кошарка

Димитријевиќ пристигна во Клаипеда и тренираше пред дуелот со Литванците

Машката сениорска кошаркарска репрезентација попладнево одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре, од 18:30 часот, ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите од групата Х за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

На националниот тим му се приклучи и Ненад Димитријевиќ, кој ќе настапи на утрешниот натпревар.

Плејмејкерот пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи. Поради клупските обврски во Евролигата Димитријевиќ не настапи на средбата во Скопје, која што заврши со убедлива победа на Литваниците.

Според планот, нашата најдобра селекција ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, во периодот од 10:30 до 11:30 часот.


Везенков ќе игра за Кипар на Евробаскетот?

Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрезентацијата на Кипар.

Кипар кој е еден од домаќините на следниот Евробаскет го посакува Везенков во своите редови. Минатата сезона бугарскиот кошаркар настапуваше во редовите на Сакраменто од каде што пристигна во Олимпијакос. Везенков веќе го носеше дресот на Бугарија, но според правилникот на ФИБА има можност да ја промени земјата.


Кошаркарите тренираат во Клаипеда по долгиот пат

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го одработи тренингот пред утрешниот натпревар од четвртото коло во квалификациите за Евробаскетот 2025, во кое ќе играме повторно против Литванија.

Натпреварот во Клаипеда се игра во терминот од 18:30 часот.

Кошаркарите денеска тренираа во салата „Свитурио“ каде и што ќе се игра средбата. За разлика од првиот натпревар, од денеска во нашиот тим е и нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ.


Дамјан Стојановски меѓу петмината најдобри по освоени топки во третото коло

Ефект за посебно почитување направи нашиот репрезентативен бек Дамјан Стојановски.

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија – Литванија може да се запише еден, токму таков.

Го има Дамјан Стојановски, еден од нашите репрезентативни со најголемо акумулирано искуство, а е поврзано со едне несекојдневен ефект, барем кога станува збор за едно репрезентативно ниво, што со себе го носат квалификациските натпревари, во овој случај, за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

На средбата со Литванија, нашиот репрезентативен бек имаше поголем број на освоени топки отколку во оние други статистички категории.

Реализираше дури пет, што е најдобар индивидуален ефект во овој трет квалификациски круг.

Секако останува жалење што овој негов придонес во фазата на одбрана, не беше валоризиран со успешен резултат, но е потврда плус за пожртвуваноста која на теренот ја дава Дамјан Стојановски, кој за потсетување, наскоро, поточно на 9.декември, ќе наполни 37.години.


Ли го напушта Макаби по само шест недели и се враќа во поранешниот клуб

Сајбен Ли по само шест недели ќе го напушти Макаби од Тел Авив.

Ли пристигна во „Гордоста на Израел“ по двете одлични партии за Маниса во Лигата на шампионите на ФИБА, а добар старт имаше и во Макаби.

Против Ефес постигна 23 поени, а потоа во последната секунда погоди за победа над Реал Мадрид.

Ли ќе се врати во Маниса, која се мачи оваа сезона, особено во турскиот шампионат, каде има само една победа во седум натпревари.

Инаку, тој го пропушти тренингот минатата недела, а со соиграчите се виде ден пред мечот со Армани.

Тој вечера не влезе во игра во дуелот со „манекените“ во кој Макаби го претрпе четвртиот последователен пораз.

Ли оваа сезона во Евролигата има просек од 12 поени, 2,5 асистенции и 2,1 скока.


Мелтон сериозно се повреди, Голден Стејт остана без клучен кошаркар

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Диантони Мелтон, ќе го пропушти остатокот од сезоната, поради операција на предните вкрстени лигаменти (ACL), соопшти клубот. Франшизата од Калифорнија додаде дека 26-годишниот плејмејкер наскоро ќе биде опериран.

„Очигледно ова е страшна вест, многу ми е жал за Диантони, тој совршено ни одговараше и бевме многу возбудени што го имаме. Добрата вест е дека тој е млад човек и ќе има рутинска операција овие денови па би требало да може да се врати и да ја продолжи кариерата, но јас се чувствувам ужасно. Ова се лоши вести и за него и за нас“, изјави тренерот на Голден стејт, Стив Кер.

Мелтон оваа сезона одигра шест натпревари за Голден Стејт, од кои два во стартните пет.

Тој имаше просек од 10,3 поени, 3,3 скока и 2,8 асистенции за просечни 20,2 минути поминати на теренот.

Како домаќин, Голден Стејт, изминатата ноќ, ја победи Атланта со 120:97 и сега е на првото место во Западната конференција со скор од 11 победи и три порази.

Инако, бидејќи остана без Мелтон до крајот на сезоната, Вориорс добија дозвола од НБА лигата да ангажираат нов играч, но за неговата плата не смеат да издвојат повеќе од 6,4 милиони долари.


Јончевски: Убеден сум дека ќе извлечеме поука од овој пораз

Селекторот на нашите кошаркари, Александар Јончевски, го анализираше поразот од Литванија во квалификациите за Европското првенство.

„Се боревме, но лошо го отворивме мечот, игравме под притисок. Литванија влезе со машка игра која судиите ја толерираа што ни беше многу чудно. Кога сфативме како треба да играме, ја намаливме разликата, но тоа не беше доволно“ – вели Јончевски.

„Го променивме начинот на игра во одбраната, тоа се покажа како правилен потег. Ќе го анализираме натпреварот и ќе извлечеме поуки. Ќе видиме што треба да се подобри“ – изјави селекторот Јончевски по натпреварот.


Македонија немоќна во првиот квалификационен дуел со Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар Јончевски, македонската репрезентација беше немоќна да ѝ се спротивстави на Литванија и со вториот пораз во групата значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот.

Најефикасен во македонските редови беше Кристијан Николов со 18 поени.

Македонија в недела ѝ гостува на Литванија пред двата завршни евроквалификациски дуели, против Естонија на гостински и Полска на домашен терен во февруари идната година.

СподелиFacebookTwitterLinkedInPinterestSkypeСподели преку Е-маилИспринтај


Леброн Џејмс се одјави од социјалните мрежи

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.

„АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе“, напиша Леброн.

Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.

– Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.


Мекиќ: Мораме да веруваме во позитивен резултат против Литванија

Македонија против Литванија, во четврток навечер, од 18:00 часот во салата на СРЦ „Кале“, ќе го играат натпреварот од третиот круг од евро-квалификациите за пласман на наредниот Евробаскет во 2025 година.

Нашите најдобри кошаркарии успешно го одработија и третиот ден од подготовките за двомечот со селекцијата која доаѓа од Балтикот.

Репрезентација која е фаворит во оваа конкуренција во која освен нашата селекција се уште и Естонија и Полска. Запознат е со квалитетите на нашиот ривал и Адем Мекиќ:

„Литванија е една од најсилните репрезентации во светот, а дуелите со неа се од исклучително значење за нас. Имавме успех на гостувањето во Полска, ќе мораме сите да бидеме на висина на задачата, да дадеме 200% од нашите можности, и да се обидеме да изненадиме барем на домашен терен“.

Нашиот крилен играч го респектира противникот и смета дека за „нешто повеќе“ ротив фаворитот ќе ни треба, пред се, доста агресивност во о вие, но и оние 40. минути кои следуваат во Клаипеда.

„Како репрезентација, мораме да бидеме агресивни, секако дека го респектираме противникот, но не треба да се повлечеме. Мораме да веруваме во позитивен резултат“, рече Мекиќ по успешно одработениот тренинг во СРЦ „Кале“.