кошарка

Во Болоња можат да здивнат, Шенгелија не е сериозно повреден

Италијанскиот кошаркарски тим Болоња ќе може да смета на Тонике Шенгелија на престојните натпревари откако деталните медицински прегледи беше утврдено дека Грузиецот не забележал значајна повреда на натпреварот против Валенсија.

Кандидатот на најкорисен играч на сезоната во Евролигата заработи повреда на зглобот на ногата против шпанскиот тим и мораше да го напушти теренот по само шест минути игра.

32-годишнкот оваа сезона бележи просек од 13.9 поени, 5.4 скокови и 3.5 асистенции на 24 одиграни средби во најсилното европско кошаркарско првенство.


Милвоки го ангажира Данило Галинари

Милвоки Бакс го засили ростерот со искусно и квалитетно име. Станува збор за Данило Галинари кој бргу најде нов ангажман по заминувањето од редовите на Детроит Пистонс.

Италијанецот кој има 35 години зад себе има завидно НБА искуство, па се очекува да биде добро засилување за ротацијата на Милвоки.

Галинари со Бакси се договори до крајот на сезоната, а според информациите тој ќе заработи околу еден милион евра.


Црвена Звезда сака да го врати Калиниќ ова лето

Небојша Човиќ, ги истакна приоритетите за засилувања на Црвена Звезда во текот на летото.

„Треба да го засилиме составот. Можам да кажам дека сме многу заинтересирани за Никола Калиниќ. Работиме на неговото враќање. Имаше договор по шемата „1+1“ а ние му доцнивме 4 од 5 плати“ – вели Човиќ.

„Човекот чекаше, му ветивме но, не го одржавме ветувањето. И тој се пресели во Барселона. Работиме на неговиот трансфер“, рече Човиќ.


Хезоња заминува од Мадрид на крајот на сезоната

Хрватскиот кошаркарски репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Марио Хезоња одбил две понуди за продолжување на договорот со „кралскиот клуб“, открива шпанскиот медиум „Марка“.

Причината за тоа е финансиската страна од која 28-годишниот крилен центар воопшто не е задоволен.

Шпанските медиуми откриваат и дека Хезоња има богата понуда од Панатинакос вредна два милиони евра по сезона.

Хрватот не ја крие поврзаноста со грчкиот тим каде брзо стана и миленик на навивачите па се поголема е веројатноста дека ќе се врати во Атина.


Бруклин го отпушти тренерот Жак Вон

Тренерот на НБА тимот, Бруклин Нетс, Жак Вон доби отказ. Веста официјално ја потврдија од клубот.

Бруклин е единаесетти во Источната конференција со 21 победа и 33 порази и скор без шанси за пласман во плеј-офот. Од клубот прецизираа дека замената на Вон во моментов не е избрана, но некои инсајдери објавија дека тоа ќе биде Кевин Оли, кој од минатата сезона беше помошник на Вон во клубот.

Вон го презеде Бруклин Нетс во ноември 2022 година.


Леброн сака да игра на олимпискиот турнир во Париз

Леброн Џејмс изјави дека сака да биде дел од американската репрезентација на Олимписките игри во Париз.

По олстар-натпреварот Џејмс кажа дека е подготвен за настап и борба за златниот медал, иако има 39 години.

„Играм за Лејкерс веќе шест сезони и се надевам дека така ќе остане. Пред крајот на сезоната ќе видам како ќе се чувствувам, но сакам да играм на Олимписките игри во Париз“, кажа Џејмс.


Мајк Џејмс најави кошаркарска пензија

Договорот на Мајк Џејмс со неговиот сегашен клуб Монако завршува на крајот на сезоната, а откри дека следниот договор ќе биде последен во неговата кариера.

„Колку и да ја сакам кошарката, некогаш сум уморен од улогата кошаркар, ако ви има смисла. Така да, ќе бидам прецизен. Следниот договор најверојатно ќе биде последен. Тоа ќе биде крај на моето поглавје како кошаркар“, изјави Џејмс.

На прашањето дали ќе го продолжи договорот со Монако чиј дел е од 2021 година Американецот остана мистериозен.

„Долга е сезоната, знаат каде живеам. Имаме време да разговараме за тоа“, додаде 33-годишникот.


Истокот победник на НБА Ол-стар натпреварот

Тимот на источната конференција е Победник на НБА Ол-стар натпреварот кој се одигра ноќва. Конечниот резултат на крајот изнесуваше 211:186.
За МВП на дуелот беше избран Дамиен Лилард кој имаше скор од 30 поени и уфрли дури 11 тројки.

Освен за најкорисен играч, популарниот Дем го подигна трофејот и во натпреварот на шутирање тројки.


Дончиќ добива нов договор со Далас Маверикс

Договор со Далас Дончиќ има до сезоната 2025/2026, но не ја крие желбата да остане во Далас по стапките на Дирк Новицки кој стана вистинска легенда за овој клуб. Сепак, за да остане управата на Далас ќе мора да издвои вистинско богатство.

Според последните информации од САД, Дончиќ ќе стави потпис на договор летото 2025 година и неговата вредност ќе изнесува 350 милиони долари. Согласно колективниот договор, Словенецот со изборот во првата петорка на сезоната на НБА-лигата ќе влезе во групата на самата елита на најсилната лига на светот, што му овозможува да добие максимален можен договор.

Лука беше дел од најдобрата петорка во 2023, а ако тоа биде случај и во 2024 (нешто што се очекува), границата за максимален договор ќе скокне на неверојатни 367 милиони долари.


Јончевски го скрати списокот за стартот на евро-квалификациите

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, определи 14 играчи со кои ќе се појави на првиот меч од квалификациите за ЕП 2025, кој ќе го одиграме против Естонија во салата СРЦ „Кале“ во Скопје на 23 февруари.

Список на репрезентативци:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – Пелистер

Андреј Маслинко – Пелистер

Амар Хот – Пелистер

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Ненад Димитријевиќ – Уникс, Русија

Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Итан Хап – Гран Канарија

Во нашата конкуренција се уште Полска и Литванија која е најголем фаворит за првото место. Пласман на Континеталниот собир ќе обезбедат двете најдобри селекции во групата.