feature

Аронс од Норич на радарот на Мурињо и Рома

Дефанзивецот на Норич, Макс Аронс, може да добие понуда во текот на наредното лето да се преслеи во редовите на Рома.

Според медиумите, луѓето од „Олимпико“ ги процениле квалитетите на младиот фудбалери и затоа сакаат да испратат понуда , тврди „Кориере дело спорт“.

„Канаринците“ се борат за опстанок во Премиер лигата а 21-годишниот десен бек покажува солидни резултати од почетокот на сезоната. За младиот талент се заинтересирани Тотенхем и Евертон.


Гризман поради повреда нема да настапува до крајот на годината

Антоан Гризман ќе ги пропушти двата последни натпревари на Атлетико Мадрид во 2021 година. Тој заработи повреда после стартот на Дани Карвахал на дерби натпреварот со Реал Мадрид, кој заврши со 2:0 за „кралевите“.

Од Клубот информираат дека Гризман ја повредил десната надколеница и со сигурност ги пропушта натпреварите против Севиља и Гранада. 

Ако неговото опоравување се одвива во добра насока тогаш Французинот ќе се врати на теренот за дуелот со Рајо Валекано закажан за 2 јануари 2022.


Лорис сака да ја заврши кариерата во Тотенхем

Хуго Лорис е подготвен да потпише нов долгорочен договор со Тотенхем. Актуелниот договор на 34-годишниот Французин е до летото 2022 година, а со тоа се очекуваше тој да ги напушти Тотенхем следното лето.

Сепак, „Football Insider“ тврди дека ветеранот се предомислил и е подготвен да остане во Тотенхем до крајот на својата кариера. Лорис се чувствува среќен во Лондон и нема желба да ја промени ситуацијата. Тоа лошо би се одразило на неговото семејство, а особено на неговите деца, кои ќе мора да го сменат училиштето и целосно да ги сменат своите навики.

Покрај тоа, ветеранот е импресиониран од новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте и е нестрплив да продолжи да работи со него во иднина. Тој е убеден дека Италијанецот има квалитети да го води Тотенхем до многу трофеи во наредните години. Лорис е во Тотенхем од 2012 година, кога се пресели од Олимпик Лион. Тој ја игра својата десетта сезона за клубот, со 388 настапи во сите натпреварувања досега, но се уште нема освоено трофеј со Тотенхем, играјќи две финалиња во Лига купот и едно финале во Лигата на шампионите. Тој е и стартен голман на француската репрезентација со 136 натпревари на своето конто.


Ковид во Манчестер Јунајтед, одложен натпреварот во Брентфорд

Сепак, мечот Брентфорд – Манчестер Јунајтед кој беше денес на распоредот ќе биде одложен.  Клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека натпреварот се одложува поради неколку позитивни случаи помеѓу фудбалерите и стручниот штаб.

„Манчестер Јунајтед жали поради непријатностите поради Ковид-19 пред натпреварот со Брентфорд“, стои во соопштението.

За денес се закажани уште натпреварите Норвич – Астон Вила и Лидс – Манчестер Сити и тие ќе бидат одиграни.


Јуве крои план како да го доведе Влаховиќ во јануари

Душан Влаховиќ одби да го продолжи договорот со Фиорентина и јасно е дека наскоро ќе ја промени средината.

21-годишниот голгетер го привлече вниманието на многу европски гиганти и има многу понуди, а најсилен интерес за него покажува Јувентус. „Старата дама“ во моментов е далеку од Топ 4, но без разлика дали ќе избори пласма за ЛШ, сака по секоја цена да го донесе Влаховиќ во своите редови.

Фиорентина веќе ја постави цената и за неговата слобода бара 70 милиони евра, па „бјанконерите“ прават план како да го финансираат трансферот.

Алегри не е задоволен од Артур и Рамзи, а Мората сигурно заминува на крајот на сезоната. Тројцата имаат плата од околу 20 милиони евра, па Јувентус планира тој буџет да го искористи за Влаховиќ.


Рамос: Го сакам Реал и неговите навивачи, посакував друг противник во Лигата на шампиони

Серхио Рамос кој настапува за екипата на Париз Сен Жермен, искажа свое мислење за ждрепката за осминафиналните дуели во Лигата на шампиони со која за противник беше избран Реал Мадрид. Шпанскиот репрезентативец беше долгогодишен капитен на „Кралскиот клуб“со кој освои безброј титули, но минатото лето го напушти клубот и како слободен играч се пресели во клубот од Париз.

„Судбината е непредвидлива. Посакував да играме против друг тим. Знаете колку ги сакам Реал и навивачите, тоа е нешто кое никогаш нема да се смени, но време е да се прифати реалноста“, изјави Рамос.

“Во моментот јас сум играч на ПСЖ и ќе изгинам на теренот за да продолжиме напред во ЛШ. Реал се наоѓа во силна натпреварувачка форма, но има уште доста време до нашата пресметка со нив”.


Пике ја завршува својата играчка кариера

Според информациите од шпанските медиуми, дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, има намера да стави крај на својата играчка кариера по завршувањето на тековната сезона.

Наводно, Пике за своите планови веќе го известил тренерот на екипата, Чави Ернандез и претседателот на клубот Жоан Лапорта.

34-годишниот фудбалер има актуелен договор со тимот од „Ноу Камп“ кој завршува во 2024 година. Во Барселона пристигна во 2008 година и од тогаш е незаменлив дел од одбраната на екипата. 


Челзи му нуди нов договор на Тиаго Силва

Ветеранот Тиаго Силва ќе добие предлог за нов договор од Челзи.

Се очекува дефанзивецот повторно да потпише до 2023 година. Актуелниот договор на Бразилецот истекува на крајот од сезоната, но двете страни веќе се договорија за продолжување на соработката.

Тиаго Силва пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како слободен играч од Пари Сен Жермен. Досега има 13 натпревари и 2 гола во Премиер лигата.

Челзи во моментов е на третото место со 36 бодови. Пред „сините“ од Лондон се Манчестер Сити и Ливерпул.


Челзи ќе го позајми Пулишиќ во Барселона?

Кристијан Пулишиќ е задоволен од интересот на Барселона и нема ништо против да го напушти Челзи, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Каталонците бараат засилување во нападот откако Лионел Меси замина во Пари Сен Жермен, а Серхио Агуеро најверојатно ќе ја заврши кариерата поради здравствени проблеми. 23-годишниот Пулишиќ е една од главните цели на Барселона во следниот преоден рок и можен е негов трансфер на „Камп Ноу“, бидејќи повеќе е резерва во Челзи.

Пулишиќ во последните недели се поврзуваше и со преселба во тимот на Ливерпул, кој ќе бара привремени замени за Мохамед Салах и Садио Мане кои ќе учествуваат на Африканскиот куп на нации.


ТВ правата за шпанската ЛА Лига продадени за скоро 5 милијарди евра

Челниците на шпанската Ла Лига успеаја да ги продадат телевизиските права за пренос на натпреварите од домашниот шампионат за 4,95 милијарди евра. Новиот супер договор е потпишан со компаниите Мовистар и ДАЗН и е со важност од 5 години.

Претходниот договор со Телефоника беше на две години и чинеше 2,94 милијарди евра.

Новиот договор на екипите учесници во Ла Лига ќе им гарантира финансиска стабилност и доста поголеми приходи од досегашните.

 Освен тоа, натпреварите од фудбалското првенството на Шпанија сега ќе бидат многу подостапни за фановите во САД, Мексико и Латинска Америка.