кошарка

НБА лигата доаѓа во Европа, ќе формира лига со најдобрите евролигаши

Многу се шпекулира за доаѓањето на НБА во Европа и создавање на нова лига која ќе ја загрози актуелната Евролига, а „Релево“ пишува дека првите чекори се веќе направени.

Шпанските медиуми пишуваат дека НБА веќе ги контактирала Панатинаикос, Реал Мадрид и Фенербахче за да го слушне нивното мислење за новиот проект.

Истиот весник наведува и дека НБА планира што поскоро да започне лига во Европа и дека новото натпреварување би можело да започне веќе во сезоната 2026/27.

Исто така, треба да се напомене дека генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис, изјави дека НБА покажала интерес повеќе да се занимава со кошарката во Европа и дека деталите ќе бидат познати следниот месец.

Се очекува дел од преговорите да се водат за време на НБА натпреварот во Париз, кој ќе се одржи во јануари.

Она што е интересно е што се споменува името на Панатинаикос како потенцијален тим кој би ја напуштил Евролигата. Неодамна тренерот на „зелените“ Ергин Атаман изјави дека НБА може да им тропне на врата и дека „Евролигата треба да внимава“.

Се чини дека Атаман веќе знаел нешто што многумина не го знаеле, а дали ќе се оствари, останува да видиме.


Лејкерси го трејдуваат Леброн Џејмс и неговиот син?

Според извештаите на американскиот ЕСПН, Лос Анџелес Лејкерс се на пат да предизвикаат вистински земјотрес на НБА пазарот.

Имено, според добро упатениот Шамс Чаранија, четирикратниот МВП Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс, кој оваа сезона дебитираше во НБА, наводно се дел од сензационална размена со Голден Стејт Вориорс.

Во замена за Џејмс, Вориорс се согласија на неверојатни услови.

„Лос Анџелес Лејкерс наводно го менуваат четирикратниот МВП Леброн Џејмс, како и Брони Џејмс, со Голден Стејт Вориорс за Ендрју Вигинс, Кајл Андерсон и рекордни девет пикови од првата рунда драфт“., пренесува ЕСПН.

Ова е потег e без преседан во историјата на НБА, бидејќи досега не е забележана размена од ваков обем, ниту пак вклучување татко и син во ист пакет.

Официјална потврда на трејдот и првите коментари од играчите се уште се чекаат, но едно е сигурно, доколку се случи ова, ќе биде трејд за кој ќе се зборува.


Григонис се повреди и го чека операција

Европскиот кошаркарски првак Панатинаикос уште некое време ќе биде без Мариус Григонис кој ќе мора да биде опериран.

Бекот веќе месец и половина е надвор од терените поради повреда на долниот дел од грбот.

Првичниот пристап во рехабилитацијата не вроди со плод и сега Литванецот ќе мора да биде опериран. Григонис имаше обид оваа седмица да тренира со тимот, меѓутоа имаше болка и потоа беше договорено дека мора „под нож“.

Засега непознато е колк долга ќе биде паузата за Григонис, меѓутоа јасно е дека нема набргу да заигра за грчкиот тим.


Нејтан Менсах ќе ги решава проблемите под кошот на Олимпијакос

Кошаркарскиот клуб Олимпијакос донесе нов центар. Грчкиот клуб мораше да реагира на пазарот, бидејќи Мозес Рајт ја заврши сезната, а извезен период поради повреда ќе паузира и Мустафа Фал.

Нов играч на Олимпијакос, кој треба да му биде поддршка на Никола Милутинов во рекотот е Нејтан Менсах. Кошаркарот од Гана е висок 206 сантиметри, а има распон на има распон на рацете од 226 сантиметри.

Менсах договори соработка со тимот од Пиреја до крајот на сезоната, а во договорот има опција за продолжување на уште една година.

Кошаркарот од Гана ќе има можност да дебитира веќе во петок против Црвена звезда кога Олимпијакос гостува на „Белградска Арена“ во 15. коло од Евролигата.

Менсах досега главно играше во Развојната лига, каде што оваа сезона го носеше дресот на филијалата на Сан Антонио Спарс. Тој имаше просек од 5,4 поени, шест скока и две блокади по натпревар.


ФИБА работи на враќање на Русија во кошаркарскиот календар

Претседателот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), Андреас Заглис, одговори на прашањето за преговорите со Руската кошаркарска федерација за враќање на меѓународните турнири.

Руската репрезентација, како и нејзините клубови, беа исфрлени од сите натпреварувања под покровителство на ФИБА по почетокот на војната во Украина.

„Во врска со ова прашање, Централниот совет минатиот четврток одлучи да го продолжи сегашниот статус до состанокот во мај. Водиме постојани и активни преговори со Руската кошаркарска федерација. Руската Федерација, како Белорусија, не е суспендирана од работа. Нема сомнеж дека треба да се чека пошироката геополитичка слика. Колку и да мислите дека кошарката е важна, за жал, во овој случај има многу поважни теми кои треба да се решат“, изјави Заглис.


Црвена Звезда го официјализираше Џон Браун

Американскиот кошаркар Џон Браун е новото засилување на Црвена звезда.

Поранешниот член на тимот на Монако, во петокот пристигна во Белград, викендов имаше лекарски прегледи, а денеска потпиша договор со Црвена звезда. Браун потпиша договор со крајот на сезоната, а доколку двете страни бидат задоволни тој ќе биде продолжен на уште една сезона.

Џон Браун, роден во Џексонвил (Флорида), е висок 203 сантиметри, а неговата игра се карактеризира со огромна енергија, борбеност и врвна дефанзива.

Во претходните сезони се здоби со статус на еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа: Тој беше најдобар „крадец на топки“ на Евролигата 2022, италијанската лига 2020. година и ВТБ лигата во 2021 година.

Тој минатата сезона (2024) беше прогласен за најдобар дефанзивец во францускиот шампионат, а покрај тоа со Монако освои и две шампионски титули на таа земја, како и Купот на Франција.


МЗТ Скопје спогодбено се раздели со Хрватот Баковиќ

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром објави дека спогодбено го раскинал договорот со хрватскиот интернационалец Марко Баковиќ.

Оваа информација доаѓа помалку изненадувачки бидејќи изминатото лето МЗТ го продолжи договорот со иксусниот хрватски кошаркар.

Баковиќ во Аеродром дојде од таборот на Цибона, а претходно има играно за Горица како и за исландскиот тим Тор.


Крис Пол руши рекорди, стана втор најдобар асистент во НБА-историјата

Крис Пол стана втората најдобар асистент во историјата на НБА. Во победата на Сан Антонио над Њу Орлеанс 121-116, Крис Пол забележа шест поени, седум скока и 10 асистенции.

Пол стигна до 12.092 асистенции во кариерата, со што се искачи на второто место на вечната листа и го мина Џејсон Кид.

Пред популарниот ЦП3 сега е само Џон Стоктон, кој има 15.086 асистенции и јасно е дека 39-годишниот плејмејкер никогаш нема да го достигне.

Пол оваа сезона има просек од 10,4 поени и 8,5 асистенции, а во текот на кариерата пет пати беше најдобар асистент во лигата.

Во првите десет се и Леброн Џејмс, Стив Неш, Марк Џексон, Меџик Џонсон, Оскар Робертсон, Расел Вестбрук и Ајзеа Томас.


Црвена Звезда го официјализира Џон Браун

Џон Браун успешно ги мина лекарските прегледи во Белград и официјално го стави својот потпис на договорот со Црвена Звезда.

„Црвено-белите“ долго беа во потрагата по нов висок кошаркар по повредата на Боломбој, а откако не успеаја да го комплетираат трансферот на Мотли фокусот беше насочен токму кон Браун.

Поранечниот кошаркар на Монако е слободен играч по истекот на договорот со „кнезовите“ , станува збор за квалитетен и искусен кошаркар, но сомнеж беше фрлен поради неговата физичка состојба по тешката повреда на рамото заработена ланската сезона во четвртфиналето од Евролигата против Фенербахче.

Браун ќе почне да тренира со остатокот од тимот, а не се исклучува можноста тој да дебитира за Црвена Звезда веќе в петок, на дуелот од Евролигата со Олимпијакос на кој „црвено-белите“ нема да можат да сметаат на Филип Петрушев, поради клаузула во договорот за позајмица токму од атинските „црвено-бели“.


Хејс Дејвис е МВП на 14. коло на Евролигата

Најџел Хејс-Дејвис е прогласен за најкорисен играч во 14. коло на Евролигата.

Кошаркарот на Фенербахче постигна 33 поени во победата над Реал Мадрид од 82:70. Тоа е втор најдобар резултат оваа сезона и втор најефикасен натпревар во кариерата на Хејс-Дејвис.

Најџел реализираше 6 од 9 двојки, 6 од 10 тројки и 3 од 4 слободни фрлања за 37:33 на теренот. Имаше и 4 скока и 2 украдени топки.

Американецот ја освои наградата МВП по четврти пат во кариерата.