Гонзало Гарсија пак е јунак, Реал минимално слави против Јуве
MIAMI GARDENS, FLORIDA – JULY 01: Gonzalo Garcia #30 of Real Madrid C.F. celebrates scoring his team’s first goal during the FIFA Club World Cup 2025 round of 16 match between Real Madrid CF and Juventus FC at Hard Rock Stadium on July 01, 2025 in Miami Gardens, Florida. (Photo by Megan Briggs/Getty Images)
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1-0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54. минута.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.
Ѓоковиќ се намачи, но ја мина првата пречка на Вимблдон
LONDON, ENGLAND – JULY 08: Novak Djokovic of Serbia celebrates winning match point with a violin gesture against Holger Rune of Denmark in his Gentlemen’s Singles fourth round match during day eight of The Championships Wimbledon 2024 at All England Lawn Tennis and Croquet Club on July 08, 2024 in London, England. (Photo by Mike Hewitt/Getty Images)
Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.
На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2.
Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа.
Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер самиот си направи проблеми во вториот сет. Ѓоковиќ пропушти дури 11 брејк топки и шест сет топки за предност од 2:0, а во тај-брејкот испушти предност од 5:2 и буквално му го подари сетото на Муле, 41-ви на АТП листата. .
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против домашниот тенисер, Даниел Еванс.
Кубанецот Риверо пред потпис со некој од српските гиганти
Кубанскиот кошаркаш, Хасијел Риверо, има реални шанси да пристигне во Србија, велат последните информации.
31-годишникот по две сезони си замина од Макаби Тел Авив. Тој за израелскиот тим имаше 20 мечеви во Евролигата и направи просек од 10,2 поена и 4,4 скока.
Риверо претходно играше за Капиталино, Естудијантес, Бока, Бургос и Валенсија.
Пелистер од четвртиот шешир ја чека ждрепката за ЛШ на ФИБА
КК Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник на утрешната ждрепка во Лозана каде ќе бидат формирани натпреварувачките групи во квалификациите и регуларниот дел од сезоната во ФИБА Лигата на шампионите.
Екипата од Битола е еден од 24 тимови во квалификациите. На ждрепката утре напладне, Пелистер ќе ги очекуваат своите ривали на еден од трите квалификациски турнири за пополнување на три места во регуларниот дел о д Лигата на Шампионите, каде веќе се познати 29 учесници.
Победниците на трите квалификациски турнири ќе им се придружат на оние 29 екипи за да се формираат натпреварувачките групи во регуларната фаза во која ќе се натпреваруваат 32 екипи поделени во осум групи.
Согласно со спортските критериуми, македонскиот претставник ќе биде во вториот или третиот квалификациски турнир. Ждрепката ќе ја дочека од четврттиот „шешир“, заедно со екипите на Порто (Португалија), ПГЕ Старт Љублин (Полска) и СЦ Дерби (Црна Гора).
Баерн го има Рашфорд на мета во процесот на реорганизација
Баерн Минхен изненадувачки се појави како сериозен кандидат за потпис на Маркус Рашфорд, напаѓачот на Манчестер Јунајтед кој падна во немилост на Олд Трафорд. По позајмицата во Астон Вила во втората половина од минатата сезона, Рашфорд се врати во Јунајтед, но не е дел од плановите на менаџерот Рубен Аморим.
Бундеслигашите бараат ново крило по заминувањето на Лерој Сане, а Рашфорд совршено одговара на нивниот профил. Англискиот интернационалец е способен да игра како лево крило, но и како централен напаѓач, што го прави привлечна опција за Баерн.
Решфорд имаше солидна позајмица во Вила со 4 гола и 5 асистенции на 17 настапи, но клубот одби да ја активира опцијата за купување од 40 милиони фунти. Со три години преостанати од договорот со Јунајтед, клубот сака да го продаде ова лето за да го намали платниот буџет и да го реконструира тимот.
Самиот играч е отворен за трансфер во странство, приоритет му се клубови каде што може да се бори за титули. Иако Барселона му е прв избор, интересот на Баерн е сериозна алтернатива, особено со можноста за соработка со англискиот соиграч Хери Кејн.
Мохамед Кудуш блиску до преселба во Тотенхем
Тотенхем Хотспур е во напредни преговори со Вест Хем за потписот на Мохамед Кудуш, а ганскиот репрезентативец е отворен за трансфер во Северен Лондон. Фудбалерот е заинтересиран за проектот на новиот тренер Томас Франк, додека разговорите се одвиваат паралелно за личните услови и отштетата.
Клубот се обидува брзо да го засили нападот пред новата сезона, особено со оглед на враќањето во Лигата на Шампионите. Кудуш, познат по својата брзина, креативност и тактичка разновидност, е на врвот на листата на желби. Иако минатата сезона имаше нешто послаба форма во споредба со неговиот импресивен дебитантски настап, тој и натаму е ценет поради неговата цврстина и версатилност.
Вест Хем е подготвен да го продаде за околу 60 милиони фунти—помалку од неговата откупна клаузула од 85 милиони која важи само во првите десет дена од јули. Иако интерес има и од други клубови, особено Челзи, Тотенхем е во водство благодарение на својот проактивен пристап и интересот на Кудус за нивната визија.
Разговорите се уште траат, но Спурс се оптимистични дека ќе успеат да го доведат Кудуш како клучно засилување за предизвиците што следуваат.
Иднината на Ричарлисон неизвесна – турски клубови го бараат
Тотенхем Хотспур го одобри заминувањето на Ричарлисон ова лето. Бразилскиот напаѓач, кој пристигна од Евертон во 2022 година, веќе не е дел од плановите на тренерот Томас Франк, кој сака да го реструктуира нападот пред стартот на новата сезона.
Ричарлисон имаше ограничено време на теренот, особено по доаѓањето на Доминик Соланке, а неговиот број на голови минатата сезона не ги исполни очекувањата. Иако има договор до 2027 година, Тотенхем е подготвен да го ослободи напаѓачот од 28 години.
Интерес за Ричарлисон доаѓа главно од странство. Турските гиганти Галатасарај се најсериозни кандидати за потпис на Бразилецот, а спомнат е и Фенербахче како можен клуб. Тотенхем сака трансфер со целосна продажба за околу 20 милиони фунти, што е значително помалку од 50 милиони фунти што првично ги платија.
Во меѓувреме, Тотенхем се фокусира на засилувања во нападот, при што приоритет е Мохамед Кудуш од Вест Хем, со цел да состави тим кој ќе одговара на визијата на Томас Франк за Премиер Лигата и Европа.
Оли Ваткинс – можно ново лице во нападот на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува можноста за потпис на Оли Ваткинс од Астон Вила, додека се обидува да го засили својот напад ова лето. Англискиот интернационалец е конзистентен стрелец во Премиер Лигата, со 87 голови во 225 натпревари за Вила во последните сезони. Ваткинс се гледа како сигурна опција за зајакнување на нападот на Јунајтед, особено поради неизвесната иднина на Расмус Хојлунд во Олд Трафорд.
Преговорите меѓу двата клуба се водат преку посредници за да се процени можноста за трансфер. Иако Ваткинс првично беше разгледуван како резервна опција во случај Хојлунд да замине, најновите извештаи сугерираат дека Јунајтед може да го следи напаѓачот без разлика на иднината на Хојлунд. Астон Вила, со финансиски предизвици и поради правилата на Премиер Лигата за профит и одржливост, може да биде подготвен да го продаде Ваткинс за да го урамнотежи буџетот. Клубот претходно одби понуда од 60 милиони фунти од Арсенал, што ја покажува високата вредност што му ја даваат на играчот, кој има договор до 2028 година.
Трансферните планови на Јунајтед ова лето вклучуваат донесување нови напаѓачи, со веќе потпишан Матеус Куња и тековни преговори за Брајан Мбеумо од Брентфорд. Ваткинс одговара на профилот на докажан Премиерлигашки напаѓач, што се поклопува со желбата на менаџерот Рубен Аморим да донесе искусни и ефикасни напаѓачи. Сепак, конечната одлука зависи од тоа дали Јунајтед ќе може да ја менаџира продажбата на играчи и финансиските услови за да овозможи ваков профил на засилување.
Од аспект на Астон Вила, продажбата на Ваткинс би обезбедила значајно финансиско олеснување и ќе им помогне да ги испочитуваат правилата на лигата. Клубот внимателно ги проценува опциите, бидејќи Ваткинс е еден од нивните највредни играчи.
Баерн се приклучи во трката за Маркус Рашфорд
Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, откако Астон Вила потврди дека нема да го откупи неговиот договор за 47 милиони евра.
Германските медиуми објавија дека скаутите на Баерн ги следеле натпреварите на англискиот репрезентативец во Бирмингем минатата сезона.
„Рашфорд совршено се вклопува во профилот на играч што му е потребен на Баерн. Тој е способен да игра на левата страна и како напаѓач“, пишува „Билд“.
Некои британски медиуми објавија дека приоритет на Рашфорд е да ја продолжи кариерата во странство, бидејќи сака да оди во клуб кој ќе се бори за трофеи.
Деновиве тој изјави дека би сакал да игра со Ламин Јамал во Барселона, но иако Каталонците се заинтересирани, проблемот се парите.
Рашфорд ја започна кариерата во младинските категории на Манчестер јунајтед, а за првиот тим на клубот „од Олд Трафорд“ одигра 426 натпревари и постигна 138 голови.
Сакраменто потпиша со Денис Шрудер
Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шрудер потпиша со Сакраменто, кој ќе биде неговиот десетти НБА тим во кариерата.
Триесетиедно годишниот Шрудер минатата сезона, која ја помина во три различни НБА лигаши, имаше просек од 13,1 поени, 2,6 скокови и 5,4 асистенции.
Минатата сезона Шрудер ја почна во тренинг кампот на Бруклин, од каде во декември премина во Голден Стејт за неколку месеци подоцна да биде испратен во Детроит каде што германскиот плејмејкер му помогна на младиот состав да стигне до плејофот.
Во неговата 12-годишна НБА кариера, Денис Шрудер играше и за Атланта, Оклахома, Бостон, Хјустон, Торонто и Лос Анџелес Лејкерс (двапати).