feature

Тухел лично го убедува Кејн да дојде во Минхен

Тренерот на Баерн, Томас Тухел требал лично да го посети капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн за да го убеди да се пресели во Баварија.

Баерн Минхен не се откажува од Кејн, па сега во трката по неговиот потпис се вклучува и екс-менаџерот на Челзи. Кристијан Фалк, кој многу внимателно го следи Баерн Минхен, на својот Твитер пишува дека Томас Тухел го посетил домот на Хари Кејн за да го убеди на преселба во Германија.

Тотенхем бара 100 милиони фунти за Хари Кејн, кои Баерн Минхен во основа не сака да ги плати. Наместо тоа, прагот на сумата за трансфер која можат да ја понудат Германците е 86 милиони фунти.


Два премиерлигаши го сакаат Думфрис од Интер

Челзи и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за холандскиот репрезентативец и играч на Интер, Дензел Думфрис.

Холаѓанецот минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови, па го привлече вниманието на многу европски гигати. Интер има финансиски проблеми, па доколку пристигне понуда од 50 милиони евра е спремен да го продаде ова лето.

Манчестер Јунајтед и Челзи се спремни да ја платат таа сума и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Тен Хаг лично разговарал со својот сонародник и го убедува да се пресели на „Олд Трафорд“.


Почетино го сака Коло Муани од Ајнтрахт

Челзи се вклучи во трката за потписот на францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.

Коло Муани игра фантастична сезона во Бундеслигата, а се покажа во одлично светло и на Мундијалот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Челзи е во потрага по напаѓач, а поради потешкотиите да дојдат до Виктор Осимен, сега ќе се насочат кон Колу Муани, а покетино верува дека Французинот ќе биде идеален за неговиот тим.

Ајнтрахт сигурно нема лесно да се откаже од Французинот и за неговата слобода бара 100 милиони евра.

После продажбата на неколкуте фудбалери Челзи сега е спремен да тргне во шопинг и нема проблем да ја плати таа сума.


Икарди има понуда од Саудиска Арабија, но под услов да дојде без Ванда Нара

Мауро Икарди имаше одлична сезона во Галатасарај, а по истекот на позајмицата тој ова лето се врати во ПСЖ.

Јасно е дека за него нема повеќе место во Париз и веќе ја започна потрагата по нов клуб, а Ал Шабаб веќе почна преговори за да го убеди Икарди на преселба во Саудиска Арабија.

Ал Шабаб му нуди двегодишен договор тежок неверојатни 80 милиони евра за да го убеди да се пресели во Саудиска Арабија, но има еден важен услов кој нема да и се допадне на неговата сопруга Ванда Нара.

Во понудата има еден услов – заедно со Икарди да не доаѓа и неговата сопруга Ванда Нара. Саудијците вообичаено им нудат максимална комоција на семејствата на фудбалските суперѕвезди, но тоа не е случај и со Ванда, која е позната по животните навики со кои не би се вклопила во животот на жените во оваа држава.


Лацио му понуди нов договор на Сергеј Милинковиќ Савиќ

Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ, сепак, може да потпише нов договор со клубот, соопшти „Скај Спорт Италија“. За српскиот интернационалец не е пристигната конкретна понуда, што им дава надеж на „римските орли“ дека евентуалниот предлог за нов договор ќе биде прифатен.

Милинковиќ-Савиќ во моментов има договор со клубот до 2024 година. Лацио му стави цена од 40 милиони евра, но оваа сума изгледа висока на сите заинтересирани.


Фернардо Диниз привремен селектор, Анчелоти го презема Бразил следната година

Тренерот на Флуминенсе, Фернандо Диниз е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, соопшти локалната фудбалска конференција. Договорот на специјалистот е на една година и ќе стапи на сила од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во септември.

Диниз (49) ќе ја продолжи својата работа во Флуминенсе, каде е тренер од 2022 година.

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригез исто така потврди дека Карло Анчелоти ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил по Копа Америка во 2024 година.


Австриецот Хутер нов тренер на Монако

Адолф Хитер е нов тренер на француски Монако, потврди клубот од Монте Карло.

53-годишниот тренер беше на чело на Борусија Менхенгладбах во сезоната 2021/22 и направи една година пауза. Претходно работеше и во Ајнтрахт, Јанг Бојс и Салцбург.

Монако заврши на шестото место во француското првенство минатата сезона, па оваа сезона нема да игра во европските натпреварувања.


Милан го сака најдобриот фудбалер на АЗ Алкмар

Милан сака да го засили средниот ред, а една од најголемите желби е Тижани Реиндерс од АЗ Алкмар.

После продажбата на Тонали „росонерите“ го доведоа Лофтус Чик, а сакаат да доведат уште двајца играчи за врска. Милан започна преговори со АЗ Алкмар за Реиндерс, кој одигра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови.

24-годишниот играч за врска оваа сезона постигна 7 гола и 12 асистенции, па веќе доби повик и од холандската репрезентација.

Милан има договор со играчот и сега преговара со Алкмар, а трансферот би требало да изнесува околу 18 милиони евра.


Ињиго Мартинез пред промоција во Барселона

Шпанскиот шампион Барселона минатата недела го претстави Илкај Гундоган како нов играч на екипата, а од денеска е јасно дека во составот на Чави ќе има уште еден фудбалер.

На социјалните мрежи се појавија фотографии како Ињиго Мартинес снима видео во дресот на Барса што е знак дека останува само прашање на време до официјалната промоција. И досегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид во Барселона доаѓа без никаква отштета што е уште еден одличен потег на менаџментот на клубот.

Мартинес веќе ги поминал лекарските прегледи и потпишал договор на две години, па можно е веќе до крајот на денот да биде претставен како нов играч на Барса.


Почетино: Челзи е најдобар англиски клуб во новиот милениум

Новиот тренер на Челзи, Маурисио Покетино ги сподели своите впечатоци од почетокот на работата во клубот.

„Мислам дека културата на победа е важна. Во изминатите 10, 12, 15 години, Челзи беше најдобриот тим во Англија. Многу добро ги познавам Премиер лигата и културата на Челзи. Мислам дека нашите навивачи се среќни што се вратија на патот на обидот за победа. Секако дека сме воодушевени. Среќни сме што работиме со многу млад тим, со поинаков пристап од минатото. Но, мислам дека сите разбираме дека треба да работиме многу напорно и да создадеме многу добра атмосфера на тренинзите за да изградиме успех за тимот во следните неколку години. Уште од самиот почеток, сопствениците и спортските директори беа многу јасни за проектот. Среќни сме што му се придружуваме“, изјави Покетино за официјалната веб-страница на лондонскиот клуб.