feature

Милевски: Македонија на секој натпревар мора да биде на највисоко ниво

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, даде свое видување и коментар после извлекувањето на групите за Лигата на нации. Нашите најдобри фудбалери ќе играат во групата 4 од Ц сегментот против Бугарија, Грузија и Гибралтар.

„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари. 

Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група.

Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап“, изјави Милевски.

Нашата репрезентација првиот натпревар од Лигата на нации ќе го игра на 2.јуни 2022 година против Бугарија на гостински терен.


Одложени 4 средби во англиската Премиер лига

Челниците на Премиер лигата, поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, одлучија да се одложат уште четири натпревари кои требаше да се играат овој викенд. Тоа се саботните натпревари Саутемптон-Брентфорд, Ватфорд-Кристал Палас и Вест Хем-Норвич, како и мечот помеѓу Евертон и Лестер кој беше закажан за во недела. Претходно не се одигра и натпреварот на Манчестер Јунајтед и Брентфорд.

Ова значи дека половина од натпреварите за следното коло нема да се одиграат. Неизвесни се и останатите натпревари бидејќи позитивни играчи пријавија и во Челзи и Ливерпул.

Најголем број натпревари досега му се одложени на екипата на Тотенхем, вкупно три.


Италија и Аргентина ќе играат на „Вембли“ на 1 јули

Eвропскиот шампион Италија ќе игра против Аргентина која победи во последното издание на Копа Америка.

Договор за одигрување на овој натпревар имаше од претходно, а сега е познат и датумот на кој тој ќе се реализира. Италија и Аргентина ќе се сретнат на 1 јули во Лондон.

Во овој момент нема официјална потврда, но очекувањата се натпреварот да биде одигран на „Вембли“. Според договорот на двете федерации ова ќе донесе уште две соочувања до 2028 година.

За Италијанците ова ќе биде враќање на местото каде што во  драматичен натпревар ја победија Англија.


Диего Алонсо именуван за нов селектор на Уругвај

Фудбалската репрезентација на Уругвај има нов селектор во 46-годишниот Диего Алонсо како наследник на легендарниот Оскар Табарез, кој по 15 години минати на должноста минатиот месец доби отказ.

Уругвајската фудбалска федерација сè уште не објави детали, но локалните медиуми јавија дека со Алонсо е потпишан договор до крајот на јужноамериканските квалификации за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Табарез мораше да замине од сеекторското место по серијата лоши резултати во мундијалските квалификации, оставајќи го Уругвај седмопласиран со бод помалку од Колумбија и Перу, кои се на четвртото и петтото место. Првопласираните четири репрезентации обезбедуваат директен пласман на Мундијалот во Катар, додека петопласираниот тим ќе игра бараж.

Алонсо со својата тренерска кариера предводеше повеќе јужноамерикански екипи, а неговите последните два тима беа мексиканскиот Монтереј и американскиот Интер Мајами.


Барселона размислува за доведување на Бернардески од Јувентус

Раководството на Барселона ги разгледува можните опции за доведување во своите редови на Федерико Бернардески од Јувентус ова лето.

Договорот на 27 годишниот италијанскиот репрезентативец со „старата дама“ истекува на крајот од оваа сезона. Веќе е остварена средба помеѓу спортскиот директор на Барселона, Матео Алемани и менаџерот на играчот, Федерико Пасторело.

Барселона во врска со нови засилувања на тимот наредниот период ќе се фокусира на играчи на кои им истекува договорот на крајот од сезоната и кои би пристигнале на „Ноу Камп“ како слободни играчи без обештетување.

Најавено е дека преговорите за овој трансфер ќе продолжат наредниве недели.


Парма го сака Илија Несторовски уште во јануари

Илија Несторовски се врати од тешката повреда минатата сезона, а полека почна да добива и минутажа во редовите на Удинезе.

Се поврзува Несторовски и со други клубови во јануарскиот преоден рок, а една од опциите е и екипата на Парма. Спортскиот директор на „млекарите“ откри дека му се допаѓа македонскиот фудбалер за засилување во нападот.

„Имаме идеја и размислуваме за засилувања. Посебно ми се допаѓа Несторовски кого Јакини добро го познава, сигурно би бил големо засилвуање за нас“, изјави спортскиот директор на Парма, Алфредо Манфредини.

Ако дојде до реализација на овој трансфер Нестор би станал соиграч со Буфон кој го брани голот на Парма.


Каролина Плишкова нема да настапи на Австралија Опен

Чешката тенисерка, Каролина Плишкова, нема да учествува на Австралија Опен. Таа го откажа настапот на гренд слем турнирот поради заработена повреда.

Плишкова, која моментално е рангирана на четвртата позиција од ВТА листата, веста за неиграњето и нејзината повреда ја сподели на социјалните мрежи. Информацијата подоцна ја потврди и организаторот на турнирот кој се одржува во Мелбурн.

Каролина Плишкова оваа сезона беше финалист на Вимблдон но загуби од Австралијанката Барти. Најголем успех на Австралија Опен и е играњето во полуфиналето во 2019 година.

https://twitter.com/KaPliskova/status/1471376702433636352?s=20



Набил Фекир го продолжува договорот со Бетис

Шпанските медиуми информираат дека екипата на Бетис е пред продолжување на договорот со играчот од средниот ред Набил Фекир.

Новиот договор на францускиот интернационалец со клубот од Севиља би бил со важност до 2026 година.

28-годишниот Фекир пристигна во Бетис од екипата на Лион во 2019 година и се наметна како еден од најдобрите поединци во екипата. Претходно тој беше многу блиску до трансфер во англискиот гигант Ливерпул.

Според Трансфермаркт моменталната вредност на играчот се проценува на 25 милиони евра.

Сезонава во зелено-белиот дрес на Бетис тој настапи на 19 натпревари, постигна 4 гола и 4 асистенции.


Премиерлигашите потрошија најмногу на агенти во 2021 година

ФИФА соопшти дека фудбалските клубови годинава потрошиле 500,8 милиони долари за такси за агенти или повеќе од претходната и покрај намалените трошоци за трансфери.

Европските клубови учествуваат со 95,8 отсто од вкупната сума. Англичаните се лидери со 133,3 милиони долари, Германија е втора со (84,3),  Италија (73,5 милиони долари) а Шпанија, (8 милиони долари). Тука се и Франција (30,3 милиони долари) и Португалија (29,3 милиони американски долари).

Светската фудбалска федерација се обидува да ги промени правилата за фудбалските агенти. Надоместоците за нив ќе бидат ограничени на 10% од сите исплати и 3% од платата на играчот.


Коман заминува од Минхен, можна опција е трансфер во Мадрид

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако играчот не може да се договори со клубот за продолжување на соработката. Договорот на Коман истекува 2023 година. Тој нема намера да ја продолжи соработката ако не му биде понудена двојно поголема плата.

Преговорите се во застој, па се поизвесно е дека на лето ќе биде продаден, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Германските медиуми пренесуваат дека Французинот преку својот агент Пини Захави ми се понидил на Реал Мадрид.

„Кралевите“ сакаат да го ангажираат Мбапе, па не дале позитивен одговор, иако не ја исклучиле во целост можноста да го ангажираат и Коман.