feature

Леверкузен близу до договор со Малик Тилман вреден 40 милиони евра

Баер Леверкузен се договори да го доведе американскиот фудбалер Малик Тилман од ПСВ Ајндховен во трансфер вреден над 40 милиони евра. Ова е вториот голем потпис за клубот ова лето и може да стане еден од најскапите трансфери во нивната историја. 

Тилман, 23 години, се враќа во Германија по импресивна сезона во Холандија, каде што им помогна на ПСВ да освојат двојна титула во Ердивизијата. Тој постигна 16 голови минатата сезона, што привлече внимание од неколку врвни европски клубови. 

Трансферот вклучува долгорочен договор за Тилман. Баерн Минхен, неговиот поранешен клуб, задржа опција за откуп, но реши да не ја активира, што им овозможи на Леверкузен да го финализираат договорот. 

Леверкузен го гледаат Тилман како клучен засилувач за нивниот тим во услови на значајни промени ова лето. Очекувањата се трансферот да биде комплетиран наскоро по медицинските прегледи, а Тилман се очекува да има голема улога во новиот тим на тен Хаг 


Челзи се договори со Борусија Дортмунд за Џејми Гитенс

Челзи постигна договор со Борусија Дортмунд за трансферот на Џејми Бајно-Гитенс, еден од најперспективните млади фудбалери во Европа. Договорот беше финализиран и ја покажува решеноста на клубот да ја засили својата офанзивна линија пред новата сезона. 

Со договорени лични услови и само медицинските прегледи како последен чекор, трансферот е практично завршен. 20-годишниот крилен напаѓач треба да го мине прегледот денеска, а официјалната потврда се очекува наскоро. 

Бајно-Гитенс ќе потпише долгорочен договор со Челзи до јуни 2032 година — што претставува силна потврда за довербата на клубот во неговиот потенцијал, но и за неговата решеност да се изгради на „Стемфорд Бриџ“. 

Во текот на преговорите, младиот Англичанец постојано ја истакнуваше својата желба да премине во Челзи, гледајќи го клубот како совршена средина за негов понатамошен развој и докажување во Премиер Лигата. Неговиот ангажман се очекува да донесе нова енергија во тимот и да ја зајакне левата страна. 


Челзи и Брајтон постигнаа договор за Жоао Педро

Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов член на “Сините”.

Брајтон ќе добие 50 милиони фунти, односно околу 60 милиони евра, а 23-годишниот бразилски напаѓач во вторник ќе пристигне на медицински преглед и потпис на договорот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓

Минатата сезона, Жоао Педро постигна 10 голови и запиша седум асистенции на 30 настапи во сите натпреварувања, додека претходната сезона имаше учинок од 20 голови и три асистенции во 40 натпревари.


Клоп: Ливерпул плати премногу пари за Вирц

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана.

„Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец.

„Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме за одличен играч. Знам дека еднаш реков дека ако платиме 100 милиони евра за играч, ќе си заминам. Но, светот се менува. Тоа е пазарот“, рече Клоп.


Хрватот Бојан Богдановиќ објави крај на кариерата

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ одлучи да се пензионира. Богдановиќ ја објави својата одлука на социјалните мрежи.

„Понекогаш во животот не го избирате моментот. Тој ве избира вас. По 14 месеци борба со повреда на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратам на теренот, време е да се затвори едно поглавје. По повеќе од две децении поминати на паркетот, дојде моментот да се збогувам со кошарката. Не само како спорт, туку и како дел од мене. Тешко е да се опише во неколку реченици сè што ми донесе кошарката. Ме обликуваше како спортист, но уште повеќе како личност“, напиша меѓу другото Богдановиќ.

Бојан Богдановиќ пристигна во НБА лигата во 2014 година. Ги бранеше боите на Бруклин, Вашингтон, Индијана, Детроит, Јута и Њујорк. Просечно постигнуваше 15,6 поени во 719 натпревари. Пред тоа, играше во Европа за Зрињски, Реал, Цибона, Мурсија и Фенербахче.


Зенит испрати понуда за Абрахам

Зенит упатил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, објави Џанлука Ди Марцио.

Руските гиганти, исто така, подготвиле тригодишен договор за Англичанецот, со плата од 5 милиони евра по сезона, но според информациите, самиот играч нема желба да замине во Санкт Петербург и најверојатно ќе одбие таков трансфер.

Абрахам е во сопственост на Рома, но минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, кој нема да го задржи трајно, иако одигра 45 натпревари со 10 гола и 7 асистенции за „росонерите“.


Ди Марија заврши со европскиот фудбал и се врати во Аргентина

Аргентиската фудбалска легенда, Анхел ди Марија, со вчерашниот настап на Светското клупско првенство се прости од европскиот фудбал.

Ди Марија кој беше стрелец за единствениот гол на Бенфика од пенал, по што следуваа продолженија во кои Челси успеа да даде уште 3 голови во рок од 9 минути, за конечен резултат од 4:1.

Поразот во осминафиналето го означи и последниот меч кој Аргентинецот го одигра во боите на дресот на португалскиот клуб. Неговата следна дестинација ќе биде клубот од детството – Росарио Централ.


Кејн го уништи Фламенго и закажа четвртфинале со ПСЖ

Најтрофејниот германски клуб; Баерн го елиминираше Фламенго, клуб со најмногу регистрирани навивачи во светот и резервира место во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА: Баерн го победи Фламенго со 4-2 (3-1) пред 60.000 навивачи во Флорида.

Фламенго официјално има 46,9 милиони регистрирани навивачи, што го прави најпопуларниот клуб во светот. Пресметано е дека 21,9 проценти од населението на Бразил го поддржуваат овој клуб.

Во битката за полуфиналето, Баварците ќе се сретнат со европскиот шампион, Пари Сен Жермен, кој во првиот натпревар од денот го декласираше домашниот тим Интер Мајами со резултат од 4:0.

Фламенго го реши најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн. Англичанецот постигна два гола во деветтата и 73.минута. Баерн до предност дојде со авто голот на Пулгар во шестата минута. Еден гол за Баварците постигна Леон Горецка.

Головите за Фламенго ги постигнаа Жерсон во 33. и Жоргињо во 55.минуута.


Се разделија Милан и Лука Јовиќ

Милан денес ја потврди и разделбата со Лука Јовиќ, српскиот напаѓач ќе си бара нов клуб.

Јовиќ не се прослави во редовите на „росонерите“, па поради тоа ќе мора летово да бара нов тим за иднината.

Србинот оваа сезона настапи на 15 натпревари во Серија А, при што постигна само два гола и играше под сите очекувања.

За услугите на српскиот напаѓач покажаа интерес неколку екипи, но засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.


ПСЖ го декласира Интер Мајами и прелесно обезбеди четвртфинале на СКП

Европскиот шампион, ПСЖ многу лесно се справи со Интер Мајами во осминафиналето од Светското клупско првенство, победија со 4-0, сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Во првото полувреме имаше само еден тим, ПСЖ уште од самиот почеток на мечот ја воспостави доминацијата и покажа кој е кој.

Со гол на Невес во шестата минута ПСЖ поведе со 1-0, а истиот фудбалер во 39. минута зголеми на 2-0.

Во 44. минута Авилес си постигна автогол, а во судиското продолжение од првиот дел Хакими погоди за конечни 4-0.

Второто полувреме беше сосема поинакво, ПСЖ не сакаше да притисне за повеќе голови, ги штедеше силите и речиси и не се обидуваше да дојде до нов погодок.

Таквата игра му овозможи поголема активност на Интер Мајами кој создаде неколку полушанси, но не успеа да постигне почесен гол.

ПСЖ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Фламенго и Баерн Минхен.