feature

Тен Хаг подготвен за нов предизвик, ја мерка клупата на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг е подготвен да преземе нов предизвик во кариерата и да води голем клуб од странство.

51-годишниот тренер беше споменуван како еден од фаворитите за нов менаџер на Манчестер Јунајтед од следното лето, кога му истекува договорот на привремениот тренер Ралф Рангник. Холанѓанецот призна дека е подготвен да прифати таква понуда.

„Мислам дека сум подготвен да одам во странски клуб. Со задоволство ќе пробам нов предизвик. Но, не го барам по секоја цена. Ако тоа никогаш не се случи, сепак не би ја кажал дека мојата кариера беше неуспех. Но, верувам дека ги имам потребните квалитети за да се справам со таква задача“, изјави самиот Ерик тен Хаг.

Тен Хаг го предводи Ајакс од декември 2017 година, а досега со клубот освои две титули во Холандија и два купа. На кормилото на гигантот од Амстердам има 139 победи од 188 натпревари.


Обамејанг без постигнат гол шест натпревари по ред

Пјер-Емерик Обамејанг пропушти да постигне гол на шест последователни натпревари во Премиерлигата, што е негова најлоша серија во оваа натпреварување.

Најдолгата серија без голови на интенационалецот од Габон беше 14 натпревари од февруари до август 2014 година, кога играше за Борусија Дортмунд.

Оваа сезона Обамејанг има 14 настапи во Премиерлигата, 4 гола и една асистенција. Последен пат капитенот на Арсенал постигна гол во 9. коло од шампионатот против Астон Вила на 22 октомври. Лондонскиот клуб тогаш победи со 3-1.
По 15 кола, Арсенал се наоѓа на 7. место на табелата со освоени 23 бода, а синоќа загубија со 2-1 од Евертон, Обамејанг во финишот од натпеварот пропушти шанса да постигне гол за својата екипа за израмнување на резултатот.


Четири европски гиганти со интерес за Закарија

Екипите на Јувентус, Баерн, Барселона и Ливерпул покажуваат голем интерес за играчот на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија.

25- годишниот репрезентативец на Швајцарија, игра во извонредна форма од стартот на сезоната во Бундеслигата и со право го заработи интересот од овие клубски гиганти.

Договорот на играчот со Борусија Менхенгладбах истекува во јуни 2022 година и мали се шансите тој да го продолжи истиот. Големи е веројатноста Закарија да ја промени средината веќе во јануари.

Денис Закарија кој е играч од средината на теренот, од почетокот на сезоната настапи на 12 натпревари и постигна 2 гола и 1 асистенција.


Скок од едно место за кошаркарската репрезентација на ФИБА листата

Со освоени 197.4 поени, машката сениорска репрезентација на Македонија е рангирана на 29. место на европската рејтинг листа на ФИБА. А во исто време, нашиот најдобар тим е поставен на 52. позиција во вкупниот светски поредок на Светската кошаркарска фeдерација.

Тоа значи дена „црвено-жолтите“ направија еден чекор понапред во вкупниот рејтинг кој го креира ФИБА во тековната календарска 2021 година.

Новата година нашите противници во „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп 2023 ја дочекуваат на доста повисоки позиции. Во овој момент, селекцијата на грузија, со која ќе се соочиме во оној февруарски „прозорец“ на ФИБА, е на 38. место во светот, а на 19. место кога се класифицираат европските национални тимови во машка конкуренција.

Селекцијата на Украина е на 32. место во светот на кошарката , а на 16. во европската зона на ФИБА, додека пак Шпанија е веднаш зад неприкосновените Американци.

„Црвената фурија“ има 724.1 поени, и после двете победи во нашата квалификаиска група, заостанува уште помалку во однос на водечкиот САД кој 2021 година ја затвора со 763.3 освоени ппени во поредокот.


Рома носи засилување од Премиер лигата

Екипата на Рома чиј тренер е Жозе Мурињо, сака да го доведе десниот бек на премиерлигашот Норвич, Макс Аронс.

Рома е спремна да достави понуда за доведување на Аронс на позајмица во јануари со опција за откуп од 19 милиони евра, и се претпоставува дека Норвич би дал позитивен одговор за реализација на ваков трансфер.

21-годишниот фудбалер во последните месеци беше поврзуван со заминување во голем број на екипи, меѓу кои се споменуваа, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и други.


Џуд Белингем поради дадена изјава заработи казна од 40 илјади евра

Англичанецот во дресот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем поради изјава која ја даде во врска со судењето после дерби натпреварот од Бундеслигата против екипата на Баерн Минхен, беше казнет од германскиот фудбалски сојуз со паричен износ од 40 илјади евра.

Младиот Белингем ја искоментира одлуката на судијата Феликс Цвајер кој во финишот на средбата досуди пенал во корист на гостите од Минхен и натпреварот заврши со нивна победа од 2:3.

„Што може да очекувате од судија кој претходно беше суспендиран поради вмешаност во местење на натпревари, а сега ја дели правдата на најголемото германско дерби“, искоментира Белингем.


Роберт Левандовски: Не сакам празни зборови

Напаѓачот на минхенски Баерн, Роберт Левандовски, во интервју за телевизиски канал од Полска , даде свој коментар и мислење за изјавата на Лионел Меси. Аргентинецот при добивањето на наградата „Златна топка“ по рекорден седми пат, изјави дека Левандовски заслужи да ја добие наградата во 2020 година.

„Не можам да негирам дека се чувствувам тажен што не ја освоив „Златната топка“ оваа година. Да се ​​биде толку блиску, да се натпреварувам со Меси, за кого имам голема почит за неговите игри и достигнувања. Самиот факт што се натпреварував со него ми покажува до кое ниво успеав да стигнам. Не сум особен оптимист дека можам да ја добијам наградата за 2020 година и би сакал изјавата од голем играч како Меси да беше искрена и смела, а не само празни зборови“, истакна Левандовски.


Милан тргнува по дефанзивецот на Челзи, Кристенсен

Според медиумите во Италија, Екипата на Милан и нејзиниот прв оперативец, Паоло Малдини, ќе се обидат во јануари да го доведат Андреас Кристенсен од Челзи.

Од Милан очекуваат дека евентуалното пристигнување на Кристенсен во тимот од „Сан Сиро“ ќе биде одличен трансфер и поради фактот дека тој би бил идеална замена за повредениот Симон Кјаер кој ќе отсуствува подолг период.

Челзи во моментот води тешки преговори со данскиот репрезентативец за продолжување на неговиот договор кој истекува во јуни 2022 година, и доколку не се пронајде заеднички јазик, тој веќе од јануари ќе може да преговара со други заинтересирани клубови.  


Манчестер јунајтед носи засилување од Астон Вила

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за фудбалерот на Астон Вила, Џон МекГин.

“Црвените ѓаволи” под раководство на новиот тренер Ралф Рангник се очекува да бидат активни на фудбалскиот пазар во јануари во потрага по засилување во средината на теренот, бидејќи е неизвесна иднината на Пол Погба кој најавува напуштање на екипата. 

Според англискиот весник „Сан“,постои можност Астон Вила да ја прифати понудата за МекГин но таа би требало да изнесува повеќе од 50 милиони фунти, затоа што репрезентативецот на Шкотска има актуелен договор со клубот од Бирмингем уште три и пол години.

27-годишниот играч од средината на теренот, во досегашната сезона за Астон Вила има постигнато 3 гола на 13 натпревари.


Жоао Феликс изрази желба за напуштање на Атлетико Мадрид

Португалскиот напаѓач во редовите на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс изразил незадоволство од неговиот статус кај тренерот Диего Симеоне, кој се помалку се определува за негово воведување во првиот тим на екипата , па затоа најавил напуштање на клубот. 

22-годишниот Феликс, веќе го информирал својот менаџмент за својата желба и побарал од нив да ги разгледаат опциите за негово заминување во друг клуб за време на јануарскиот трансфер период.

Жоао Феликс е член на Атлетико Мадрид од 2019, каде пристигна како огромно засилување од Бенфика за неверојатни 126 милиони евра.