feature

Кер ги одбра американските адути за Мундобаскетот

Познат е конечниот состав на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави на претстојното Светско првенство што ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Џош Харт ја прифати поканата да биде дел од тимот, со што се познати сите 12 играчи кои ќе ги бранат боите на американската репрезентација на Мундобаскетот.

Комплетираниот ростер го сочинуваат: Тајрис Халибартон, Џејлен Брaнсон, Остин Ривс, Ентони Едвардс, Џош Харт, Микел Бриџис, Кам Џонсон, Брендон Инграм, Паоло Банкеро, Џарен Џексон Јуниор, Боби Портис и Вокер Кеслер.

САД ќе играат во групата Ц заедно со Јордан, Грција и Нов Зеланд.


Дориев ја напушти Шкендија и потпиша за Согдиана од Узбекистан

Љупче Дориев официјално е нов играч на узбекистанскиот прволигаш ФЦ Согдиана од Јизах.

Дориев се раздели со Шкендија по завршувањето на соработката, а во новиот клуб 27-годишниот крилен офанзивен играч ќе заработува 300.000 евра годишно плус годишна плата.

За Дориев ова ќе биде прв интернационален предизвик во кариерата. Шкендија се обидуваше да го задржи во своите редови, меѓутоа понудата од узбекистанскиот клуб финаниски беше далеку подобра.

Пред Шкендија, Дориев беше дел од струмичките клубови Хоризонт Турново и Академија Пандев.


Мурињо ја обновува кариерата на Мејсон Гринвуд

Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.

Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а „црвените ѓаволи“ потврдија дека тој повеќе нема иднина во клубот.

Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната, па ќе го раскинат договорот.

Интерес за него покажува Рома, а Мирињо е спремен да го донесе во својот тим и да му ја спаси кариерата, бидејќи верува во неговиот потенцијал.

Според „Сан“, Мурињо му се јавил на Гринвуд и разговарал со неговиот татко за можна преселба во Рим.


Буфон доби астрономска понуда од Саудиска Арабија

Италијанските медиуми објавија дека легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон, добил понуда да се пресели во Саудиска Арабија.

Изворот наведува дека 45-годишниот чувар на мрежата на Парма може да заработи 30 милиони евра доколку се определи во текот на летово да ја напушти „Чизмата“.

Буфон кој има уште една сезона од договорот со „млекарите, претходно играше за Јувентус и ПСЖ и беше стандарден голман на италијанската репрезентација.


Рафаел Леао ја добива десетката во Милан

Поранешниот италијански шампион, Милан преку социјалните мрежи потврди дека Рафаел Леао е новата „десетка“.

Бројот кој во Милано има легендарен статус го носеше Брахим Дијаз кој сега се врати во Реал Мадрид по крајот на позајмицата.

Овој број во минатото го носеа Кларенс Сидорф, Руи Коста, Звонимир Бобан, Паоло Ди Канио и уште многу други големи имиња, додека во поново време пред Дијаз беше на грбот на Чалхноглу и Боатенг.


Јуве одбил 60 милиони евра од Челзи за Влаховиќ

Челзи веќе дал понуда од 60 милиони евра до екипата на Јувентус за потписот на Душан Влаховиќ, но преставниците на „Старата Дама“ веднаш ја одбиле оваа понуда, јавуваат италијански извори.

Влаховиќ во Јувентус е од јануари минатата година. Договорот на играчот со составот од Торино истекува во летото 2026 година. Во сезоната 2022/23, Србинот одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 гола и направи 4 асистенции. Според информациите, Јуве за негова слобода бара најмалку 75 милиони евра.


Патрик Виеира именуван за тренер на Стразбур

Патрик Виеира е именуван за нов тренер на францускиот прволигаш на Стразбур, објави официјалниот сајт на тимот.

47-годишниот стратег потпишал тригодишен договор со клубот.

Последната тренерска позиција на Виеира беше во Кристал Палас, каде работеше како менаџер од летото 2021 година до неговото заминување во март 2023 година.

Виера како тренер работеше и во Ница, Њујорк Сити и во младинските тимови на Манчестер Сити.


Барса го враќа Ориол Ромеу

Барселона веќе и се откажала од Марсело Брозовиќ кој беше и пред трансфер во Саудиска Арабија.

Претходно на таа позиција Каталонците се поврзуваа со Џошуа Кимих од Барселона и Мартин Зубаменди од Реал Сосиедад, а бидејќи ниту едниот, ниту другиот не беа достапни поради статусот во своите клубови, Барса пронајде нова мета. Според последните информации, Барселона е одлучна во намерата да го доведе Ориол Ромеу од Жирона.

„Спорт“ и „Мундо Депортиво“ пренесуваат дека овој 32-годишник за Барселона е „утешна награда“ откако пропаднаа трансферите на споменатите тројца.

За Ромеу трансферот во Барселона би бил враќање во клубот каде што го помина детството. Во редовите на „Ла Масија“ тој дојде како 13-годишник, а си замина седум години подоцна кога потпиша за Челзи. Пеп Гвардиола во 2013 година му овозможи и да дебитира за првиот тим.


Јапонија без најголемата ѕвезда на Мундобаскетот

Еден од домаќините на претстојниот Мундобаскет, Јапонија, остана без својата најголема кошаркарска ѕвезда – Руи Хачимура, кој го откажа настапот на шампионатот.

Хачимура сака да се посвети на кариерата во НБА, откако ова лето стана ограничен слободен агент.

„Тоа беше тешка одлука, но по минатата сезона и долгиот плеј-оф, решив да дадам приоритет на мојата идна кариера во НБА и да се подготвам за првпат како слободен агент. Ќе се фокусирам на тренинзите и ќе го подготвам телото за следната сезона“, изјави Хачимура.

Мундобаскетот е закажан од 25 август до 10 септември, а Јапонија е во група со Германија, Финска и Австралија.


Луда идеја на Артета: Арсенал го сака Мбапе

Арсенал има одлична сезона во која се до финишот на сезоната му парираше на шампионот Манчестер Сити, но избраниците на Артета како да загубија здив во завршницата.

Веќе Арсенал го доведе Каи Хаверц, а наскоро се очекува да биде завршен трансферот и на Даклан Рајс. Меѓутоа сега според информациите на „Фудбал Инсајдер“, „топџиите“ подготовуваат вистинска „бомба“.

Наводно Артета ќе се обиде да ги расипе плановите на Флорентино Перез и во Лондон сака да го доведе, ниту помалку, ниту повеќе – Килијан Мбапе!

Реал Мадрид веќе неколку преодни рока наназад важи за прв фаворит за потписот на Мбапе и голем дел од јавноста е убеден дека Мбапе ќе заигра за гигантот од Мадрид. Арсенал сега ќе се обиде изненадувачки да влезе во трката, претходно се шпекулираше и за Ливерпул.