кошарка

Зоран Драгиќ ќе игра за Жалгирис

Словенечкиот кошаркар, Зоран Драгиќ, оваа сезона ќе заигра во Евролигата и тоа во дресот на Жалгирис од Каунас.

Драгиќ, минатата сезона ја помина како член на Басконија, но по инсистирање на неговиот сонародник Јуре Здовц кој е тренер на литванскиот шампион, се согласи да го облече зелениот дрес на Жалгирис.

Зоран Драгиќ во својата кариера има настапувано во речиси безброј клубови, меѓу кои се Крка, Малага, Химки, Милано, Ефес, Улм и Триесте од Италија.


Димитријевиќ се повреди, ќе ги скокне ноемвриските натпревари на репрезентацијата

Будуќност приреди изненадување и во второто коло од Еврокупот ја совлада Валенсија. Сепак, неочекуваниот пораз падна во сенка на информацијата што денес ја објавија од шпанскиот клуб.

Имено, Валенсија објави дека македонскиот репрезентативец Ненанд Димитријевиќ се здобил со повреда на задниот дел на бутниот мускул и поради тоа не го доигра натпреварот во Подгорица.

Прегледите покажале дека Нено има скинат мускул на тетивата и според првите прогнози ќе биде надвор од терените најмалку шест недели. Ова не е добра вест за македонската репрезентација затоа што на крајот на следниот месец не чекаат нови натпревари во мундијалските квалификации.


Кошаркарите во Киев ќе гостуваат против Украина

Украинската кошаркарска федерација ги соопшти деталите поврзани со организацијата на средбата од квалификациите за Светскиот Куп која е закажана за 29 ноември.

Од Украина стигна информација дека средбата против нашата најдобра селекција ќе се игра во главниот град на Украина – Киев, и тоа во „Дворецот на спортовите“ со почеток од 19:00 часот, по локално време.

Освен тоа познати се и цените на влезниците кои од пред некој ден се во слободна продажба. За четирите сектори во киевската Арена, треба да се издвојат од 2.5 до 16.5 евра.

Претходно, на отворањето на ноемврискиот ФИБА „прозорец“, нашата машка сениорска репрезентација на 26. ноември во Скопје ќе го пречека актуелниот светски шампион – Шпанија, додека пак во истиот термин, као дел од групата Г, во Тбилиси, Грузија ќе биде домаќин на Украина.


Во Денвер може да здивнат, Јокиќ не е сериозно повреден

Кон крајот на втората четвртина на мечот меѓу Јута и Денвер, најдобриот кошаркар на Нагетс, Никола Јокиќ имаше судар со Французинот Гобер при што го повреди коленото и не го продолжи мечот. Стравувањата дека се работи за сериозна повреда, сепак, ги смири тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.

„Мислам дека не е ништо премногу сериозно. Му пријдов на Никола додека се загревав на полувремето. Му реков: „Како се чувствуваш?“ Тој рече дека се чувствува малку слаб. Тогаш решив да не игра во второто полувреме. Јас ја донесов одлуката – тоа не беше негова одлука“, изјави тренерот на Денвер.


Првите “Џорданки“ продадени за 1,5 милиони долари

На аукција која се одржа во Лас Вегас, првите патики на легендарниот Мајкл Џордан беа продадени за 1.472.000 долари.

Патиките се од серијата Nike Air Ships, и Џордан ги носел на средбата против тимот на Денвер Нагетс која се играше на 1.ноември 1984.

Патиките после средбата завршиле како поклон кај момче кое било задолжено за бришење на паркетот во салата.


Лукиќ нов селектор на руската репрезентација

Српскиот стратег Зоран Лукиќ денеска е потврден за нов селектор на руската кошаркарска репрезентација.

Toj доаѓа на местото на Сергеј Базаревич, а официјално новата должност ќе почне да ја извршува од средината на ноември.

Покрај националиот тим на Русија, српскиот тренер ќе продолжи да седи на клупата на прволигашот Нижни Новгород.


Меѓусебна тепачка во тимот на ЛА Лејкерс (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард и Ентони Дејвис за време на натпреварот против екипата на Феникс, започнаја расправа помеѓу себе која за малку ќе прераснеше во сериозна тепачка.

Инцидентот го започна Ентони Дејвис кој му дофрли некои зборови на Хауард кој седеше на клупата на Лејкерси, по што Хауард стана и дојде до меѓусебно туркање и расправија.

Доколку двајцата не беа разделени од нивните соиграчи на клупата сигурно ќе настанеше и посериозна тепачка.

Ла Лејкерс на крајот го загуби натпреварот со Феникс што е нивни втор пораз во две одиграни средби од стартот на новата сезона.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1451747796600590336?s=20

Серж Ибака го пропушта стартот на сезоната

Серж Ибака ќе го пропушти првиот натпревар на Лос Анџелес Клиперс во новата НБА сезона против Голден Стејт Вориорс, објави тренерот на Клиперс, Тајрон Лиу. 

Ибака се опоравува од повредата на грбот, поради што беше опериран во јуни. Иако започна да тренира, Серж сеуште не е подготвен за одигрување натпревари.

32 -годишниот Ибака во минатата сезона беше со просек од 11,1 поени, 6,7 скока и 1,1 блокади на 41 натпревар. 


Стартува 75 сезона на НБА лигата

Тимовите на Милвоки и Бруклин со нивниот меѓусебен натпревар кој се игра ноќта помеѓу вторник и среда, ќе го означат стартот на новата 75-сезона во кошаркарската НБА лига.

Бранител на титулата од минатата сезона е екипата на Милвоки Бакс кој во финалната серија го совлада Феникс Санс.

Редовниот дел од сезоната во НБА завршува на 10-ти април, додека плеј оф турнирот започнува на 16-април.



Ефес го засили нападот со Американецот Брајант

Актуелниот шампион на кошаркарската Евролига  Анадолу Ефес од Истанбул, во своите редови го доведе бекот Елајџа Брајант.

26-годишниот Американец  во екипата на Ефес пристигна од Милвоки Бакс, тимот со кој минатата сезона ја освои НБА лигата. Договорот е потпишан со траење од две години.

Брајант веќе има искуство со играње во Европа кога настапуваше во Израел за екипите на Хапоел Елиат и Макаби Тел Авив.