кошарка

Крис Пол го собори историскиот рекорд на асистенции на Џејсон Кид

Плејмејкерот на Сан Антонио, Крис Пол стана третиот играч во историјата на НБА-лигата со 12.000 асистенции во кариерата.

Пол до оваа достигнување дојде за време на поразот од Лејкерс со 115-120 во петокот.

Претходно во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот, Џон Стоктон стигна 15.806 асистенции, додека Џејсон Кид застана на 12.091.

-Се сеќавам дека првиот пат кога играв во Јута, погледнав во арената и видов дека Џон Стоктон е лидер на сите времиња во асистенции и украдени топки. Тогаш помислив: Ќе го стигнам. Ова се покажа како невистинито. Но, да се биде втор по Џон Стоктон е прилично кул, рече Пол по натпреварот.

Триесет и деветгодишниот кошаркар го заврши натпреварот со Лејкерс со 11 поени, 11 асистенции и две украдени топки.


Работнички со судни маки го освои „Јасмин“ во Кавадарци

Кошаркарите на Работнички стигнаа до исклучително важен гостински триумф. На нималку лесниот терeн во кавадаречки „Јасмин“, имаа водство, кое домашната екипа го стигна, дури и поведе, но имаа и „помирна завршница“ во која стигнаа до успехот, за нив петти од почетокот на новата сезона (81-85).

Дубински постигна 17 поени. Полутак оствари двоен ефект (20 поени и 12 скока), Ѓуроски финишираше со 16, а Ефремовски имаше 15 поени.

Одлични први минути во дресот на Тиквеш Голден Игл имаше Александар Пантелиќ, кој почна од клупата, а заврши со 23 поени, а Грин запиша 17 поени.


Леброн најави дека наскоро доаѓа пензија од кошаркарскиот спорт

Леброн Џејмс, полека го најави своето пензионирање. Кралот игра во одлучна форма, против Мемфис оствари нов трипл-дабл (35п, 12а, 14с), со што докажа дека годините се само бројка за него.

По натпреварот против Гризлис, во разговор со новинарите, тој изјави дека е свесен дека наскоро му се ближи 40-тиот роденден и дека не верува дека уште долго ќе игра кошарка на професионално ниво.

„Нема да играм уште долго време, да бидам искрен, една-две години. Ќе играм додека не испаднат тркалата“, изјави Џејмс.


Демар Дерозан го чека долга пауза од терените

Koшаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, поради здравствени проблеми, не се појави на ноќешниот меч во НБА лигата против Минесота кој заврши во продолжение со победа на „волците“ со 130 -126.

Ѕвездата на „кралевите“ се повреди во средата на мечот со Феникс и засега не се знае кога ќе може да се врати на терените.

35-годишниот ветеранот во текот на сезонава за неговиот нов клуб реализираше во просек 24,8 поени.


Итудис за рекордна сума потпиша за Хапоел Тел Авив

Грчкиот тренер Димитрис Итудис е новиот тренер на Хапоел Тел Авив.

Итудис ќе потпише рекорден тригодишен договор вреден 4,6 милиони долари.

Главна цел на тимот е преку Еврокупот да обезбеди пласман во Евролигата.

Досегашниот тренер Стефанос Дедас ќе остане во клубот како помошник на Итудис, односно ќе ја има истата работа како во ЦСКА и Фенербахче.

Итудис, кој ја започна својата тренерска кариера како асистент во Загреб во 1992 година, се прослави како помошник на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос во периодот 1999-2012 година.

Првиот голем ангажман во ЦСКА Москва го имаше од 2014 до 2022 година, а со рускиот тим двапати ја освои Евролигата.


МЗТ Скопје лесно го надигра Вардар, блескаа Андоновски и Стојановски

Во првиот натпревар од 7. коло од Првата кошаркарска лига, кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа видно изменетиот состав на Вардар во кој веќе ги нема странските кошаркари. Конечниот резултат гласеше 79-110

Одлично го започнаа натпреварот младите кошаркари на Вардар. Не делуваа воопшто импресионирано од големината која со себе ја носи МЗТ Скопје.

Во второто полувреме, работите, некако, си дојдоа на своето место. „Сино–белите“ притиснаа малку посилно, и во тој временски период од десет минути ги тргнаа сите дилеми. Изградија недостижно водство (577).

За нешто повеќе од 13 минути во игра, Андоноски реализираше 19 поени (плус пет скока). Дамјан Стојановски стигна до 16 поени, Слај дојде до 11 (и седум асистенции), а Крстевски, Баковиќ и Едвин имаа уште по 10 поени.

Во домашниот тим, освен двоецот Марјановиќ-Бајрам (заедно искомбинираа 38 поени), уште 11 дојдоа од Наков. Но за нешто повеќе против првакот, извесно, треба многу повеќе.


Пешиќ ја одбил моќната Барса за да остане селектор на Србија

Светислав Пешиќ, изјави дека имал понуда да се врати во Барселона, но дека ја одбил за да остане селектор на српската кошаркарска репрезентација, Пешиќ во два мандати беше во Барселона, со клубот стана европски првак во 2003 година.

Оваа информација Пешиќ ја неодамна, кога фудбалскиот клуб Барселона и гостуваше на Црвена звезда во Белград, во Лигата на шампионите. Овој натпревар Пешиќ го следеше од ВИП ложата во друштво на првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта.

„Беше одлично тој сака да доаѓа во Србија. По натпреварот бевме кај Бодирога, 20 нивни играчи дојдоа на натпреварот во Белград. Беше супер, мохата ќерка работи во акедемијата на Барселона, што значи дека никогаш не ја прекинав врската. Мојата популарност во Барселона е поголема него во Белград, но се случи репрезентацијата на Србија па се откажав. Имав договори околу Ла Масија, таму каде што се произведуваат најдобрите играчи во светот. И ден денес во Ла Масија има дел за кошаркарите“, рече Пешиќ.


Ѕвездата на Фенер скрши коска на раката, го чека долга пауза

Фенербахче скапо ја плати победата над Баерн Минхен во деветтото од Евролигата.

Тимот од Истанбул подолг период ќе биде без услугите на Девон Хол, кој заработи тешка повреда на раката.

Информациите од Турција велат дека тој ја скршил метатарзалната коска и ќе мора да оди на операција.

Американецот во Фенербахче дојде од Милано на почетокот на оваа сезона. Тој има просек од 7,7 поени, 1,8 скока и 3,7 асистенции.

Ова е голе удар за Фенербахче, бидејќи во првото коло се повреди Скоти Вилбекин. Американецот ги скина лигаментите поради што ја заврши сезоната.


Грег Попович претрпе благ мозочен удар

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ доживеа благ мозочен удар на 2 ноември, потврди НБА франшизата.

Поповиќ е на кормилото на Спарс од 1996 година, а во претходниот период не го водеше тимот поради тогашниот „недефиниран здравствен проблем“.

Реномираниот стратег има 75 години. На Сан Антонио му донесе пет титули во НБА – 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.

Три пати беше прогласуван за тренер на годината (2003, 2012 и 2014 година) и официјално е еден од 15. најдобри тренери во историјата на НБА.

Поповиќ беше и селектор на Соединетите Американски Држави, со кои го освоија златото на Олимписките игри во Токио.

Поповиќ веќе го започнал процесот на рехабилитација и се очекува целосно да закрепне. Франшизата е благодарна на заедницата што на семејството Поповиќ му обезбедила приватност и простор во оваа ситуација.

Помошникот Мич Џонсон ќе го замени Поповиќ како главен тренер.


Атаман се закани: ПАО може да ја напушти Евролигата и да заигра во НБА

Тренерoт на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги предупреди евролигашите да внимаваат што прават, бидејќи неговиот тим може да го напушти ова натпреварување и да се пресели во НБА лигата.

Турскиот стручњак ова го кажа при промоцијата на новата клупска апликација, и по триумфот над Макаби 93-87 во натпревар во кој имаше многу поплаки за судењето.

-Панатинаикос е голем клуб, можеби и најголемиот во Европа. Ја имаме најдобрата сала во Европа, ги имаме најдобрите навивачи во Европа, имаме најдобри резултати во Европа, а сега ја имаме и најдобрата апликација. Челниците на Евролигата треба да размисли како се однесуваат со нас, бидејќи можеби ќе добиеме покана да играме во НБА лигата, но тамошните клубови се плашат да играат во нашата сала, изјави Атаман.

Сепак, ова веројатно беше само шега како дел од маркетиншката кампања за промоција на новото партнерство, но ова не е прв пат Атаман да ги поврзува Панатинаикос и НБА лигата.

-Бостон ја освои титулата во НБА лигата и на социјалните мрежи оставија порака „шампиони на светот“, а потоа од Евролигата одговорија дека овој тим треба прво да го победи овој тим и ја објавија нашата фотографија. Американците имаат високо мислење за себе, а јас им велам ако мислат дека се најдобри на светот, нека дојдат да не победат нас, шампионите на Европа, изјави Атаман пред неколку месеци./