кошарка

ЦСКА Москва ќе настапува во Евролигата како домаќин во Белград

Кошаркарскиот клуб ЦСКА од Москва, од идната сезона би можел повторно да настапува во Евролигата, но своите натпревари како домаќин да ги игра во Белград.

Според информациите, рускиот клуб поднел барање до Евролигата, да остане член на Евролигата, и предлогот да биде разгледан на Фајнал Фор турнирот кој викендов се одржува во Белград.

Руските екипи беа исфрлени од Евролигата, поради почетокот на војната во Украина, а покрај ЦСКА, забрана за настап добија и екипите на Зенит и Уникс.


Дончиќ го однесе Далас до финале во Западната конференција

Далас Маверикс во седмиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција во НБА лигата, го победија тимот на Феникс Санс со 123:90. Лидер во победата на Далас беше Лука Дончиќ.

Словенецот успеа да забележи 35 поени, десет скока и четири асистенции. Далас Маверикс во финалето на конференцијата ќе се сретнат со екипата на Голден Стејт. Ова е прво финале за Маверикс од 2011 година, кога предводени од Дирк Новицки ја освоија титулата.


Ирвинг нема да продолжи во дресот на Бруклин

Кајри Ирвинг најверојатно ќе остане без тим на крајот на сезоната, но и без спонзор. Компанијата „Најк“ реши да не ја продолжи соработката со него за сезоната 2022/23, иако новиот модел на патики на Ирвинг требаше да излезат оваа есен.

Ирвинг соработуваше со компанијата од 2014 година, а се шпекулира дека неговиот договор и понуда ќе бидат ревидирани.

Кошаркарот често беше во центар на внимание на погрешен начин, откако не се вакцинираше и не можеше да игра на домашен терен за Бруклин.

Ирвинг исто така јавно ја критикуваше компанијата „Најк“ затоа што не му се допадна моделот „Кајри 8“.


Виртус од Болоња победник на кошаркарскиот ЕВРОКУП

Кошаркарите на Виртус од Болоња се победници на Еврокупот за сезоната 2021/2022.

Играчите на тренерот Скариоло, во финалниот натпревар го победија овогодинешното пријатно изненадување во натпреварувањето, турската Бурса со резултат 80:67. 

На тој начин Виртус обезбеди учество во Евролигата во следната сезона. Најкорисен играч во финалето беше прогласен Србинот Милош Теодосиќ кој успеа да постигне 21 поен.


Трофејот на Јокиќ за МВП на НБА лигата предаден пред штала во неговиот град Сомбор

Кошаркарот Никола Јокиќ, и втора година по ред е прогласен за најдобар играч на регуларниот дел од НБА лигата, а челните луѓе од клубот Денвер пријатно го изненадија играчот. 

Тие пристигнаја во Сомбор, родниот град на Јокиќ, и лично му го врачија трофејот покрај шталата каде Јокиќ ги чува своите коњи. Српскиот играч со неверување и солзи во очите ја прими наградата.

https://twitter.com/nuggets/status/1524518480753528833?s=20&t=e4F353eASvuDXwZtdO9sHA



Ефес обезбеди пласман на Ф4 во Белград

Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес, се пласира на завршниот Фајнал-фор турнир од Евролигата кој ќе се одржи во Белград.

Ефес во четвртфиналната серија го елиминира Армани Милано со вкупен резултат од 3:1. Последниот натпревар заврши со победа од 75:70 за турскиот тим.


Леброн: Повеќе нема да пропуштам плеј-оф

Леброн Џејмс оваа сезона не успеа да се пласира со Лос Анџелес Лејкерс во НБА плејофот.

Лејкерси регуларниот дел од сезоната го завршија како единаесетти на табелата, па не ни отидоа во плеј-ин разигрувањето. Ова беше само четврти пат за Леброн да го пропушти плеј-офот. Претходно тоа му се случи во 2004, 2005 и 2019 година.

Тој сподели коментар со своите следбеници на Твитер по возбудливите натпревари во првото коло од плеј-офот.

„Не смеам и нема да пропуштам ниту еден плеј-оф во кариерата. Ова ср*ње боли! Во ред, се враќам да ги гледам натпреварите“, напиша Леброн Џејмс на Твитер.


МЗТ Скопје се враќа во АБА лигата

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, после пауза од четири години, повторно ќе настапува во Јадранската АБА1 лига.

Пласманот за учество, тимот од Скопје го обезбеди со победата над Широки Бријег со 75:71, во рамките на полуфиналето од АБА2 лигата. Дуелот се одигра во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Најефикасен кошаркар кај скопјани беше Дамјан Стојановски со 17 коша и 5 скока.


Голд Слот донира комплет дресови за Женскиот кошаркарски клуб „Трокал“ од Кавадарци

Женскиот кошаркарски клуб „Трокал“ од Кавадарци, одигра доста успешна сезона, при што успеа да се пласира во разигрувањето за пласман во Првата А кошаркарска лига.

Успехот на клубот беше препознат од Голд Слот Клубовите, кои одлучија нивниот труд и работа да го наградат со донирање на 15. комплети кошаркарски дресови, кои ќе помогнат во полесно функционирање на екипата. Кошаркарките на Трокал веќе имаа можност да ги облечат новите дресови на нивниот прв натпревар во разигрувањето за пласман.

Од Голд Слот напоменуваат дека секогаш биле, и ќе продолжат да бидат достапни за нудење помош и поддршка на спортските клубови и екипи, со цел нивно непречено делување и постигнување на што подобри натпреварувачки резултати.


Здовц не е повеќе тренер на Жалгирис

Разочарувачката сезона во кошаркарската Евролига е причина поради која екипата на Жалгирис се одлучи да ја прекине соработката со тренерот Јуре Здовц.

За наследник на 54-годишниот тренер од Словенија, веќе е назначен домашниот стратег, Казис Максвитис.

Здовц го презеде клубот од Каунас во октомври, но под негово водство екипата не успеа да ги повтори резултатите од некои претходни сезони. Во домашното првенство екипата има скор од 22-3, додека сезоната во Евролигата ја заврши на делба на последното место со 8 победи и 20 порази.