кошарка

Мекиќ се врати во Македонија и потпиша за ТФТ

Адем Мекиќ по две сезони се враќа во мак-кошарката. Тој денеска
потпиша договор со екипата на ТФТ која најави дека има големи
амбиции во новата сезона во домашни рамки.
Искусниот кошаркар претходно играше во Вардар, МЗТ
Аеродром, Куманово, АБ Охрид и Пелистер. Претходните речиси
две сезони ги помина во романскиот состав Темишвар и во
хрватскиот Задар.
Мекиќ потпиша со ТФТ така наречен отворен договор што значи
дека ќе може да ја прекине соработката доколку добие понуда да
замине надвор од границите на нашава земја.


Дончиќ се повреди во подготвителниот период на Далас

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, се здоби со повреда, откако Словенецот заработи контузија на левата потколеница.

Состојбата на Дончиќ ќе се процени за една недела, по што ќе биде познато кога ќе се врати на терените.

Далас Маверикс го очекуваат неколку претсезонски натпревари во НБА-лигата, а првиот ќе се одигра за шест дена против Мемфис.

Потоа, на 11 октомври ќе играат со Јута, на 15 октомври со ЛА клиперс, три дена подоцна со Милвоки.


Претседателот на ПАО сонува трансфер на Јокиќ во неговиот клуб

Претседателот на Панатинаико, Димитрис Јанакопулос, даде интересна изјава поврзана со најдобриот НБА кошаркар Никола Јокиќ.

„Престанав да гледам НБА лигата кога се пензионира Мајкл Џордан. Сега има нова причина за задоволство, а таа се вика Никола Јокиќ. Уживам во неговите игри и ги гледам настапите на Денвер секогаш кога можам. 

Ако некогаш имаме можност, би сакал да го доведеме Јокиќ во нашиот тим. Знам дека заработува огромна сума, но можеби во иднина нештата ќе се променат. Тоа би била вистинска „бомба“ во Атина, навивачите би биле во транс“, изјави Јанакопулос.


Човиќ прв човек на српската кошарка

Досегашниот прв човек на КК Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ, од денеска е претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија. Човиќ ја презеде функцијата од Предраг Даниловиќ, на кого му истече мандатот.

На денешната седница на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС), Небојша Човиќ беше избран за нов претседател. Резултатот од гласањето беше – 28 гласа „за“ и еден „воздржан“.

„Ви благодарам за довербата. Пред нас е интересен период – олимписки циклус. Треба да го продолжиме континуитетот на Собранието. Ни претстојат квалификации, Европско првенство… Потребно е да создадеме заеднички пристап, без оглед на разликите. Првата задача е да го решиме прашањето за селекторот“, изјави Човиќ, алудирајќи да се продолжи соработката со Светислав Пешиќ.


Куртинаитис нов селектор на Литванија

Римас Куртинаитис е назначен за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Литванија.

Куртинаитис седнува на селекторската клупа на местото на Казис Максвитис, кој поднесе оставка во јули откако не успеа да ја однесе Литванија на олимпискиот турнир во Париз.

Куртинаитис на клупата на Литванија ќе дебитира во ноември на натпреварите против Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Македонија на 21 ноември ја пречекува Литванија, а реваншот е на програмата на 24 идниот месец.


Дрес на Леброн продаден за 1,3 милиони евра

Дресот на Леброн Џејмс кој го носел како средношколец е продаден за неверојатни 1,3 милиони долари, објавија медиумите во САД.

Станува збор за дресот од „Сент Винсент-Сент Мери“ кој во последните пет години по трет пат е е продаден на аукција.

Со овој дрес Леброн во последната сезона постигна дури 32 поени во натпревар кој беше еден почеток на неговиот пат кон НБА лигата.


Мидлтон уште не е спремен за враќање на терените

НБА кошаркарот Крис Мидлтон продолжува со рехабилитација откако имаше две операции на скочните зглобови.

Операциите беа неопходни за да му помогнат на Мидлтон да се ослободи од болките кои ги чувствуваше во текот на минатата сезона.

„Крис сè уште не е подготвен за целосен тренинг пет на пет“, оцени медицинскиот персонал на тимот.


Минесота го трејдуваше Ентони Таунс во Њујорк

M

Карл Ентони Таунс ќе ја промени средината и се сели во Њујорк Никс, франшиза која реши да му обезбеди место на досегашниот член на „волците“ од Минеаполис.

За потписот на Таунс, Њујорк во спротивен правец ги испраќа Џулиус Рендал и Донте Дивиченцо, но Минесота ќе го добие и првиот пик на драфтот кој инаку му припаѓа на Детроит.

Оваа неочекувана размена предизвика многу реакции во кошаркарска Америка, а прилично шокиран од потегот на Минесота е и самиот Таунс.

Досегашната ѕвезда на „волците“ јасно долови дека е незадоволен од третманот кој го доби, па преку социјалните мрежи испрати само три точки во знак на неверување.


„БЦ Партнерс“ ја купува Евролигата

Британската компанија „БЦ Партнерс“  преговара со кошаркарската Евролига за купување на малцински удел од ова натпреварување.

Според „Фајненшл тајмс“, оваа компанија чија вредност се проценува на 145 милијарди долари би зазела третина од уделот во управувањето на натпреварувањето, доколку се остварат преговорите со актуелното раководство на Евролигата.

Според проценките, вредноста на Евролигата достигна една милијарда долари. Оптимистичките проценки, повторно според споменатиот извор, велат дека преговорите меѓу двете страни би можеле да завршат за еден месец, иако, како што наведуваат од eвропските медиуми, најверојатно ќе се пролонгираат, но секако целата приказна за продажбата на акциите на управувањето со новите сопственици би можело да се заврши до крајот на годината.


Фредерик Фоту нов селектор на француската репрезентација

Француската кошаркарска федерација експресно ги разреши
дилемите околу селекторската функција по заминувањето на
Винсан Коле, откако за нов стратег на националниот тим беше
именуван Фредерик Фоту.
Станува збор за 51-годишен стратег кој денеска беше официјално
претставен како селектор, потпишувајќи договор до крајот на
олимпискиот циклус за ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.
Фоту пред помалку од десет години беше тренер во третата
француска лига, потоа се пресели во Асвел како помошен тренер
на Паркер, а лани го водеше тимот на Бурж, со кој стигна до
финалето на Еврокупот каде што беше поразен од тимот на
Париз.