турската лига после победата во финалната серија над европскиот шампион Анадолу Ефес.

Според информациите големи се шансите Ѓорѓевиќ да го замени Истанбул со Мадрид, и да биде тренер на Реал.


Емил Рајковиќ е нов тренер на ЦСКА Москва

Московјаните денес со официјална информација дека потпишаа договор со нашиот Емил Рајковиќ.

Емил Рајковиќ, тренер кој во последната сезона одлично го водеше Автодор од Саратов, ќе добие големо признание за својата повеќедецениска работа.

Со оваа промоција Рајковиќ го има најголемиот ангажман во кариерата.


Емил Рајковиќ е прогласен за најдобар тренер на ВТБ лигата во 2019 година, кога од клупата ја водеше Астана. На балканската кошаркарска публика и е најпознат како тренер на МЗТ Скопје во АБА лигата во сезоната 2016/17.


Голден Стејт Вориорс го освоија шампионскиот трофеј во НБА лигата

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс станаа шампиони во НБА лигата по седми пат во својата историја.

Екипата на Голден Стејт беше подобра од Бостон Селтикс со 103:90, во шестиот натпревар од финалната серија, и со вкупен резултат 4-2 го прославија четвртиот трофеј во последните осум сезони.

За првпат во својата кариера, трофејот за најкорисен играч во финалето ја доби играчот на Вориорс, Стеф Кари. Тој во шест натпревари од финалната серија забележа просек од 31.2 поени, 6 скока и 5 асистенции.


Никола Јокиќ ќе настапува за Србија на Европското првенство во кошарка

Од Кошаркарскиот Сојуз на Србија ја потврдуваат веста дека Никола Јокиќ ќе настапува за српската репрезентација на Европското првенство кое ќе се одржи од 1. до 18. септември.

Центарот на Денвер и МВП на НБА лигата, одбиваше да игра за репрезентацијата на Србија во претходните години поради ограничувањата од НБА и напорните сезони. Но сега тој одлучи да се стави на располагање на селекторот на Србија, Светислав Пешиќ и да помогне во освојување на европското злато.


Синот на Шекил О’Нил на проба во ЛА Лејкерс

Синот на Шекил О’Нил, Шариф ќе биде на проба во Лос Анџелес Лејкерс, објави на Твитер новинарот на Атлетик, Јован Буха. 22-годишниот кошаркар, кој игра на центарската позиција, веќе бил тестиран во Милвоки и ќе тренира со Кливленд, Атланта и Вашингтон.

Лос Анџелес Лејкерс немаат избор на драфтот на 23 јуни. Лејкерси можат да купат или да разменат драфт пик за да го земат О’Нил. Исто така, клубот од Лос Анџелес може да потпише со кошаркар за периодот од Летната лига и потоа да потпише договор со него доколку не биде избран на драфтот.

Минатата сезона, Шариф О’Нил играше во колеџ шампионатот за Универзитетот во Луизијана, каде што имаше просек од 2,9 поени за 9,0 минути во 14 натпревари.

Шекил О’Нил играше за Лејкерс од 1996 до 2004 година. Тој е четирикратен шампион во НБА, 15-кратен Ол-стар играч, најкорисен играч во НБА (2000), МВП на финале (2000-2002), олимписки шампион во Атланта во 1996 година и светски шампион во 1994 година со Соединетите држави.


Леброн Џејмс купува тим од Лас Вегас

Леброн Џејмс изјави дека има голема желба да стане сопственик на тим кој ќе биде стациониран во Лас Вегас. Во една од епизодите во неговото шоу „Aninterapted“, Џејмс изјави дека знае кој е следниот голем чекор во неговиот живот.

„Сакам да поседувам тим. Дефинитивно сакам да купам тим. Сакам да купам тим во Лас Вегас”, изјави Џејмс.

Интересно, неодамна НБА размислуваше да ја прошири листата на тимови за уште два, а дека главни кандидати за новите НБА тимови се Лас Вегас и Сиетл.

Според листата на „Форбс“, Леброн Џејмс стана првиот активен играч во историјата на НБА лигата кој станал милијардер и само вториот кошаркар во историјата по Мајкл Џордан кој успеал на тој план.


Леброн Џејмс е првиот активен НБА играч кој станал милијардер

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, стана првиот активен кошаркар во НБА лигата кој станал милијардер, пренесува магазинот Форбс.

Џејмс своите приходи ги остварил настапувајќи за повеќе НБА екипи, како и вложувањето во успешни компании преку купување на акции во истите. 

Статус на кошаркарски милијардер има и легендата на овај спорт, Мајкл Џордан, но тој оваа цифра ја достигна после неговото заминување во кошаркарска пензија.


Бостон Селтикс одат во големото НБА финале

Екипата на Бостон Селтикс се пласира во големото финале на НБА лигата каде ќе се сретнат со Голден Стејт Вориорс. Тимот од Бостон во седмиот натпревар од финалето на Источната конфренција издвојува победа над Мајами Хит со резултат 100:96.

Бостон досега бил шампион на НБА 10.пати и сега екипата ќе се обиде да стигне до својата 18.титула. Последен пат Селтикс играа во големото финале пред 12 години кога загубија од ЛА Лејкерс.