кошарка

Тодоров оптимист пред „балонот“ во Перм

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Александар Тодоров пред стартот на февруарскиот ФИБА “прозорец“ и завршниот турнир од квалификациите за Евробаскетот 2022 ги сподели своите очекувања за она што нашиот национален тим го чека во Перм. Четири квалификациски натпревари во пет дена во кои ќе падне одлуката кои три селекции од групата Б ќе бидат учесници на Евробаскетот.
На распоред е третиот и последен дел од квалификациите, и најтешкиот, ако се земе в предвид дека нè чекаат четири натпревари на турнирот во Перм?
„Дефинитивно најтежок, бидејќи четири натпревари во пет дена се навистина огромен напор за било кој спортист, не само за еден кошаркар. Но тоа е што е, ФИБА така проценила, наше е да се подготвиме и да направиме не само тактика, туку и стратегија како да настапиме на овие четири средби во Перм“.
Како за така кратко време да се подготви тимот за напорите кои ги носи турнирскиот систем на натпревари?
„Специјална физичка подготовка на тимот во период од седум дена колку што имаме до првиот натпревар, од кои само последните два тренинзи ќе сме комплетни, е невозможна. Она на кое можеме ние, како стручен штаб да влијаеме, е процесот на ‘рекуперација’, каде имам огромна доверба во знаењата на нашиот медицински штаб и на кондициониот тренер Ерен Ханѓун. Како и она што го истакнав, да подготвиме соодветна стратегија како да настапиме на овие средби“.
Првиот натпревар во Перм, Македонија го игра в недела од 15:00 часот против Италија.


Годинава игра одлично, а на крајот од 2021. оди во затвор?!

Минесота не ја започна својата НБА сезона баш најдобро, имаат скор од 6-18, а прашање е каква ќе биде атмосферата по официјалната одлука на судот во Минесота, бидејќи Малик Бизли е осуден на 120 дена затвор! Бизли беше уапсен во октомври под обвинение за насилство. НБА играчот извадил оружје на фамилија која се приближувала кон неговиот дом за време на прослава. По апсењето, во куќата е пронајден околу еден килограм марихуана. Кошаркарот ја призна вината за обвинението за насилство, додека обвинението за дрога беше отфрлено. Малик ќе ги отслужи своите 120 дена затвор по крајот на сезоната. Поранешниот играч на Денвер има одлична сезона на индивидуален план, просечно бележи 20,5 поени, 5,2 скокови и 2,5 асистенции по натпревар.


Кошаркарите започнуваат со подготовки, Тодоров повика 17 имиња

Селекторот на нашите најдобри кошаркари, Александар Тодоров, го скрати првичниот список и одреди 17 кошаркари кои во наредниот период ќе се подготвуваат за квалификацискиот „балон“ во Перм. Конечната листа на патници за собирот во Русија ќе биде затворена непосредно пред заминувањето на 15 февруари во раните утрински часови со специјален чартер-лет кој го обезбеди федерацијата.

Еве го списокот на репрезентативците кои до 14 февруари ќе работат под диригентската палка на Тодоров.
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Марко Симоновски (Кожув)
Aндреј Митревски (ТФТ)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Дамјан Робев (Куманово 2009)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк – Франција)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
Ненад Димитријeвиќ (Хувентуд-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте-Шпанија)


Ново шоу на Лука Дончиќ! (видео)

Далас запиша победа на дуелот против Минесота на домашен паркет со резултат 127:122.
Лука Дончиќ повторно беше меѓу најдобрите, но сега му помогнаа и соиграчите за нов триумф на својот тим.
Словенечкиот кошаркар не беше најефикасен кај Далас, но со своите 26 поени повторно го покажа својот раскошен талент, а со еден поен повеќе, најдобар стрелец кај домаќините беше Порзингис.
Дончиќ на загревање приреди мало шоу, погодувајќи во кошот со нога го привлече вниманието, но и насмевките од соиграчите.


Тодоров повика 24 кошаркари за „балонот“ во Перм

Нашите најдобри кошаркари од 18 до 22 февруари треба да се појават на квалификацискиот турнир во Перм за место на Европското првенство во 2022 година.
Селекторот Александар Тодоров, првично го објави поширокиот список од 24 кошаркари кои ќе бидат ангажирани во текот на подготовките. Задолжителното тестирање за ковид-19 ќе биде на 8 и 9 февруари во Скопје.
На списокот се запишани:
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Лука Савичевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)
Андреј Митревски (ТФТ)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Марјан Младеновиќ (Работнички)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Дамјан Робев (Куманово 2009)
Горјан Марковски (Куманово 2009)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Марко Симоновски (Кожув)
Војдан Стојановски (Гравелин-Франција)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
Шејн Витингтон (Сеа Хорсес-Јапонија)
Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте – Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет-Италија)


Прв пораз за Димитријевиќ и Хувентуд во Еврокупот

Кошаркарите на Хувентуд ќе мора да почекаат на заверката на пласманот во четвртфналето на Еврокупот. По трите победи во првиот круг, вечерва се поразени на гостувањето во Монако. Тимот од француското кнежевство славеше со сигурни (97-82), па по четири одиграни кола во групата „Е“ од ова натпреварување, двете екипи се на идентичен ефект (3-1), но Монако е во предност бидејќи вечерва победи со повисока разлика во однос на поразот пред една седмица во Бадалона (72-79). Ненад Димитријевиќ одигра доста добар натпревар. Беше прв стрелец во својот тим. Запиша 15.поени (1/1 за три, 3/7 за два и 6/7 за еден поен), дополни со четири скока, четири асистенции, исто толку загубени и една освоена топка за 26:34 минути во игра. Во наредното коло, на 2 март, Хувентуд ја пречекува Уникаха.


Koшаркарската репрезентација на 10 февруари почнува со подготовки за „балонот“ во Перм

Македонската кошаркарска репрезентација, подготовките за февруарскиот квалификациски „прозорец“ за Евробаскетот кој за Македонија ќе биде реализиран во руски Перм, ќе ги стартува на 10 февруари во Скопје. Според плановите на стручниот штаб на „црвено-жолтите“, во Скопје ќе биде реализиран воведниот дел од подготовките. „Ќе работиме пет дена во Скопје, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Планирано е во процесот да бидат вклучени 14-15 кошаркари. Најголем дел од нив ќе бидат со нас од првиот ден. Вклучително и капитенот Војдан Стојановски, но и Џејкоб Вајли, што е и тоа како битен момент за нас. Ќе настојуваме да тренираме во термините во кои ќе се играат квалификациските натпревари во Перм. Значи од 13:00 до 17:00 часот, да се раководиме по онаа четиричасовна временска разлика со Русија. Ќе работиме по еден тренинг дневно, во тие временски термини“, појаснува селекторот. Македонија за Русија тргнува на 15 февруари, а според планот за Перм ќе патуваат 15 кошаркари. Во периодот од 18 до 22 февруари, нашата сениорска селекција треба да одигра четири средби од квалификациите за пласман на Евробаскетот 2022 година.


Јокиќ „лови“ нов договор вреден 200 милиони долари

Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс и еден од најдобрите кошаркари во НБА, избран е за најдобар играч на Западната конференција минатата недела. Познатиот новинар на ЕСПН, Боби Маркс ја носи веста дека Јокиќ би можел по истекот на договорот да потпише супермаксимален договор, резервиран за само неколку играчи во лигата. Маркс наведува дека Јокиќ би требало да биде избран во најдобрата петорка за сезонава, со што ќе стекне право на уште поголем договор. Јокиќ веќе еднаш се најде во најдобриот тим на лигата пред две сезони, додека минатата сезона беше во вториот тим. Српскиот кошаркар во 2018. година потпиша петгодишен договор вреден 148 милиони долари. Летото 2022. година би можел да потпише уште поголем договор, сличен на оној кој го има Јанис Антетокумбо. Неговиот договор, кој е вреден 228 милиони долари, е најголем во историјата на кошарката.


ЦСКА Москва останува без најдобриот кошаркар?

Мајк Џејмс и оваа сезона е најефикасен играч на ЦСКА Москва, бележи просек од скоро 20 поени по натпревар, на теренот е незаменлив и клучен играч во петорката на Димитрис Итудис. Сепак, постојат и проблеми. Неговиот карактер повторно се најде во фокусот, медиумите јавуваат дека Џејмс ги отследил сите кошаркари на ЦСКА од социјалните мрежи, а имало и тешки зборови во соблекувалната помеѓу него и Итудис со соиграчите. Грчките медиуми јавуваат дека му било забрането да патува за САД, а се наведува дека Џејмс наскоро и ќе ја напушти Москва. ЦСКА сезонава го дели првото место во Евролигата со Барселона, со учинок од 15 победи и 6 порази.


Eдна година од најголемата трагедија во кошаркарската историја!

На денешен ден пред една година, во хеликоптерска несреќа на 50 километри од Лос Анџелес, загина Коби Брајант, заедно со неговата ќерка Џиана, пилотот и шест семејни пријатели. Тие патуваа на натпревар на екипата на Џиана, чиј тренер беше токму Коби Брајант, но поради густата магла пилотот ја загуби ориентацијата и удри во планината кај Калабасас. Беше тоа една од најболните спортски трагедии во историјата, бидејќи животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и тоа во својата 41. година од животот, неполни четири години од крајот на една величествена кариера.