feature

Бронза за Арабел Рустемовски на Европското јуниорско првенство во Србија

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди.

Ова е голем успех за Арабел, Македонија и битолскиот бокс, посевно за фамилијата Рустемовски, бидејќи ова е втор медал по оној на Ален Рустемовски.

Свој удел имаат и судиите, но победата сепак е за Ерменецот.

Нови Пазар е домаќин на над 200 машки и женски боксери од над 20 земји во 13 тежински категории.


Чешмиџиев претставен во Радник Бијелина

Константин Чешмеџиев има нов клуб и потпиша со Радник Бијелина од Босна и Херцеговина.

Македонскиот дефанзивец кој последно настапуваше за Гостивар, сега се сели повторно на интернационален предизвик. Тој потпиша со босанскиот тим и ја задолжи опремата со број „5“.

Пред Гостивар во кариерата Чешмеџиев настапуваше за Хајер од Саудиска Арабија, Влазниа од Албанија, Септември и Славија Софија од Бугарија, Вележ од БиХ, а во мак-фудбалот настапуваше за Шкупи, Шкендија, Брера, Македонија ЃП, Љубанци и Пелистер.


Гарначо одбил фараонска понуда од Саудиска Арабија

Алехандро Гарначо ја одбил понудата од саудискиот Ал Наср каде што настапува Кристијано Роналдо, пренесуваат британските медиуми.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим не смета на Аргентинецот, иако во изминатата сезона Гарначо постигна 11 голови и подели десет асистенции. Желбата на фудбалерот е да остане во Евопа, а најголем интерес до овој момент за него покажа Наполи, кој се обидуваше да го доведе и во зимскиот преоден рок.

Тогаш клубот од Неапол понуди 45 милиони евра, но Јунајтед ја одби таа понуди. Италијанскиот клуб сепак не се откажува и сака да го доведе во своите редови, меѓутоа прашање е дали се подготвени да платат 57 милиони евра колку што бараат „црвените ѓаволи“.

Гарначо како 16-годишник замина од Атлетико Мадрид и се придружи на академијата на Манчестер јунајтед, додека за првиот тим на гигантот од „Олд Трафорд“ започна да настапува од летото 2022 година.


Елези раскина со Бохум

Македонскиот фудбалер Агон Елези од наредната сезона нема да биде дел од Бохум, потврди клубот од Германија.

Германскиот клуб преку социјалните мрежи објави дека Елези не успеал да се наметне во првиот тим и двете страни постигнале договор за раскин на соработката.

Елези вториот дел од сезоната го помина Горица во Хрватска, но и овој клуб не се одлучи да го откупи неговиот договор.

Од неговото доаѓање во Бохум, Елези одигра само еден натпревар за првиот тим и тоа во Купот на Германија и уште седум за вториот тим.


Познати четвртфиналните парови на женското Европско првенство

Spain v England – UEFA Women s Nations League 2024/25 Grp A3 MD6 Aitana Bonmati and Keira Walsh play during the match between the women s national teams of Spain and England, corresponding to League A of Group 3 of the Women s Nations League, at the RCDE Stadium in Barcelona, Spain, on June 3, 2025. Barcelona Barcelona Spain PUBLICATIONxNOTxINxFRA Copyright: xUrbanandsportx originalFilename:urbanandsport-spainven250603_npXER.jpg

Франција и Англија се последните патници во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во женска конкуренција, кое се одржува во Швајцарија. Во завршното коло од групата Г, Франција синоќа ја совлада Холандија со 5-2, со пресврт во второто полувреме, откако Холанѓанките имаа предност пи воведните 45 минути од 2-1.

Во вториот натпревар, актуелниот европски шампион Англија го победи Велс со 6-1.

Франција го освои првото место во групата со девет бодови, пред Англија со шест бодови. Холандија остана на три бодови, а Велшанките претрпеа три порази.

Четвртфинални парови се Норвешка – Италија, Шведска – Англија, Шпанија – Швајцарија и Франција – Германија.


Челзи влезе во историјата: Прв клуб со сите интернационални трофеи

Лондонски Челзи стана првиот тим во фудбалската историја што ги освои сите големи клупски трофеи.

„Сините“ ја имаат освоено,англиската Премиер лига, англискиот куп и Лига купот, а ги освоија и Лигата на шампионите, Лигата Европа и Конференциската лига. Светското клупско првенство беше последниот турнир што го освои Челзи.

Натпреварот помеѓу Челзи и ПСЖ се одигра синоќа на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд (САД). Тимот од Лондон го победи ПСЖ со 3:0 и стана првиот тим кој успеал да го направи овој подвиг, да ги освои сите трофеи на домашна и меѓународна клупска сцена.


Реал Мадрид и Бенфика постигнаа договор за Карерас

Бекот Алваро Карерас ќе се приклучи на Реал Мадрид од лисабонската Бенфика. Ова го објави новинарот и инсајдер Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според изворот, трансферот е целосно формализиран. Денес, мадридскиот клуб ќе даде официјално соопштение за трансферот.

Карерас одигра 52 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона, постигнувајќи четири гола и задавајќи пет асистенции. Според „Трансфермаркт“, неговата проценета вредност е 35 милиони евра.

Претходно беше објавено дека износот на трансферот би можел да биде околу 50 милиони евра и дека ќе биде исплатен во неколку фази.


Милан и Стразбур не се договорија за братот на Дезире Дуе

Милан никако не успева да се договори со Стразбур за потписот на Гела Дуе. Според „Л’Екип“, „росонерите“ испратиле втора понуда за 22-годишниот десен бек од Брегот на Слоновата Коска во вредност од само 3 милиони евра повеќе од претходно. Наводно, Милан е подготвен да плати 18 милиони евра за Гела, но Стразбур сака да добие значително повеќе.

Според Calciomercato.com, Французите го процениле фудбалерот на 28 милиони евра.

Гела е постар брат на крилниот напаѓач на ПСЖ, Дезире Дуе.


Рома и Брајтон преговараат за Еван Фергусон

Рома тргнува во обид да го ангажира напаѓачот на Брајтон, Еван Фергусон.

Според Џанлука Ди Марцио, 20-годишниот Ирец се согласил да се пресели во римскиот клуб, и покрај интересот од други тимови.

Сепак, Брајтон се надева дека ќе добие 45 милиони евра за Еван, додека Рома се обидува дека ќе ја намали цената.

Фергусон постигна 1 гол во 13 натпревари од Премиер лигата за Брајтон во сезоната 2024/25.


Денвер го претстави Литванецот Валанчиунас

Литванскиот центар Јонас Валанчиунас и официјално е играч на Денвер Нагетс. Договорот со кој Денвер го испрати напаѓачот Дарио Шариќ во Сакраменто во замена за центарот Јонас Валанчиунас е официјален.

И покрај интересот на Панатинаикос за Литванецот, Нагетс очекуваат Валанчиунас да ги исполни своите договорни обврски, кои вклучуваат уште две години и исплати од околу 20 милиони долари. Само претстојната сезона, со плата од 10,3 милиони долари, е загарантирана..