Чави го посакува Мората во Барселона
Сопред пишувањата во шпанска „Марка“, тренерот на Барселона има желба да го доведе Алвара Мората.
Шпанскиот фудбалер е член на Атлетико Мадрид, но веќе втора сезона игра како позајмен играч во екипата на Јувентус. Од „Старата дама“ најавуваат дека немаат намера да го откупат договорот на Мората па така изгледа дека тој ќе мора да побара нов клуб.
Чави веќе стапил во контакт со Мората за да ја дознае неговата намера за во иднина.
29-годишниот Алваро Мората својата кариера ја започна во Реал Мадрид, а има настапувано и во Премиер лигата како член на Челзи.