Ливерпул му нуди нов договор на Салах, ќе го направи најплатен во Премиер лигата
Ливерпул со нов договор може да го направи египетскиот напаѓач Мохамед Салах најплатен играч во Премиер лигата.
Договорот на 29-годишниот Салах истекува на крајот од следната сезона и Ливерпул ќе мора да работи напорно за да го задржи фудбалерот, пренесува „ЕСПН“.
Ливерпул може да ја зголеми платата на Салах на 592.000 евра неделно, што ќе го направи најплатениот играч во англискиот шампионат. Египетскиот фудбалер за англискиот тим настапува од 2017 година.
Сезонава Салах во сите натпреварувања одигра 24 натпревари и постигна 22 гола и девет асистенции. Ливерпул треба последниот натпревар во 2021 година да го игра против Лестер Сити во Премиер лигата на 28 декември.
Левандовски е фудбалер на годината според „Гардијан“
Реномираниот „Гардијан“ ја објави листата на десет најдобри фудбалери за 2021 година.
На првото место на листата на реномираниот медиум се најде полскиот голгетер Роберт Левандовски. Ова е втора година по ред Левандовски да биде на врвот на оваа листа.
Името на Левандовски се најде на списокот на сите гласачи, а 115 од 219 го избраа да биде на врвот. Зад Левандовски се најде освојувачот на Златната топка, Лионел Меси, потоа Салах, па Бензема, Жоржињо, Мбапе, Халанд, Роналдо, Канте и Кевин Де Брујн.
Јуве го сака Скамака на позајмица до крајот на сезоната
Раководството на Јувентус е заинтересирано за купување на напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака. Клубот од Торино активно бара нов напаѓач. Преговорите со Мауро Икарди и Пјер-Емерик Обамејанг се во ќорсокак, па Јувентус се заинтересира за 22-годишниот Италијанец.
Станува збор за позајмување на напаѓачот со опција за откуп. Скамака оваа сезона во Серија А постигна шест гола. Тој е втор стрелец на Сасуоло. Јувентус има освоено 34 бода на 19 средби и се искачи на петтото место на табелата на италијанската Серија А, додека лидер е Интер со 43 бода од 18 натпревари.
Дејан Наумоски избран за најдобар оператор за 2021 во Евротип, а Кренар Шаини од Голд Слот Клуб за цела Македонија
Евротип и Голд Слот за своите вработени низ цела Македонија организира предновогодишни забави на кои се одбира вработен на годината, со цел истакнување на вредностите на нашите вработени, така и оваа го направи изборот за „Најдобар оператор за 2021 година“, за Евротип и за Голд Слот Клуб.
Во потесниот круг за Евротип влегоа 16 вработени и тоа:
Од Гостивар Ѕвездан Димоски, Битола – Биљана Степановска, Кавадарци – Данче Груева, Охрид – Маја Бимбилоска, Кичево – Николина Панделеска, Штип – Влатко Тодосов, Струмица – Ице Черкезов, Струга – Кире Лазароски, Гевгелија – Слободан Кржев, Скопје – Дејан Стојановиќ, Велес – Томислав Петровски, Радовиш – Ели Ристева, Дебар – Леши Бленди, Куманово – Лидија Младеновиќ, Тетово – Елена Евросимоска, Валандово – Добрила Јанакиева, а за најдобар оператор беше одбран Дејан Наумоски од Прилеп.
За Голд Слот клубовите, во потесниот круг за најдобри оператори влегоа:
Катерина Каровска од Кавадарци, Надица Наунчева од Велес, Христина Петровска од Битола – Широк Сокак, Симона Стојкоска од Тетово, Ивона Трајковска од Охрид, Валентино Георгиевски од Кичево, Марио Трајковски од Прилеп, Милена Богатиноска од Гостивар, а како најдобар оператор од Голд Слот Клуб беше одбран Кренар Шаини од Дебар.
Најдобрите оператори беа наградени со благодарница, рачен часовник и ваучер за летување во Грција од ЈК Травел. Со прогласувањето на „Најдобар оператор на годината“ се стимулира позитивното однесување на вработените, а она е тоа кон што се стреми оваа компанија.
Во пресрет на новата 2022 заедно со нашите вработени наздравуваме за сите успеси со желба дека следи година во која сите заедно ќе ги оствариме сите свои лични, професионални, приватни и службени цели, и понатака заедно ќе растиме и секоја наредна ке заокружуваме нова страна од нашата успешна приказна!
Шкрињар; Среќен сум во Интер, но во фудбалот никогаш не се знае
Милан Шкрињар не ја исклучи можноста да го напушти Интер. Сепак, фудбалерот забележува дека се чувствува удобно да биде шампион на Италија.
„Не размислувам за заминување, се чувствувам добро во Интер. Сепак, никогаш не знаете што може да се случи. Сè уште не сме преговарале за продолжување на договорот, бидејќи тој завршува дури во 2023 година“, изјави Шкрињар.
26-годишниот Шкрињар му се приклучи на Интер од Сампдорија во летото 2017 година за 34 милиони евра. Оваа сезона словачкиот дефанзивец постигна три гола на 23 натпревари од италијанската Серија А и Лигата на шампионите. Пазарната вредност на фудбалерот се проценува на 60 милиони евра. Претходно беше објавено дека за услугите на Шкрињар се заинтересирани англиските премиерлигаши и екипи од шпанската Ла Лига.
Драган Спасевски избран за вработен на годината во Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа
Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа за своите вработени организира предновогодишна забава на која се одбираа вработени на годината, со цел истакнување на вредностите на нашите вработени, така и оваа го направи изборот за „Најдобар вработен за 2021 година“.
Во потесниот круг влегоа 8 вработени и тоа: Дејан Војводич, Илија Цветановски, Жарко Нацевски, Магдалена Ристевска и Благој Наумовски, како и тројцата наградени, Севги Ајазовски, Томислав Тасевски и најдобриот вработен на годината Драган Спасевски.
Најдобрите вработени беа наградени со благодарница, златен прстен и ваучер за летување во Грција од ЈК Травел.
Со прогласувањето на „Најдобар вработен на годината“ се стимулира позитивното однесување на вработените, а она е тоа кон што се стреми оваа компанија. Во пресрет на новата 2022 заедно со нашите вработени наздравуваме за сите успеси со желба дека следи година во која сите заедно ќе ги оствариме сите свои лични, професионални, приватни и службени цели, и понатака заедно ќе растиме и секоја наредна ке заокружуваме нова страна од нашата успешна приказна!
Барса нема да го откупи Австриецот Јусуф Демир
Австрискиот млад напаѓач Јусуф Демир важи за голем талент, но најверојатно веќе го изигра последниот меч за Барселона.
Причината за тоа се крие во интересната клаузула која ја има во неговиот договор. Како што е познато 18-годишниот Демир е сопственост на Рапид Виена и игра на „Камп Ноу“ како позајмен фудбалер.
Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула според која Каталонците се задолжени да го откупат талентот за 10 милиони евра, доколку Дамир одигра 10 меча за Барселона. Во моментов тинејџерот има одиграно 9 меча во сите натпреварувања за Барса, но поради финансиската ситуација клубот одлучи да не го откупува и нема да плати 10 милиони евра.
Гијом Жил со еден куп проблеми, ковид и повредите ја осакатија Франција
Недим Ремили има скршеница на стапалото и нема да биде дел од ракометната репрезентација на Франција на престојното Европско првенство. Сепак, покрај него, стручниот штаб на францускиот ракометен тим има нов проблем – ковид 19.
Никола Карабатиќ, Беноа Кункуд и Јанис Лен ќе го пропуштат почеток на подготовките на „триколорите“ бидејќи се позитивни на Ковид-19. На почетокот на подготвителниот циклус ќе отсуствува и голманот на ПСЖ, Винсент Жерар, поради семејна трагедија.
Селекторот на францускиот тим веднаш направи промени во ростерот, па дополнително ги повикал голманот Весли Пардин, десното крило на Монпеље, Жилиен Бос и левиот бек на Нант, Тибо Бри.
Конте: Кејн денес не сака да си оди, сака да остане во Тотенхем
Антонио Конте тврди дека голгатерот Хари Кејн со ништо не покажува дека сака да си замине од клубот.
Кејн во текот на целото лето инсистираше на трансфер, но Тотенхем ги одби сите понуди, па напаѓачот остана во клубот.
„Хари покажа дека комплетно е фокусиран на проектот на Тотенхем. Го гледам секој ден и забележувам дека тој е среќен тука. Кејн е лидер на тренинзите, во соблекувалната и на теренот. Многу се радувам што го имам во тимот“, изјави Конте.
Барса и Севиља се договорија, Лук де Јонг се сели во Кадиз
Лук Де Јонг кој во последниот ден од преодниот рок пристигна во клубот на позајмица од Севиља вториот дел од сезоната би можел да го помине во Кадиз.
Шпанските медиуми пренесуваат дека трите клуба постигнале договор и сега се чека одобрение само од фудбалерот. Така Де Јонг се сели во клуб ќе мора да се бори да опстанок затоа што во овој момент Кадиз е претпоследен тим на табелата.
Лук Де Јонг во клубот дојде по барање на Роналд Куман, но целосно потфрли, па не е во плановите на новиот стратег Чави Хернандез. Се шпекулираше дека Фенербахче е заинтересан, меѓутоа преселба во Кадиз во овој момент е најверојатна опција.