feature

Абрахам сериозно се повреди, го чека долга пауза од терените

Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Рома,Тами Абрахам, ги искина лигаментите на левото колено и набрзо ќе мора да оди на операција, потврди составот од Рим.

Се претпоставува дека брзногиот голгетер ќе мора да паузира повеќе од 7-8 месеци што значи дека ќе го пропушти стартот на наредната сезона.

Репрезентативецот на Англија се повреди на последниот дуел од сезоната против Специја и сега ќе мора да оди на долга рехабилитација.


Парагваецот Кендри Паез потпиша за Челзи

Челниците на Челзи успеале да го купат фудбалерот Кендри Паез кој игра за Индепендиенте дел Вале.

Тој ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ дури во 2025 година откако ќе наполни 18 години. Големиот талент од Јужна Америка имаше блескави настапи на Мундијалот за играчи до 20 години иако има само 16-ет.

Тој е најмладиот дебитант и најдобар стрелец во локалното елитно првенство а успеа да дебитира и во Копа Либертадорес.


Борусија Дортмунд сака да го врати Илкај Гундоган

Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, ќе добие понуда да се пресели во редовите на Борусија Дортмунд, најавија дел од медиумите во Европа.

Тој за  „граѓаните“ игра од од 2016 година и има освоено 13 трофеи – пет шампионски титули, два ФА купа, четири Лига купа, два ФА Суперкупа.

Претходно имаше најава дека искусниот играч од средниот ред се догoворил со Барселона и дека без обештетување во текот на летото ќе се пресели во Шпанија.


Влаховиќ се согласил да премине во Баерн

Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде Душан Влаховиќ, пренесуваат германските медиуми.

Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, и сака да ја промени средината, а и „бјанконерите“ се спремни да го продадат ова лето.

Баерн е во потрага по врвен напаѓач и веќе постигнале договор со Влаховиќ, кој е спремен да се пресели во Минхен. Србинот на „Алијанц Арена“ ќе заработува 8 милиони евра по сезона, а Јувентус за неговата слобода бара 80 милиони евра.


Евротип, Голд Слот во соработка со Минт Инс Осигурителен Брокер, иницијатори на средба за дополнителен приход на вработените низ групациско здружување

Како дел од своите редовни деловни состаноци, менаџерскиот тим на КС Групацијата во чиј составен дел се компаниите Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн, одржа средба со цел запознавање со новитети во своето работење и презентација на идните планови на делување во областите кои се примарни дејности на компаниите.

Како компании кои постојано се грижат за кариерниот напредок на своите вработени и нивна постојана мотивација на работното место, на одржаниот состанок беа истакнати бенифициите кои ним им се нудат, со посебен акцент на дополнителните финансиските придобивки за сите вработени. 

За таа цел, на средбата со менаџерите беа промовирани новите поволности кои секој еден вработен во КС Групацијата може да ги искористи и слободното време да го претвори во пари, се разбира доколку има повратен интерес од нивна страна.

Своја презентација на состанокот одржа генералниот менаџер на Евротип како и претставници на партнерските компании Минт Инс, СН Финансиско друштво и ЈК Травел, кои заедно со останатите компании дадоа нови можности за сите вработени во КС Групацијата.

Заеднички заклучок од одржаната средба на присутните менаџери од КС групацијата беше дека човечкиот ресурс и вложувањето во напредокот и мотивацијата на вработените е приоритет на секоја компанија. За таа цел во наредниот период залагањето ќе биде продлабочување на соработката меѓу компаниите која ќе придонесе за што поголем финансиски бенефит на вработените.


Осимен и покрај понудите сака да остане во Неапол

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, кој го освои првото место кај голгетерите во Серија „А“ и воедно успеа да се израдува на шампионската титула, вели дека за неговиот евентуален трансфер ќе реши претседателот на клубот.

 „Мојата иднина? Газда Аурелио решава. Знам само дека го сакам Неапол, ги сакам луѓето тука, има неверојатна љубов“ – вели црномурестиот напаѓач.

Не е тајна дека за потписот на Нигериецот се заинтересирани големите гиганти од типот на Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.


Специја и Верона ќе играат бараж за опстанок во Серија А

Заврши сезоната во Серија А, барем регуларниот дел, откако се одиграа преостанатите шест натпревари од 38.коло, по кои работите се јасни во однос на Европа.

Интересна беше борбата за опстанок, поточно баравме трет клуб заедно со Сампдорија и Кремонезе кој заминува од друштвото на најдобрите и видовме историски момент. Верона беше поразена од Милан со 3-1, Специја беше поразена од Рома со 2-1, па двете екипи сезоната ја завршија со 31 бод. Според новото правило на Серија А, доколку две екипи во борбата за титулата или опстанокот имаат ист број бодови, ќе се игра мајсторка.

Така во Серија А ќе гледаме уште еден натпревар, а тоа е меч меѓу Верона и Специја за опстанок во друштво на најдобрите.

Почнувајќи од следната сезона Јувентус ќе игра во Конференциската лига, додека Рома во Лига Европа. Така Старата дама од Торино ќе го игра третото најсилно натпреварување на УЕФА. Веќе е познато дека Аталанта ќе оди во Лига Европа, Наполи е шампион и ќе оди во Лигата на шампионите, а покрај наполитанците во Лигата на шампионите ќе се најдат Лацио, Интер и Милан.

Италија може да има осум екипи во Европа, во случај Фиорентина да ја освои Конференциската лига, следната сезона би отишла во Лига Европа.

Нови членови на Серија А се Џенова и Фросиноне, додека Бари и Каљари ќе се борат за последното место во Серија А во финалето на плеј-офот од Серија Б.


Ал-Итихад ќе биде новиот клуб на Карим Бензема

Карим Бензема наредната сезона ќе го носи дресот на Ал-Итихад кој сезонава ја освои шампионската титула пред Ал Наср на Роналдо.

Експертот за трансфери, Фабрицио Романо утрово само ги потврди најавите. Карим Бензема веќе потпиша поголем дел од документацијата за трансфер во Ал-Итихад, а наскоро ќе биде официјализирана и соработка до 2025 година. Французинот е во Саудиска Арабија каде што ја чека промоцијата во новиот клуб.

За договорот на две години освојувачот на „Златната топка“ ќе заработува неверојатни 400 милиони евра.


Младост 96 ја одбрани титулата во пинг-понгарскиот шампионат на Македонија

Пинг-понгарите на Младост 96 ја освоија шампионската титула во пингпонгарскиот шампионат на Македонија. Во финалните натпревари кои изминатиот викенд се одржаа во Прилеп, ППК Младост 96 со 4:1 сдлавеше на првиот дуел со Телеком Нец 2, додека вториот натпревар од финалето во плеј- офот го добија со тесни 4:3, со што со вкупен резултат 2:0 ја обезбедија шампионската титула.

Ова е втора титула за Младост 96 во последните три години. Тимот во текот а целата сезона имаше само еден пораз и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата.


Тен Хаг го враќа Мане во Премиер лигата?

Садио Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн Минхен и после само една година може да го напушти клубот.

Баерн го ставил Сенегалецот на трансфер листа, а тој преферира да се се врати во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампиони.

Интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата, бидејќи за Мане интерес покажува и Њукасл.

Самиот фудбалер преферира преселба на „Олд Трафорд“,па може да се пресели во најголемиот ривал на Ливерпул.