кошарка

Мареј постави канадски рекорд, Денвер го надигра Портланд

FILE – Denver Nuggets guard Jamal Murray against the Miami Heat during the second half of Game 5 of basketball’s NBA Finals, Monday, June 12, 2023, in Denver. Murray announced Wednesday, Aug. 16, that he will not play for Canada in the World Cup. Murray said he needs more time to rehab to get ready for the regular season. (AP Photo/Jack Dempsey, File)

Денвер го победи Портланд со 132-121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.

Кошаркарот на Нагетс, Џамал ​​Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА.

Мареј стана и првиот играч во историјата на Деневр со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар.

Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА лигата, со просек од 21 поен и 3,9 скока по натпревар.


Костас Адетокумбо потпиша за Мурсија

Костас Адетокумбо има нов клуб, а тоа е шпанската Мурсија. Откако стана јасно дека нема да се избори за минутажа во Панатинаикос, реши да замине од Грција и се пресели во шпанската АЦБ лига, а ќе игра и во Лигата на шамлионите на ФИБА.

Грчкиот репрезентативец првпат во кариерата ќе игра во Шпанија, а претходно ги носеше дресовите на Далас Маверикс, ЛА Лејкерс, Асвел и Фенербахче.


Почнува завршницата на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

Гевгелија од денес до недела е домаќин на натпреварите од годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Осумте екипи во машка и четири во женска ќе се борат за вредниот трофеј.

Двојки за денешните четвртфиналиња:
ТФТ – Гостивар (почеток 13 часот)
Пелистер – Чаир (15:30 ч.)
Куманово – Кожув (18 ч.)
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 20:30 ч.)

Трофејот од ланскиот куп го брани МЗТ Скопје Аеродром.

Полуфинални двојки во женска конкуренција
Крива Паланка – Вардар
Баскет Кам – Бадел 1862.

Организацијата на турнир на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 е доделена на КК „Кожув“ од Гевгелија.


Украинецот Алекс Лен потпиша за Лејкерси

Откако пропадна трејдот за Марк Вилијамс, Лос Анџелес Лејкерс побараа нов центар на пазарот на слободни агенти и го најдоа во 31-годишниот Украинец, висок 213 сантиметри, Алекс Лен.

Алекс Лен изминатите три и пол години ги мина во Сакраменто Кингс како трет центар, а оваа сезона во 36 натпревари имаше просек од 1,4 поени и 1,8 скока за седум минути игра.

На последниот ден од преодниот рок во НБА лигата Сакраменто Кингс го разменија со Вашингтон Визардс, кои му го раскинаа договорот и му дозволија да потпише за нов клуб за минимална плата.

НБА кариерата на Лен трае 12 сезони, ги мина во Феникс, Атланта, Сакраменто, Торонто и Вашингтон, пред да се врати во Кингс во летото 2021 година. Во 680 натпревари, тој во просек постигнува 6,7 поени и 5,3 скока.

Иако не е познато име, Лен ќе им биде корисен на Лејкерси до крајот на сезоната, откако го загубија својот стартен центар Ентони Дејвис во шокантниот трејд за Лука Дончиќ.

Лејкерси со Шарлот направија трејд, го донесоа Вилијамс во замена за Далтон Кнехт, Кам Редиш и идни драфт пикови.


Евролигата се шири на дваесет клуба

Се повеќе се зборува дека Евролигата би можела да брои 20 екипи од следната сезона. Како што пренесува порталот Јурихупс, ваквиот развој на настаните може да доведе до промена на форматот на натпреварувањето.

Новинарот Арис Баркас наведува дека раководството на Евролигата, предводено од Дејан Бодирога и Паулиус Мотејунас, на тимовите со лиценца „А“ им претставило план за проширување на натпреварувањето на 20 екипи. Предлогот е тимовите да бидат поделени во две конференции (се уште не се знае дали според географски критериуми), а во регуларната сезона секој клуб би одиграл по 28 натпревари.

Се претпоставува дека системот на натпреварување би бил следниов: секој тим ќе одигра 18 натпревари од регуларната сезона против тимови од својата конференција (дома-гости). Дополнително, секој тим би одиграл по еден натпревар против ривали од друга конференција, пет дома и пет на гости.

Ваквата промена би била значително полесна за организаторите и учесниците отколку да го остави стариот систем. Доколку форматот на лигата остане ист, тоа би значело дека тимовите од Евролигата ќе одиграат 38 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, а бројот на таканаречените „двојни недели“ да се зголемат од седум на девет.

Засега не се знае кој систем ќе биде усвоен, но се поизвесно е дека ќе дојде до проширување на 20 клубови.


Кајри и Јанг дополнително повикани на Ол стар натпреварот

НБА лигата ги одреди замените за Јанис Адетокумбо и Ентони Дејвис на Олс стар викендот во Сан Франциско.

Јанис Адетокумбо не игра две недели поради повреда, а Ентони Дејвис се повреди на дебито за Далас Маверикс.

Замена за Адетокумбо ќе биде кошаркарот на Атланта, Тре Јанг.

Јанг по четврти пат во кариерата ќе игра на Ол-стар натпреварот. Во досегашниот тек од сезоната, Јанг е водечки лидер во лигата со 11,4 асистенции и постигнува 23,5 поени по натпревар.

Замена за Дејвис ќе биде неговот нов соиграч, Кајри Ирвинг. Ова ќе биде деветти Ол-стар настап во кариерата.

Тој ги имаше првите четири за време на неговиот престој во Кливленд од 2013 до 2017 година. Потоа ја продолжи традицијата во дресот на Бостон две сезони со нив, а уште два пати беше дел од НБА спектаклот, за време на неговиот мандат со Бруклин (2021) и Далас во 2023 година


Јончевски ги сврсти и Хап и Шортс во составот за Естонија и Полска

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во претстојниот трет евроквалификациски прозорец.

Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин каде на 21 февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24. февруари (понеделник) ќе ја пречекаме соодветната репрезентација на Полска во Скопје. Натпреварот против Полска ќе се одигра во СРЦ Кале, со почеток во 18:30 часот.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 17 февруари (понеделник) со почеток во 18:00 часот, во СРЦ Кале.

Македонија мора да ги добие двете средби плус против Естонија треба да победи со разлика поголема од пет поени и во исто време Естонија да доживее два порази, за да се квалификува на Европското првенство.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Дамјан Робев – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Шошкиќ – Работнички
Теодор Симиќ – Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири – Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл


Ембид повторно се повреди, нови грижи за Сиксерси

Џоел Ембид повторно има проблеми со коленото и затоа не е на нивото од претходните сезони, па наскоро ќе мора да оди да прави операција.

Откако го повреди коленото пред една година, Ембид потврди дека мора да оди на операција и го чека подолга пауза.

Засега нема точен термин кога ќе оди на операција, но се шпекулира дека тоа најверојатно ќе биде за време на летната пауза.

Ова за искусниот кошаркар ќе биде дури шеста операција во период од 2014 до 2025 година.


Македонија загуби во драматичен финиш од Украина во Рига

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа болен пораз од Украина од 74-72 во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП.

Нашите кошаркарки го одиграа најдобриот натпревар во овој циклус и беа многу блиску и до победата затоа што на 55 секунди до крајот водевме со 72-71 по тројката на Митрашиновиќ.

Меѓутоа потоа не реализиравме до крајот, имавме неуспешно обиди на Николиќ и Митрашиновиќ, додека Украинките погодија три од четирите слободни и се израдуваа на триумф во Рига.

Капитенот Митрашиновиќ со 33 поени, 7 скока и 7 асистенции беше најдобар наш поединец.


Одреден терминот за дебито на Дончиќ за Лејкерси

Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот на дебито на Лука Дончиќ.

„Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на Лејкерс, изјави тренерот“, на официјалниот сајт на НБА.

Лос Анџелес лејкерс на 2 февруари го објавија трансферот на 25-годишниот словенечки кошаркар.

Оваа сезона Дончиќ има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,9 асистенции по натпревар. Дончиќ во текот на својата кариера пет пати учествуваше на Ол-стар во НБА лигата. Во Лејкерс, Дончиќ дојде од Далас маверикс.