кошарка

Барселона нема да патува во Русија, Евролигата веќе закажа состанок

Кошаркатите на Барселона го одложија своето патување во Русија, каде во петок требаше да играат против Зенит од Санкт Петерсбург а во недела со ЦСКА Москва, во рамките на кошаркарската Евролига.

Иако од Евролигата претходно соопштија дека сите претходно закажани натпревари ќе се играат според планот, екипата на Барселона останала на аеродромот и не планира да патува за Русија.


Горан Драгиќ ќе настапува за Бруклин Нетс

Словенечкиот кошаркар, Горан Драгиќ,потпиша договор со НБА тимот Бруклин Нетс каде ќе игра    до крајот на сезоната.

35-годишниот играч му се приклучи на тимот на тренерот Стив Неш, со кого во минатото беа соиграчи во Феникс Санс.

Словенецот одигра само пет натпревари за Торонто, но кон крајот на ноември минатата година го напушти тимот од лични причини.

Во својата НБА кариера, Драгиќ има просек од 13,9 поени, 4,8 скока и 3,1 асистенции во вкупно 872 натпревари за екипите на Феникс, Мајами, Хјустон и Торонто.


Риверс: Време е Филаделфија да се бори за титулата

Тренерот на Филаделфија, Док Риверс се надева дека неговиот тим ќе може да се бори за шампионската титула во НБА-лигата оваа сезона. Пред истекот на рокот за размена, клубот потпиша со Џејмс Харден.

„Мислам дека дојде време тоа да го направиме сега. Долго време сум во оваа лига. Секогаш се сеќавам на шампионскиот Бостон од 2008 година. Знам дека имаме малку време, дека нема да биде лесно да го достигнеме врвното ниво за кратко време. Но, ние треба да се бориме за титулата токму сега“, изјави Риверс.

Филаделфија по 58 одиграни натпревари во НБА-лигата оваа сезона има 35 победи и 23 порази и се наоѓа на четвртото место во Источната конференција.


Лука Дончиќ: Доволно е што Мајкл Џордан го знае моето име

НБА Ол-стар спектаклот кој се одржа во Кливленд и овој пат предизвика голем интерес кај пошироката јавноста.

Покрај кошаркарските ѕвезди на теренот, на трибините можеа да се забележат и голем број на НБА легенди.

Лука Дончиќ кој беше дел од победничкиот тим на Леброн Џејмс, пред почетокот на средбата имаше изненадувачка средба со најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.

Џордан за време на загревањето му пријде на Дончиќ и го изненади со прегратка и пријателски однос.

После натпреварот, Лука Дончиќ изјави дека останал трогнат од средбата.

„Тоа беше неверојатно, незнам како да го објаснам моментот. Ем Џеј го знае моето име и тоа е доволно за мене“, изјави Дончиќ.


Попович втор на вечната листа на тренерски победи во НБА лигата

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, изби на второто место во НБА по остварени победи во регуларниот дел од сезоната.

Спарси предводени од Попович синоќа извојуваа победа на гости против Оклахома со 114:106 што беше 1.333-та за Поповиќ.

73-годишниот кошаркарски стручњак го помина Лени Вилкенс (1332).

Во моментов, Дон Нелсон е лидер по победи меѓу тренерите на НБА (1335). Попович започна да работи како главен тренер на Сан Антонио во 1996 година.


Макаби со отказ за тренерот Сферопулос

Гркот Јанис Сферопулос не е повеќе тренер на кошаркарскиот клуб Макаби од Тел Авив.

Тој доби отказ од клубот после елиминацијата во полуфиналето од домашниот Куп, каде Макаби беше поразен од екипата на Хапоел, со резултат 80:90.

После натпреварот, навивачите на Макаби го изразија своето незадоволство од поразот, при што беше избегнат и инцидент бидејќи дел од публиката сакаше физички да ги нападне тренерот и играчите.

Јанис Сферопулос беше тренер на Макаби од Тел Авив од 2018 година, а претходно ги водеше грчките екипи Олимпијакос и Паниониос.


Џерет Ален влета на местото на Џејмс Харден на викендот на сите ѕвезди

Центарот на Кливленд, Џерет Ален, ќе биде замена за повредениот Џејмс Харден на „Ол-старот“  дуелот во кошаркарската НБА конкуренција.

Тој досега одигра 49 натпревари и направи просек од  16,2 поени, 11,1 скока и 1,8 асистенции.

Ален ќе биде дел од тимот на Леброн Џејмс. Мечот на ѕвездите ќе биде одигран наредниот викенд во Кливленд.


Леброн Џејмс со историски рекорд во НБА лигата

Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата откако стана водечки стрелец во комбинираната регуларна сезона и плеј-офот, и покрај тоа што ЛА Лејкерс беа поразени од Голден Стејт Вориорс со 117-115.

Џејмс промаши слободно фрлање во последната секунда со кое ќе го добиеше натпреварот во Сан Франциско, но сепак успеа да постигне 26 поени и го надмина вкупниот бројот на поени на Карим Абдул-Џабар од 44.149. 

Леброн Џејмс сеуште заостанува зад Абдул-Џабар (38.387) и Карл Мелоун (36.928) на листата со поени во регуларниот дел од сезоната, но беше задоволен што стигна до уште еден рекорд во неговата богата кариера.

https://twitter.com/Lakers/status/1492697726160568320?s=20&t=H82ZGs6_7v0f0EeyiVztEQ

Капитените Леброн и Дурент ги објавија играчите за Ол-стар тимовите

НБА ѕвездите Леброн Џејмс и Кевин Дурент се капитени на овогодинешните Ол-стар тимови за настанот кој ќе се одржи на 20. февруари во Кливленд.

Во почетната петорка која ја избра Леброн Џејмс ќе се појават Јанис Адетокумбо, Стеф Кари, Демар Дероузен и Никола Јокиќ. Резерви во тимот ќе бидат Дарус Гарланд, Џими Батлер, Донован Мичел, Џејмс Харден, Фред Ванвлит, Крис Пол и Лука Дончиќ.

Стартери во тимот на Кевин Дурент ќе бидат Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Џа Морант, Ендрју Вигинс и Тре Јанг. Како резерви се Девин Букер, Карл-Ентони Таунс, Зек Лавин, Дежонте Мареј, Крис Мидлтон, Ламело Бол и Руди Гобер.


Евролигата го одложи дуелот на Фенербахче и Баерн

Кошаркарската Евро-лига потврди дека поради Ковид-19 е одложен натпреварот од 26 коло меѓу Фенербахче и Баерн Минхен кој требаше да се одигра на 11 февруари.

Германскиот тим има неколку заразени и не може да го обезбеди потребниот минимум од 8 кошаркари.

Според правилата на Евролигата, еден натпревар може да се одложува максимум  три пати доколку има слободни термини.