feature

Двата милански клуба го сакаат Јулиан Алварез од Сити

Јулијан Алварез блесна на Светското првенство и беше еден од најзаслужните за освоената титула.

Аргентинецот пристигна минатото лето на „Етихад“ за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа. Аргентинецот не може да се избори за место во стартниот тим покрај Халанд, па е спремен да ја промени средината.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските гиганти, Милан и Интер и да го донесат во своите редови на лето.

Сепак, Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, Гвардиола сака да го има во тимот и во моментов не е спремен да го пушти.

Притоа, неговата цена порасна повеќекратно, па миланските клубови тешко дека ќе можат да испратат понуда која ќе ги задоволи апетитите на „граѓаните“.


Марсијал ставен на трансфер листа, во јуни заминува од „Олд Трафорд“

Се поизвесно е дека Антони Марсијал на лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед, пренесува „Атлетик“.

Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа. Тен Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а најсилен интерес за Французинот покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

Манчестер Јунајтед сака со неговата продажба да финансира дел од трансферот на нов напаѓач, а најголема желба е Виктор Осимен.


Лион и Милан преговараат за Хусем Ауар

Милан работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат италијанските медиуми.

24-годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион. Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе може да преговара со заинтересираните клубови.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и француските медиуми пренесуваат дека Милан е во пол-позиција за неговиот потпис.

Ауар оваа сезона има запишано само 9 настапи за Лион на кои постигна 1 гол и 1 асистенција.


Гвардиола фрлил око на Муса Диаби од Баер Леверкузен

Манчестер Сити веќе работи на засилување на тимот, а приоритет ќе биде засилување на нападот.

Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Баер Леверкузен, Муса Диаби, кој е голема желба на Гвардиола. 23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Сити сака да ја победи конкуренцијата.

Французинот во досегашниот дел од сезоната има 10 гола и 5 асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара 100 милиони евра.


Баерн го нуди Мазрауи и пари за трансфер на Думфрис од Интер

Баерн Минхен е силно заинтересирани за холандскиот репрезентативец и играч на Интер, Дензел Думфрис.

26-годишниот десен бек минатото лето пристигна во Интер за 12 милиони евра и одигра одлична сезона. Оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови, а одигра одлично и на Мундијалот.

Интер има финансиски проблеми, па доколку пристигне понуда повисока од 50 милиони евра е спремен да го продаде на лето.

Баерн Минхен е спремен да ја плати таа сума, а во трансферот може да го вклучи и Мазрауи, за кого „нероаѕурите“ покажуваат интерес.


Халанд: Штета што Мбапе не може да игра за Норвешка

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд го коментираше неговиот однос кон Франција и напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

„Има многу добри играчи, Килијан е еден од нив. Тој е многу силен! Французите имаат среќа што тој игра за нивната репрезентација. Секако дека би сакал да игра за Норвешка, но тоа не е можно. Тој е неверојатен. Тој е брз, силен и долги години е на ниво. Понекогаш треба да се потсетите дека може да игра на највисоко ниво уште десет години. Тој е феноменален“ беа зборовите на Халанд за „RMC Sport“.

Да потсетиме дека 24-годишниот Мбапе игра за ПСЖ од 2018 година, 22-годишниот Халанд стана играч на Манчестер Сити во летото 2022 година.


Спалети останува во Наполи и наредната сезона

Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ќе го продложи договорот со клубот до 30.јуни следната година.

Според информациите, претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис се согласил да му го продолжи договорот на Спалети ,според кој тренерот ќе заработи 2,7 милиони евра.

Наполи е лидер на табелата во Серија А со освоени 62 бода, 15 повеќе од второпласираниот Интер. Тимот се наоѓа и на чекор до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони, бидејќи во првиот дуел од осминафиналето го совлада на гости Ајнтрахт со 2:0.


Пикфорд го продолжи договорот со Евертон

Голманот на англиската фудбалска репрезентација, Џордан Пикфорд го продолжи договорот со Евертон.

Пикфорд кој влезе во последната година од договорот со клубот од „Гудисон“, претходно беше поврзуван со трансфер во Тотенхем. Репрезентативниот голман е член на Евертон од 2017. година кога за сума од 30 милиони фунти пристигна од Сандерленд, а за клубот има запишано 222 настапи.

Евертон во моментот се наоѓа на 16.место од премиерлигашката табела.


Серхио Рамос стави крај на репрезентативната кариера

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос, соопшти дека става крај на настапите за репрезентацијата. 36-годишниот дефанзивец оваа своја одлука ја образложи на социјалните мрежи.

„Дојде време да му кажам збогум на играњето за националниот тим, во нашиот црвен дрес. Ова утро добив порака од селекторот преку која ме извести дека не рачуна на мене во иднина, без разлика на кое ниво ќе бидат моите игри понатаму. Мислам дека мојата кариера заслужи да биде завршена со лична одлука, а не поради моите години и без други наведени причини“, напиша Рамос.

Шпанецот своето деби за репрезентацијата го имаше во 2005.година. Запиша 180 настапи, а постигна 23 гола. Рамос беше дел од тимот кој ги освои Еуро 2008 и 2012 година, како и Мундијалот во 2010.година.


Парични казни за двата клуба од Ливерпул за испадите во дербито

Ливерпул и Евертон заработија парични казни од Фудбалската Асоцијација на Англија поради инцидентите меѓу фудбалерите на градското дерби одиграно на 13 февруари.

Тогаш во финишот на мечот, играчот на „црвените“ Ендру Робертсон и голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, ја запалија искрата а во мешаницата се клучија повеќе играчи од двата табора.

ФА по тие збиднувања се определи да го казни Евертон со 40.000 фунти а Ливерпул со 25.000. „Карамелите“ претходно беа предупредени за неспортско однесување на натпреварот против Кристал Палас.