feature

Кристијано Роналдо потврди дека и следната сезона ќе игра во Ал-Наср

Иако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно со преселба во Баерн Минхен, од тоа нема ништо. Кристијано Роналдо откри каде ќе игра следната сезона.

Минатата зима Кристијано Роналдо го изненади светот со тоа што одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија каде потпиша за Ал-Наср.

Таму се надеваше на голови, но не освои ниту еден трофеј во првата (полусезона). Медиумите пишуваа дека би можел да се врати во Европа, најмногу поврзувајќи го со Баерн, но ништо од тоа. Португалскиот ас откри дека и следната сезона ќе го носи дресот на Ал-Наср и дека верува во петгодишниот проект на овој азиски клуб.

„Среќен сум овде, сакам да продолжам тука и ќе продолжам овде. Според мене, ако успеат во она што го зацртаа во следните пет години, Саудиска Арабија ќе има едно од првите пет првенства во светот “, изјави Роналдо.

За потсетување, договорот меѓу Кристијано Роналдо и Ал-Наср е со важност до крајот на следната сезона, т.е. до јуни 2024 година и очигледно ќе го видиме до крај.


Буба Хасани се врати во Данска и потпиша за второлигашот Хелсингор

Ферхан Хасани од денес е нов фудбалер на Хелсингор кој се натпреварува во втората данска лига.

За Хасани ова не е прво искуство во Данска затоа што во минатото го носеше дресот на Брондби. Во редовите на Хелсингор пристигнува како слободен играч откако неодамна се раздели со Шкендија.

Договорот кој го потпиша популарниот Буба со новиот клуб е со важност до 2025 година.

Во клубот се задоволни од ангажманот на Хасани и очекуваат да им помогне во остварување на целите во новата сезона.


Маунт пред потпис со Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед ги договорил личните услови со Мејсон Маунт, велат последните информации од фудбалска Англија.

„Црвените ѓаволи“ ќе платат околу 50 милиони евра за да дојдат до потписот на фудбалерот на Челзи кој има уште една година од договорот со „сините“.

Медиумите наведуваат дека за Маунт биле заинтерсирани луѓето од Ливерпул и Арсенал но, дека тој имал желба да заигра на стадионот – „Олд Трафорд“.


Деветта организирана крводарителска акција од КС Групацијата

Во средата на 31.05.2023 се реализира деветтата по ред крводарителска акција во организација на десетте битолски фирми Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Голд Фелициа, P2P, JK Травел, БВ Бизнис Груп, МИНТ Осигурување, Премиум Сејфти Солушн и СН Финансии.


Дополнително учество на настанот зеде и компанијата Нова Солушнс од Битола.


Акцијата беше одржана во просториите на КС Групација и спроведена од Регионалниот центар за трансфузиона медицина од Битола. Очекувањата за успешност на оваа акција беа остварени, што покажува и бројката од собрани 36 единици крв.

Задоволство и пофалба за успешно реализираната крводарителска акција изрази и директор на Институтот за трансфузиона медицина, М-р Венко Стомнароски кој беше присутен на настанот.


Дориан Бабунски е фудбалер на сезоната во Дебрецин

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски го доби признанието фудбалер на сезоната во Дебрецин откако сезонава постигна 13 гола и подели четири асистенции на 30 натпревари.

Дебрецин сезоната ја заврши на третото место во домашното првенство и така обезбеди настап во европските купови наредната сезона. Бабунски заврши и на третата позиција меѓу стрелците во унгарското првенство.


Лидс и Алардајс се разделија по испаѓањето од Премиер лигата

Лидс Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на тренерот Сем Алардајс од функцијата.

Договорот на менаџерот со клубот беше раскинат со заеднички договор на двете страни. Алардајс го напушти Лидс на крајот од оваа сезона. Клубот соопшти дека ќе го објави името на новиот тренер во наредните недели.

Алардајс (68) го презеде Лидс на само четири натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата. Под негово водство, тимот не можеше да извојува ниту една победа, ремизирајќи еднаш и доживеа три порази.

На крајот на сезоната, Лидс испадна од Премиер лигата, поради што Алардајс ја напушти функцијата главен тренер.

„Му благодариме на Сем што беше доволно храбар да дојде на работа и да даде се од себе за да не спаси. За жал, тоа не се случи, но Сем и неговиот тренерски штаб направија се што е можно за да ги развеселат сите наши навивачи, за што сите сме многу благодарни“, објавија од Лидс Јунајтед.


Начо го напушта Реал по дваесет години

33-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Начо Фернандез, започнал преговори со луѓето од Интер, тврди денеска весникот – „Марка“.

Наводно, тимот од Италија ќе му понуди на бекот договор за три сезони. Тој треба да биде замена за Милан Шкриниар, кој ќе оди во Пари Сен Жермен. Начо е дел од Реал повеќе од 20 години откако и се приклучи на школата на „белите“ во 2001-ва.  

Претходно се појавија информации дека за дефназивецот се заинтересирани Вилјареал и Рома.


Николов по една сезона заминува од ФЦСБ

Бобан Николов одлучил да бара нов клуб откако го раскинал договорот со ФЦСБ, тврди романскиот „Про Спорт“.

Сопственикот на клубот, контроверзниот Џиџи Бекали не сакал да слушне за продолжување на соработката, па двете страни се договориле Николов да го прекине договорот на еден месец пред крајот и сега има право да си бара нов средина.

Ваквата ситуација беше и очекувана затоа што Николов подолг период е незадоволен од минутажа која ја добива во клубот, иако му било дадено ветување дека клубот ќе смета на него.

Николов токму поради тоа ветување во јануари одбил трансфер во Шпанија, а сезонава вкупно одигра само 11 натпревари во првенството и два во националниот Куп.


Кејн побарал заминување од Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, го известил претседателот на клубот, Даниел Леви, дека не сака да биде продаден во странство.

Единствениот клуб во кој сака да се пресели е Манчестер Јунајтед, тврди весникот – „Сан“. Фудбалерот сака да остане во Премиер лигата и да се обиде да го надмине рекордот на Алан Ширер кој е лидер со 260 голови.

Репрезентативецот на Англија има договор за уште една сезона и доколку не биде продаден во текот на летото, тогаш догодина ќе си замине како слободен играч. 


Објавен списокот со повикани фудбалери за натпреварите на Македонија со Украина и Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани играчи за претстојните квалификациски натпревари за пласман  на ЕП 2024 година.

Првиот дуел на репрезентацијата е закажан за 16.јуни на домашен терен со Украина, а потоа следува гостувањето на „Олд Трафорд“ и натпреварот против Англија на 19.јуни.

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија

Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар

Дени ИЛИЕВ – ХЈК Хелсинки, Финска

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Инглоштад, Германија

Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија

Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија

Стефан РИСТОВСКИ – Динамо Загреб, Хрватска

Езѓан АЛИОСКИ – Фенербахче, Турција

Егзон БЕЈТУЛАИ – Шкендија

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија

Владица БРДАРОВСКИ – Шкупи

Бојан ДИМОСКИ – Академија Пандев

Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција

Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија

Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина

Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска

Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска

Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија

Давор ЗДРАВКОВСКИ – АЕЛ Лимасол, Кипар

Сефер ЕМИНИ – Сондерјиске, Данска

НАПАД:

Александар ТРАЈКОВСКИ – Ал-Фејха, Саудиска Арабија

Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка

Дориан БАБУНСКИ – Дебрецин, Унгарија

Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција

Илија НЕСТОРОВСКИ – Удинезе, Италија

Љупче ДОРИЕВ – Шкендија

Стефан АШКОВСКИ – Ламиа, Грција