Шпанскиот кошаркар Марк Гасол по 13 години поминати во НБА лигата, се врати во родната земја и ќе настапува за тимот на Гирона кој е член на втората шпанска лига.
36-годишниот Марк беше дел од американската НБА лига од 2008 година каде играше за екипите на Мемфис, Торонто и ЛА Лејкерс.
Џоел Ембид, кој беше заразен со ковид-19, најверојатно ќе се врати на теренот в сабота на мечот со Минесота во рамките на новата рудна во НБА лигата, пренесува „Атлетик“.
Центарот кој во изминатата сезона заврши на второто место во анкетата за најкорисен играч во Националната кошаркарска асоцијација, сега се чувствува добро. Тој е вакциниран и ќе може да се врати во игра доколку успее да даде два негативни ПЦР теста во рок од 24 часа.
Во тековнава сезона, четирикратниот учесник во „Мечот на ѕвездите“ има во просек на натпревар: 21,4 поени, 9,4 скока и 4,0 асистенции. Ембид последен пат играше на 6 ноември.
НБА го суспендира Леброн Џејмс
Од НБА лигата ги соопштија казните за инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу екипите на Детроит Пистонс и Лос Анџелес Лејкерс.
Играчот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, кој со намерен удар го раскрвари лицето на противничкиот играч Ајзеа Стјуарт, заработи суспензија од еден натпревар и тој нема да настапи на дуелот со Њујорк Никс.
Центарот на Детроит, Ајзеа Стјуарт, кој после фаулот над него проба физички да се пресмета со Џејмс и да предизвика тепачка, доби забрана за настап на два натпревари.
Леброн Џејмс со крвнички старт, избегнат сериозен инцидент
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го совлада тимот на Детроит Пистонс со 121:116 и ја прекина серијата од три порази по ред во НБА лигата. На натпреварот за малку беше избегнат голем инцидент откако во третата четвртина најдобриот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс, при еден скок под обрачот, со лакт го раскрвави лицето на противничкиот играч Ајзеа Стјуарт.
По фаулот на Џејмс, Стјуарт се обиде физички да се пресмета со него но беше спречен од голем број соиграчи и обезбедувањето на паркетот. По ова двајцата играчи заработија исклучување од натпреварот.
The Lakers and Pistons had to be separated multiple times after this play between LeBron and Isaiah Stewart. pic.twitter.com/im0o7fXeoI
Бајиќ го скрати списокот за дуелите со Шпанија и Украина
Селекторот на машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
Пред првиот натпревар од квалификациите закажан за 26. ноември во Скопје, кога ја пречекуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за список од 15 кошаркари.
Првиот собир на нашиот сениорски национален тима е предвиден да биде вечерва, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје.
СПИСОК НА ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Бојан Крстевски силно крило 206 1989 МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов бек 187 1996 МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев бек-шутер 193 1997 МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ бек-крило 195 1995 МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски бек-шутер 198 1987 МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ бек 185 1993 Пелистер
Стојан Ѓуроски крило 202 1991 Пелистер
Љубомир Младеновски силно крило 207 1995 Пелистер
Виктор Ефремовски бек-шутер 194 1998 Гостивар
Андреј Маслинко крило 208 1997 ТФТ
Кирил Николовски силно крило 210 1988 Кожув
Лејсон Зекири крило 203 2001 Приштина-Косово
Андреј Магдевски бек 192 1996 АСУ Плоешти-Романија
Теодор Симиќ центар 216 2004 Барселона-Шпанија
Џејкоб Вајли силно крило 203 1994 Будуќност-Црна Гора
Кари ја надмина границата од 2.900 тројки
Стеф Кари беше предводник на екипата на Голден Стејт во победата над Бруклин каде постигна 37 поени, од кои имаше 9 успешни удари за 3 поени, а тоа му донесе триумф на Голден Ст. кај Бруклин со 117:99.
На овој начин Стеф Кари успеа по Реј Ален да стане втор кошаркар кој стигнал до над 2.900 тројки. Реј Алан и понатаму води на листата со 2.973 успешни удари од далечина.
Ендрју Вигинс постигна 19 поени за Голден Стејт, Џордан Пул помогна со 17, додека Дрејмонд Грин заврши со 11 поени, 8 скока и 6 асистенции. Џејмс Харден постигна 24 поени за Бруклин, додека Кевин Дурент постигна 19 поени против својот поранешен тим.
Далас Маверикс го повлекува дресот со број 41
Тимот на Далас Маверикс, во чест на нивниот најдобар играч во историјата, Дирк Новицки, одлучи да го повлечат дресот со број 41. Настанот е планиран за 5.јануари кога Далас го пречекува тимот на Голден Стејт Вориорс.
Германецот Новицки кој важи за најдобар европски играч кој некогаш настапувал во НБА лигата, својата кариера ја заврши во 2019 година.
Своето деби за Далас го имаше во 1998 и е единствен играч кој поминал 21 сезона во еден ист тим. Стана шампион на НБА во 2011 година, а во 2007-та беше прогласен за МВП на лигата.
НБА лигата договори претсезонски натпревари во Абу Даби
Два претсезонски натпревари на кошаркарската НБА лига ќе се одржат во Абу Даби во октомври 2022 година, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор од Министерството за култура и туризам на Абу Даби. Учесниците на средбите дополнително ќе бидат објавени.
„Одржувањето НБА натпревари и други настани во Абу Даби се заснова на нашата посветеност на развојот на кошарката ширум светот. Преку ова партнерство, на навивачите во ОАЕ ќе им обезбедиме автентично НБА искуство и ќе го поддржиме развојот на кошарката во регионот со обезбедување повеќе можности за момчињата и девојчињата да научат и да ја играат кошарка. Абу Даби е динамичен мултикултурен центар со долгогодишно искуство во одржување на спортски настани од светска класа“, рече заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум.
За последен пат претсезонските натпревари на НБА беа одржани надвор од Северна Америка во 2019 година – во Индија, Кина и Јапонија. Во 2020 година, Милвоки и Шарлот одиграа натпревар од регуларната сезона во НБА во францускиот главен град Париз.
Проблеми за Далас Маверикс, се повреди Лука Дончиќ
Најдобриот кошаркар на Далас Маверикс, Лука Дончиќ заработи повреда на коленото и скочниот зглоб поради што нема да настапи на дуелот против тимот на Феникс Санс.
Својата повреда Дончиќ ја доби во финишот на натпреварот со Денвер Нагетс при еден дуел со Остин Риверс кој згазна на стапалото на кошаркарот од Словенија.
Од тимот на Далас сеуште нема информација за сериозноста на повредата но сигурно е дека Лука Дончиќ ќе го пропушти следниот натпревар во лигата.
Дончиќ сезонава бележи просек од 24,9 поени, 8,3 скока и 7,9 асистенции по натпревар.
Невен Спахија е нов тренер на Басконија
Хрватот Невен Спахија е избран за нов тренер на кошаркарскиот клуб Басконија. Спахија на клупата на шпанскиот тим доаѓа на местото од Црногорецот,Душко Ивановиќ, кој по серијата на слаби резултати доби отказ од клубот.
Екипата на Басконија оваа сезона во Евролигата има скор од само 3 победи на 9 натпревари. 59-годишниот Спахија во Басконија доаѓа од тимот на Кинескиот Шангај Шаркс.