feature

Биберовиќ ги одби понудите од НБА лигата за да остане во Фенер

Тарик Биберовиќ го продолжи договорот со Фенербахче. Истанбулскиот Фенербахче ги загуби Марко Гудуриќ, Ерик Мекалум, Најџел Хејс-Дејвис и Дејшон Пјер ова лето, а се веруваше дека и Тарик Биберовиќ ќе замине.

Според турските медиуми, Биберовиќ ќе го продолжи договорот со шампионот на Евролигата.

Тој имаше понуда од Мемфис Гризлис на маса, но одлучи да ја одбие поканата од тимот од Тенеси и да не се приклучи на друштвото на Томас Исало, туку да остане дел од тимот на Шарунас Јасикевчиус.

Во сезоната 2024/25, Биберовиќ имаше 10,4 поени по натпревар во Евролигата, со 3,1 скока и 1,4 асистенции.


Ред Бул го отпушти Кристијан Хорнер

Шефот на тимот на Ред Бул во Ф1, Кристијан Хорнер, е отпуштен. Шокантни вести од Формула 1 велат: Ред Бул го отпушти Кристијан Хорнер и отпуштањето стапува на сила веднаш!

Хорнер е во Ред Бул повеќе од 20 години, а сега ќе биде заменет од шефот на тимот на Рејсинг Булс, Лоран Мекис.

Кристијан Хорнер ја плати цената за лошите резултати на тимот во изминатите 18 месеци и сега Ред Бул падна на четвртото место во шампионатот на конструктори.

Макс Верстапен победи само двапати оваа сезона и генерално се мачи и за себе и за Ред Бул воопшто, додека брилијантниот Адриан Њуи замина за Астон Мартин, како и Џонатан Витли кој стана шеф на Заубер.

Макс Верстапен неодамна беше поврзуван со Мерцедес, иако има договор до 2028 година.

Како што веќе споменавме, Мекис ја презема улогата на Хорнер во Ред Бул, додека Алан Перман станува нов шеф на тимот на Рејсинг Булс.


Алекса Аврамовиќ е нов член на Дубаи

Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ е нов кошаркар на Дубаи, објави денес клубот од Обединетите Арапски Емирати.

Дубаи, кој ќе настапува во Евролигата во следните пет сезони, не ја прецизираше временската рамка на договорот што го потпиша со 30-годишниот Аврамовиќ, порталот „Баскет њуз“ објави дека станува збор за тригодишна соработка.

Српскиот плејмејкер минатата сезона играше за ЦСКА Москва, со која ја освои титулата во ВТБ лигата и ВТБ Суперкупот.

Пред да дојде во ЦСКА, Аврамовиќ беше член на Партизан три сезони и со белградскиот клуб ја освои титулата во АБА лигата во сезоната 2022/23.

Со српската репрезентација освои сребро на Светското првенство во 2023 година и бронза на Олимписките игри во Париз.

Аврамовиќ е второто засилување на Дубаи за новата сезона по босанскиот репрезентативец Џанан Муса кој дојде од Реал Мадрид.


Томовски го замени Потсдам со Битигхајм

Германскиот второлигаш Битигхајм денеска го промовираше нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски како ново засилување за следната сезона. Томовски се сели во Битигхајм од екипата на Потсдам и потпиша договор до 2027 година.

„Мартин Томовски е искусен голман кој ги докажа своите способности и во германската Бундеслига. Мартин остави многу добар впечаток кај своите претходни клубови и соиграчи, и на теренот и надвор од него. Тој ќе биде важен фактор во нашата цел – промоција во Бундеслигата“, изјави извршниот директор на клубот, Бастијан Шпалингер.

Томовски вели дека е мотивиран за новиот предизвик: „Среќен сум и со нетрпение го очекувам следниот чекор со Битигхајм. Целите се јасни и имаме ист план. Затоа сум на вистинското место!“, вели Томовски.


Вардар 1961 доведе два средни бека

Двократниот европски ракометен првак Вардар 1961 донесе две странски засилувања во своите редови за новата сезона.

Нови ракометари на Вардар, како што соопшти попладнево клубот, се централните бекови, Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно, кои ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов.

Кавада е 19 годишен младински репрезентативец на Јапонија со која настапи на последното Светско првенство во Полска,, додека на ланското Азиско првенство беше прогласен за најкорисен играч на турнирот.

Во новата сезона на позицијата среден бек ќе настапува и 27-годишниот Аргентинец Боно, кој доаѓа во редовите на Вардар од францускиот Истр.

Боно е репрезентативец на Аргентина со која настапи на Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство порано оваа година.


Хрватски талент потпиша за Ла Масија

Барселона продолжува да инвестира во млади таленти – најновиот член на славниот клуб е 18-годишниот хрватски среден играч, Ловро Челфи.

Тој првично ќе игра за вториот тим на “Блауграна”, каде што ќе има можност да се развива под менторството на еден од најголемите европски клубови.

Челфи доаѓа од НК Кустошија, а интересно е што е син на познатиот Јасен Челфи, водечки солист во Загрепската филхармонија. Својата кариера ја започна во младинските екипи на загрепски Динамо, а во 2022 година премина во Кустошија, каде што минатата сезона играше за У-19 тимот и го имаше своето деби во сениорскиот состав.


Нкунку пак на радарот на Баерн

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските медиуми во вторникот. Шампионот на Бундеслигата повторно размислува за ангажирање на 27-годишниот фудбалер по повредата на Џамал Мусиала. Раководството на Баерн веќе се поврзало со Пини Захави, агентот на Кристофер Нкунку.

Манчестер Јунајтед и Барселона исто така покажуваат интерес за крилниот напаѓач.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓

Во јануари германскиот клуб се обиде да потпише со Французинот, но не беше подготвен да плати 70 милиони евра за него.

Челси преферира да го продаде Нкунку, отколку да го испраќа на заем.

Францускиот репрезентативец премина кај “сините” од РБ Лајпциг во 2023 година, а претходно беше во Пари Сен Жермен.


Челзи заработи преку 100 милиони евра на патот до финалето на СКП

Челзи заработи 110 милиони долари од досегашниот настап на Светското клупско првенство. Клубот ќе добие уште 10 милиони долари ако победи во финалето.

Синоќа, тимот на Енцо Мареска го победи Флуминенсе со 2:0 и ќе се натпреварува за трофејот со победникот од другиот полуфинален натпревар помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

Максималниот можен приход за еден клуб на Светското клупско првенство е 125 милиони долари.

Челзи загуби 2 милиони долари поради поразот од Фламенго со 1:3 во групната фаза, а за учеството на турнирот „Сините“ добија 35 милиони евра – 3 милиони помалку од максималниот можен износ за претставниците на УЕФА.


Мареска без Каиседо во финалето на Светското клупско првенство

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска откри дека Моисес Каиседо имал болки по повредата на глуждот за време на победата на неговиот тим против Флуминензе во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Тимот на Мареска сега ќе игра против Пари Сен Жермен или Реал Мадрид во финалето на Светското клупско првенство во недела, но прашање е дали Каиседо ќе биде во тимот.

Еквадорскиот репрезентативец доби лекарска помош на теренот и се обиде да го доигра натпреварот, но 23-годишникот очигледно се мачеше да се движи и беше виден со мраз на глуждот по завршувањето на натпреварот.

“Тој чувствуваше дека може да го доигра мечот, се обиде, но почувствува болка. Засега не знаеме ништо. Се надевам дека ќе биде подготвен во недела, ќе видиме“, изјави Мареска.


Синго од Монако се сели во Милан

Екипата на Милан покажа интерес за фудбалерот на Монако, Вилфред Синго. На италијанскиот клуб му е понудено да го ангажира 24-годишниот дефанзивец, а „росонерите“ размислуваа за понуда од околу 15 милиони евра и бонуси која ќе ја достава во текот на овие денови. Сепак, францускиот тим смета дека вредноста на Синго е околу 20-25 милиони евра.

Милан има и неколку други опции на позицијата дефанзивец, вклучувајќи ги Гела Дуе од Стразбур и Арчи Браун од Гент, како и Александар Зинченко од Арсенал.