feature

Грималдо од Бенфика ќе биде замената за Алекс Сандро во Јуве

Приоритет на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде да ја засили левата бековска позиција.

„Бјанконерите“ сакаат да донесат наследник на Алекс Сандро, кој на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот. Најголема желба на раководстворо на „старата дама“ е Алехандро Грималдо од Бенфика.

Договорот на Грималдо со Бенфика истекува на крајот на сезоната и тој на лето ќе биде слободен агент.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе во Торино без обештетување на лето.


Буфон има сон за крај на кариерата: Враќање на Парма во Серија А, па пензија

Џанлуиџи Буфон и понатаму е активен на фудбалските терени, а сега откри кога би бил подготвен да каже „крај“.

Буфон има 45 години и денес брани за Парма каде што и ја започна кариерата, за потоа да премине во Јувентус и да стане легенда на клубот од Торино. Имаше Буфон и кратка авантура во ПСЖ. Парма сега се натпреварува во Серија Б и Буфон порача дека посакува да се пензионира со враќање на Парма во Серија А.

„Во мене се уште има енергија како и претходно. Можеби ќе се повлечам кога Парма ќе се врати во Серија А, тоа е моја голема желба и би било исполнување на сонот“, истакна Буфон.

Во овој момент Парма се наоѓа на седмата позиција со реални шанси да влезе во плеј-офот за место во Серија А.


Дали се случи плагијат во првата формула 1 трка оваа сезона

Луѓето од Ред Бул ќе направат интерна истрага дали протекле информации околу болидите откако Астон Мартин го освои третото место на патеката во Бахреин на премиерната трка во новата сезона во Формула 1.

Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко, потсети дека неколку инженери кои го напуштија тимот се преселија токму во Астон Мартин.  Станува збор за Ден Фалос поранешен шеф за аеродинамика и Ендрју Алеси, поранешен дизајнер во Ред Бул.

Според ФИА пак, успехот на Астон Мартин воопшто не е спорен и нема што да се истражува.


Виси настапот на Нкунку против Манчестер Сити

Кристофер Нкунку би можел да го пропушти натпреварот против Манчестер Сити.

25-годишниот напаѓач доживеа мало истегнување на бутот против Борусија Дортмунд на 23. натпревар од Бундеслигата и беше заменет во 84. минута. Од РБ Лајпциг објавија дека Французинот ќе помине одредено време во  мирување. Според информациите кои стигнаа денес, учеството на најдобриот стрелец на тимот на натпреварот против Манчестер Сити е доведено во прашање. Реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, екипите ќе го одиграат на 14 март. Првиот дуел заврши нерешено – 1-1.

На 11 март Лајпциг ќе се сретне со Борусија Менхенгладбах во Бундес лигата.

Кристофер Нкунку следното лето ќе се пресели во Челзи. Трансферот го потврди спортскиот директор на РБ Лајпциг.


Њукасл не се откажува од ангажман на Рафиња

Челниците на премиерлигашот Њукасл не се откажуваат од желбата за доведување на Бразилецот Рафиња од Барселона.

Според објавите во некои шпански медиуми, англсикиот клуб е подготвен да понуди 50 милиони евра за 26-годишниот крилен напаѓач на Барса.

Голема е веројатноста, клубот од „Камп Ноу“ да ја прифати евентуалната понуда за Бразилецот, со оглед на фактот дека клубот не е во финансиска добра положба и сака да се ослободи од високите плати на одредени фудбалери.

Доколку Рафиња во наредната сезона заигра за Њукасл, тоа ќе биде негово повторно враќање во Премиер лигата, каде претходно настапуваше за Лидс Јунајтед.


Влаховиќ во јуни заминува од Јуве?

Душан Влаховиќ би можел да ја промени средината. Оваа информација ја објави Марио Контерио, новинарот на РАИ кој објасни зошто тоа би можело да се случи. 

„Тактичка хармонија помеѓу Влаховиќ и Алегри не постои. Поради ова, но и поради проблемите кои ги има Јувентус надвор од теренот можна е разделба на лето“, објави Контеиро.

Според неговите информации Манчестер Јунајтед и Баерн веќе се распрашувале за неговите услуги и во некој од овие два клуба напаѓачот би можел да продолжи.

Сезонава Влаховиќ собра 24 натпревари, постигна 10 голови и подели четири асистенции.


Артета главен кандидат за наследник на Анчелоти

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Арсенал, Микел Артета, би можел да седне на клупата на Реал Мадрид доколку по крајот на сезоната челниците на „кралскиот клуб“, одлучат да се разделат со Карло Анчелоти.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, не е задоволен од игрите на екипата во последниов период, а како најодговорен за оваа состојба се потенцира Анчелоти.

Реал Мадрид во моментот е на втората позиција во првентсвото на Шпанија, со девет бода помалку од првопласираната Барселона.

40-годишниот Артета кој е роден во Сан Себастијан, е тренер на Арсенал од 2019.година. Клубот од Лондон го држи првото место во Премиер лигата и има пет бода повеќе од главниот конкурент за титулата, Манчестер Сити.


Конте: Не очекува тежок дуел со Милан, сакаме пласман понатаму

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, пред реваншот со Милан за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, вели дека екипата ја очекува голем натпревар, и дека се надева на одлична атмосфера на стадионот во Лондон.

„Повторно сум со екипата и сум многу среќен. Имаме голем натпревар во кој сакаме пласман понатаму. Се надевам дека ќе имаме неверојатна атмосфера на нашиот стадион. Живееме за вакви моменти, но мораме да одиме натпревар по натпревар.“, изјави Конте.

Италијанскиот стручњак повторно се врати на клупата на англискиот клуб после опоравувањето од операцијата на жолчката.

Првиот натпревар во Италија е зваршен со победа на Милан од 1:0.


Шалке 04 го враќа Чурлинов во Серија А?

Дарко Чурлинов би можел многу брзо да ја напушти Англија и да се врати во Германија.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Чурлинов е во преговори со Шалке, каде играше одлично во сезоната 2021/22 .

Македонскиот репрезентативец нема голема минутажа сезонава во Барнли, па Шалке сака да ја искористи таквата ситуација.

Шалке грчевито се бори за опстанок во Бундес лигата оваа сезона, а и самиот Чурлинов е спремен да се врати во германскиот фудбал.


Aнчелоти повеќе нема доверба во Азар, Белгиецот заминува од Мадрид

Реал Мадрид сака ова лето да се ослободи од Еден Азар. Клубот веќе започнал преговори за спогодбен раскин на договорот со фудбалерот за кого платија 115 милиони евра.

Последниот натпревар во дресот на „кралевите“ Азар го одигра на 11-ти септември минатата година. Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти и во интерес на сите е да си замине. Во Мадрид би можел да го задржи само евентуално заминување на Анчелоти.

Азар требаше да биде голема ѕвезда во Мадрид, но место тоа се покажа како една од најлошите инвестиции во историјата на „кралевите“.

Од неговото доаѓање летото 2019 година, до почетокот на 2023 година одигра само 73 натпревари за Реал. Оваа сезона на теренот беше само седум пати од кои двапати како стартер, собирајќи 296 минути.