feature

Баерн го сака Грилиш како големо засилување ова лето

Meдииумите во Англија пренесуваат дека фудбалерот од
средниот ред на Манчестер Сити, Џек Грилиш летово би можел
да замине бидејќи е незадоволен од скромната минутажа.
Во медиумите по завршувањето на сезоната се шпекулираше
дека Едерсон поради несогласувања со Гвардиола може да ја
промени средината, а сега се појавија и најави за ваква ситуација
со Грилиш.
Наводно, 28-годишниот фудбалер веќе го известил Гвардиола
дека не сака да седи на клупата и сака да игра повеќе.
Како клуб кој е заинтересиран за неговите услуги се појавил
Баерн Минхен. Во Баерн се најавуваат многу промени, а Грилиж
би можел да биде еден од оние кои ќе донесат „свежа крв“.
Уште во наредната сезона во Баерн ќе се обидат да ја вратат
титулата во Германија која сезонава ја освои Леверкузен и за тоа
сигурно ќе им бидат потребни нови имиња.


Челзи нема да го врати Лукаку, бара опција да го продаде по секоја цена

Луѓето од Челзи му порачале на фудбалерот, Ромелу Лукаку, да
си бара нова средина бидејќи немаат намера да го вратат во
Англија.
Корпулентниот напаѓач последната сезона ја одигра позајмен во
Рома но, „италијанскиот состав нема намера да го задржи.
Последните информации велат дека Лукаку е подогтвен да
замине на друг континент.


Иднината на Хумелс е во италијанскиот фудбал

Матс Хумелс може да ја продолжи кариерата во Серија А.
Хумелс е член на Борусија Дортмунд од 2007 година, направи
трансфер во Баерн во 2016 година, но после три сезони повторно
се врати во клубот. Неговиот договор со Борусија истекува
следниот месец и нема најави за негово продолжување, па
Хумелс ова лето ќе замине како слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти
Милан и Јувентус и да годоведат во своите редови.
Двата клуба веќе стапиле во контакт со агентот на Германецот и
наскоро спремаат понуди.


Депај заминува од Атлетико Мадрид по променливата сезона

Како што стојат работите, Мемфис Депај во новата сезона ќе има
нов клуб. Откако не успеа да се докаже во Барселона, Депај не
беше задоволен ниту во Атлетико Мадрид. Сега пристигнуваат
информации дека Депај постигнал вербален договор со Атлетико
за взаемно раскинување на соработката.
На сличен начин Холанѓанецот ја напушти Барселона во јануари
2023 година, а не треба да заборавиме дека во Каталонија исто
така дојде како слободен играч пристигна во летото 2021 година
по истекот на договорот со Лион. Депај е убеден дека со добри
настапи на Европското првенство може повторно да се избори за
преселба во голем клуб.
Сезонава постигна девет гола и додаде две асистенции на 31
натпревар, но не беше прва опција во нападот на Диего Симеоне.
Холанѓанецот има 30 години и смета дека ова лето е неговата
последна шанса да потпише за уште еден голем клуб, но и каде
би можел да остави подлабока трага, бидејќи навистина не се
прослави во овие три сезони во Шпанија.


Пакета пред нова истрага за недозволена обложување

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од
средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета за четири наводни
прекршувања на правилата за обложување.
Наводно, на некои натпревари од Премиер лигата, Пакета
намерно добивал жолти картони.
„Наводно Пакета намерно сакал да добие жолт картон од судијата
со несоодветна цел да влијае на пазарот за обложување со цел
едно или повеќе лица да профитираат од обложувањето“, се вели
во соопштението на ФА.
Пакета, кој има рок до 3-ти јуни да одговори на обвиненијата,
негираше каква било злоупотреба. Пакета, кој одигра 37
натпревари оваа сезона и постигна осум гола и забележа седум
асистенции, ќе биде главната цел на Манчестер сити во летниот
преоден рок.


Барса бара 100 милиони евра за Роналд Араухо

Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони
евра за Роланд Араухо, но не ја исклучува можноста да го
продаде на лето.
Араухо е лидер на одбраната на Барселона и се етаблираше како
еден од најдобрите дефанзивци на светот, а силен интерес за
него покажуваат неколку европски гиганти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да
слушне понуди за Араухо, но само од 100 милиони евра.


Компани ќе биде новиот тренер на Баерн

Баерн Минхен веќе подолго време е во потрага по нов тренер,
откако стана јасно дека Томас Тухел заминува на крајот на
сезоната.
Многу тренерски имиња се поврзуваа со клупата на Баерн, а
според последните информации Баварците постигнале договор
со Винсент Компани.
Ова е сигурно изненадувачка одлука со оглед на фактот што
Компани нема големо искуство, а и оваа сезона испадна со
Барнли од Премиер лигата.
Германските медиуми пренесуваат дека се е договорено и
наскоро Компани ќе биде и официјално промовиран во нов
тренер на Баерн Минхен.


Спалети ќе го води Фаџоли на Европското првенство

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, кој штотуку
се врати од суспензија, најверојатно ќе се најде на списокот на
селекторот на Италија, Лучано Спалети, меѓу потенцијалните
патници на Евро 2024.
Се уште не е познато дали тоа навистина ќе се случи или не, но
според она што го објави „Скај Спорт Италија“ неговото име треба
да се најде на списокот на повикани играчи за натпреварувањето.
Според најавата, Спалети ќе го објави списокот во четврток и на
него ќе има околу 30 имиња кои ќе ги почнат подготовките за
настапот на Европското првенство.


Јунајтед го сака Почетино за наследник на Тен Хаг

Откако синоќа, малку и изненадувачки, доби отказ од тренерското
место во Челзи, Маурисио Покетино можно е многу брзо да добие
нова работа во Премеир лигата. Весникот „Сан“ денеска пишува
дека 52-годишниот стратег е во листата на кандидати за
функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед. Според извештајот,
Аргентинецот нема да паузира многу долго по заминувањето од
Лондон, затоа што Манчестер Ј. сигурно ќе преговара со него за
менаџерската позиција на „Олд Трафорд“.
Сопственик Сер Џим Ретклиф се уште нема одлучено дали ќе
направи промена на тренерското место, но „Мирор“ пишува дека
поранешните шефови на Јунајтед, Ричард Арнолд и Џон Муртоу,
разговарале со поранешниот менаџер на Тотенхем за преземање
на работата во Јунајтед, пред да се решат за Тен Хаг.


Евротип спонзор на првиот меморијален турнир во мал фудбал на Синдикатот на полицијата во Македонија СПМ

Синдикатот на полиција во Македонија- СПМ кој функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи од 2020 година, организираше фудбалски турнир (футсал) кој се одржа во Виница од 19-ти до 21-ти мај. Турнирот беше посветен на загинат бранител во кофликтот од 2001-та година и претставува дел од програмата на синдикатот за заштита на бранителите и нивното дело и наследство во Македонија. На турнирот учество зедоа 8 екипи меѓу кои и екипите на СПМ Виница, СПМ Струмица и СПМ Битола. Евротип одговори позитивно на барањето за спонзорство на овој фудбалски турнир и донираше 13 комплет дресови и топка за футсал со што ја опреми екипата на синдикалната организација на Битола.

Евротип е општествено – одговорна компанија која функционира во рамките на КС Групација. Како голем поддржувач на спортот и спортските настани секогаш им излегува во пресрет на барањата за спонзорства на поединци, спортски клубови и организации кои доставуваат барање до компанијата. Евротип како и сите други компании кои се дел од КС Групација делуваат во своето опкружување со висок степен на општествена одговорност бидејќи веруваат дека со личен пример може да поттикнат засилен развој на социјално – општествена култура со што ќе се подобри сликата за животот и бизнис работењето во Македонија. Исто како и досега така и во иднина Евротип ќе продолжи да ги поддржува спортот и спортските настани во Македонија бидејќи спортот треба да стане дел од секојдневието на секој човек кој сака да се заштити од преголемото ниво на стрес кој го иницира динамичното темпо на живеење.