feature

Еди Таварес ќе потпише нов договор со Реал Мадрид

Според Рамон Алварез де Мон, новинар добро упатен во случувањата
во „кралскиот клуб“, Таварез и Реал се договориле за тригодишно продолжување на соработката.
Тавареш е во Реал од 2017 година, претходно играше за Гран Канарија
од 2009 до 2015 година, додека во НБА одигра 13 натпревари.
Оваа сезона Тавареш има просек од 9,6 поени, 6,6 скока, 1,5
асистенции и 1,5 блокади.
Реал беше прв во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, во
четвртфиналето ја исфрли Басконија со 3-0, а на фајналфорот во
Берлин (24-26 мај) ќе гледаме реприза на ланското финале со
Олимпијакос.


Чус Матео е тренер на сезоната во Евролигата

Шпанскиот стратег и тренер на Реал Мадрид, Чус Матео е избран за
најдобар тренер во Евролигата.
Признанието кое го носи името „Александар Гомељски“ заслужено
оди во неговите раце, ако се знае дека Реал беше најдобриот тим во
основниот дел од сезоната на Евролигата со учинок од 27/7.
Во плеј-офот со 3-0 ја елиминирааше Басконија и така обезбеди
пласман на завршниот турнир.
„Кралевите“ во Берлин на крајот од месецот ќе ја бранат титулата која минатата година ја освоија во Каунас.
Со изборот Матео стана трет шпански тренер кој ја освоил оваа
награда. Пред него истата ја освојуваа Чави Пасквал и Пабло Ласо. Во
претходните две сезони добитник беше Јоргос Бароцкас.


Милан го сака Почетино на клупата за следната сезона

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино може да го смени клубот на
лето. Милан е заинтересиран за 52-годишниот Аргентинец.
Забележано е дека „росонерите“ го вклучиле фудбалскиот стручњак
во листата на кандидати, бидејќи актуелниот тренер Стефано Пиоли
најверојатно ќе поднесе оставка.
Покетино е на чело на Челзи од летото 2023 година. Неговиот договор
е до крајот на сезоната 2024/25.
„Сините“ од Лондон по 36 кола имаат освоено 57 бодови и се на 7.
место на табелата во Премиер лигата.


Јунајтед нема да го откупи Амрабат, Мароканецот се враќа во Италија

Софијан Амрабат минатото лето беше на мета на многу европски
гиганти, а тој избра кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг по секоја цена го сакаше Амрабат во својот тим, но
Мароканецот не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед плати за едногодишна позајмица, но веќе донесе
одлука да не го откупи неговиот договор и ќе го врати во Фиорентина.
Таквата ситуација сака да ја искористат Милан и Јувентус и веќе
стапиле во контакт со неговиот агент, па ја почнале трката за неговиот потпис.


Наполи го враќа Кулушевски во Серија А


Италијанските медиуми пренесуваат дека Дејан Кулушевски на лето
може да го напушти Тотенхем и да се врати во Серија А.
Македонецот роден во Шведска оваа сезона во Премиер лигата
запиша 34 настапи на кои постигна шест гола и само трипати
асистираше. Кулушевски не е задоволен во Тотенхем и сака да се
врати во Серија А, а силен интерес за него покажува Наполи.
Се очекува клубот да заработи од продажбата на Виктор Осимен и дел
од парите ќе ги инвестира во крилниот напаѓач.
Кулушевски во Тотенхем пристигна пред две и пол години од
Јувентус за 35 милиони евра.


Милан го сака Емерсон Ројал од Тотенхем

Милан ќе се обиде да го купи дефанзивецот на Тотенхем, Емерсон
Ројал. 25-годишниот дефанзивец е една од главните трансфер цели на
„росонерите“ ова лето.
Емерсон одамна е во плановите на италијанскиот гигант, а надежите
на управата се дека овојпат ќе успеат да го донесат во Милано. Милан
веќе започна преговори со Тотенхем за потенцијален трансфер.
Лондончани бараат 30 милиони фунти за Бразилецот, но „росонерите“
не сакаат да платат таква сума, па се очекува преговорите да
продолжат.


Хамбургер и шеста сезона не успеа да се врати во Бундеслигата

Поранешниот европски и шесткратен германски шампион, Хамбургер
ги загуби шансите за пласман во Бундеслигата откако беше поразен
од Падерборн со 1-0 во рамките од 33. коло во Втората лига.
Така ХСВ остана на четвртото место на табелата со 55 бода и на едно
коло пред крајот заостанува четири бода од третопласираната
Фортуна што значи дека немаат шанси за место во повисок ранг.
Не успеа Хамбургер да дојде барем и до третата позиција која ќе
обезбедеше борба во плеј-офот.
Во претходните две сезони Хамбургер пропушташе да се врати во
Бундеслигата така што губеше во плеј-офот од Херта и од Штутгарт.
На табелата во Цвајт прв е Кил со 64 бода, потоа следи Ст.Паули со 63
и Фортуна со 59…


Мбапе ќе добие богатство за да го облече дресот на Реал

Сега е веќе е и официјално потврдено – Килијан Мбапе на крајот од
сезоната заминува од Пари Сен Жермен. Францускиот
репрезентативец мина цели седум сезони во Париз во кои освои се
што можеше во Франција, но не и Лигата на шампионите, додека
често беше напаѓан од најжестоките навивачи на „светците“.
Меѓутоа се чини дека „секирите се закопани“ кога се во прашање
ултрасите кои му подготовиле кореографија за последниот меч во
Париз, а се најавува дека самиот фудбалер ќе направи скара и ќе се
дружи со лидерите на навивачката група.
Јавна тајна е дека Мбапе на лето ќе стане нов играч на Реал Мадрид,
кој му подготви богат договор, поголем од сегашниот во Париз.
Францускиот новинар Фабрис Хокинс најави дека Мбапе сигурно ќе
стане најплатениот фудбалер на Реал и дека клубот му обезбедил комерцијални права кои никој во историјата на Реал ги немал, но
самата плата ќе биде помала отколку кога се преговарало за
потенцијалното доаѓање две сезони претходно.
Мбапе ќе има годишна плата од 25.000.000 евра откако ќе му се
одземат сите даноци во Шпанија, додека оваа сезона заработува
20.000.000 евра.
Поради високите даноци во Франција, Пари Сен Жермен на платата
на Ембапе ќе потроши дури 72.000.000 евра, па одличниот фудбалер
номинално ќе има помала плата во Мадрид, но поголема
заработувачка.
Кога на тоа ќе се додаде и бонусот за потпис при пристигнувањето
како слободен играч, кој сè уште не е познат, нема сомнеж дека Мбапе ќе заработи огромна сума на пари за време на неговиот престој во Реал.


Лина Ѓорческа по седум години пак ќе игра на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов
настап на еден од четирите Грен глем турнири. Таа од 20.мај ќе биде
дел од квалификациите на Ролан Гарос. Ова за најуспешната
македонска тенисерка ќе биде второ учество на Грен слем турнирот
во Париз. Првпат настапи во 2017 година.
Ѓорческа која се наоѓа во одлична форма покажа и со добрите игри
изминативе недели и настапите на Челинџер турнирот во Леида
(Шпанија) и на ИТФ турнирите во Копер (Словеија) и Трнава
(Словачка). Победите и добрите игри воедно се дел од еден успешен
циклус, во која македонската тенисерка имаше и одлични настапи
како дел од репрезентацијата на натпреварувањето во Били Џин Кинг
Купот во Литванија.
За Ѓорческа ова ќе биде осмо учество во квалификациите на Грен
Слем турнир, а оваа година второ по настапот на Австралија Опен во
Мелбурн. Најмногу настапи има на УС Опен во Њујорк.


Надал несигурен дали ќе игра на Ролан Гарос

Турнирот во Рим е последен тест за сите пред вториот Гренд слем
ѕурнир во сезоната, „Ролан Гарос“.

„Одлуката дали ќе играм во Париз уште не сум ја донел, но ако морам
да кажам нешто во моментов, поблиску сум да одам и да дадам се од
себе. Имам физички проблем, ама ако се чувствувам добро, би
настапил. Има уште две недели, се може да се промени во нив“, рече
Надал.
Тој има рекордни 14 титули на „Ролан Гарос“, последната од нив
освоена пред две години кога во финалето го растури Каспер Руд со 3-
0.