feature

Ди Марија ќе му се приклучи на Меси во Мајами?

Анхел Ди Марија би можел да биде нов соиграч на Лионел Меси во Мајами.

„Ди Марија сериозно преговара со Мајами и можеби ќе стане член на тој тим веќе во јули. На Ди Марија му се допаѓа таа опција“, изјави новинарот на ESPN, Парадизо. На Ди Марија договорот со Бенфика му истекува на крајот од сезоната и најавите засега се дека нема да биде продолжен.

Ди Марија и Меси долги години се соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, со која го освоија Светското првенство во 2022 година.

Интересно е тоа што Ди Марија отсекогаш имал голема желба да игра со Меси и на клупски план, а уште додека играше во Реал Мадрид заедно со Кристијано Роналдо не криеше дека за него Меси е најдобриот фудбалер во светот.


Адријан Њуи го напушта Ред Бул по 19 години

Навивачите на Ред Бул деновиве одново беа потресени од веста дека Адријан Њуи го напушта тимот по 19 години, а тоа ги подгреа шпекулациите дека тој би можел да се пресели во редовите на Ферари.

Веќе неколку недели секогаш се шпекулираше дека Ферари со сите сили се обидува да го убеди Њуи да го напушти Ред Бул на крајот од сезоната и да се пресели во италијанскиот тим, а оваа вест шокираше многумина.

Њуи е секако еден од најдобрите инженери кои Формула 1 некогаш ги имала, а неговата одлука навистина ги шокираше фановите на Ред Бул.

Тој официјално ќе ја напушти функцијата шеф на техничкиот тим на Ред Бул, на почетокот на 2025 година, но од австрискиот тим наведуваат дека тоа не значи дека ќе го напушти овој тим, туку дека добил нова функција.

Ред Бул наведува дека Њуи ќе работи на проектот за хиперавтомобилот РБ17, кој ќе биде претставен кон средината на оваа година.


Лукас Хернандез сериозно повреден, ќе го скокне и Европското првенство

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Лукас Хернандез, ќе го пропушти Европското првенство ова лето.

Тој се повреди на натпреварот против Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите а потоа беше објавено дека тој ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено и ќе паузира подолг период.

Лукас Хернандез нема да може да им помогне на парижаните во обидот за прв триумф во Лигата на шампионите и нема да може да игра за Франција на претстојното Европско првенство, а ќе пропушти и дел од следната сезона.

Екстремно лошата среќа на Лукас продолжи откако тој заработи слична повреда, но на десната нога, за време на воведниот натпревар на Франција на Светското првенство во 2022 година.


Ферари изненадувачки ја менува бојата за трката во Мајами

Шарл Леклер и Карлос Саинц, возачи на Ферари, на трката во Мајами ќе возат визуелно малку поинакви автомобили на италијанскиот производител. Двајцата ќе седат со сини комбинезони, во болиди кои ќе имаат детали во иста нијанса.

Со ова ќе и се оддаде почит на „Скудерија“ со оглед на тоа што ова беше оригиналната боја на тој тим пред да се префрли на препознатливата црвена боја.

Автомобилот ќе има две нијанси – „Плата“ и „Дино“. Првата е поврзана со Алберто Аскари, светски шампион во 1952 и 1953 година, а втората со униформите на неколку возачи, меѓу кои Клеј Рагазони и Ники Лауда. Во 1974 година, двајцата заедно се искачија на подиумот на Холандското Гран При. Тие униформи ги сакаше и Енцо Ферари.

Ова не е прв пат да се оддава ваква почит. Пред две години во Монца имаа „Модена жолта“ на своите болиди, по повод 100-годишнината од таа патека.


Ван Дајк го менува Ливерпул со Баерн

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот. Ван Дајк налето најверојатно ќе си замине од Ливерпул и ќе се пресели во Бундеслигата, бидејќи најсилен интерес за него покажува Баерн Минхен.

Холанѓанецот смета дека неговиот престој во Ливерпул е завршен и дека сега е вистинско време да ја промени средината.

Баерн е во потрага по квалитетен дефанзивец и нема да жали пари да го донесе Ван Дајк во Минхен.


Севиља го сака Сари на клупата следната сезона

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, јавноста на Апенините многу зборува за неговата следна потенцијална дестинација.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Севиља е заинтересирана за Сари и побарала средба со претставници на италијанскиот тренер.

Шпанскиот клуб минува низ прилично турбулентна сезона, но доаѓањето на Кике Санчез Флорес до некаде го стабилизираше тимот кој повеќе не мора да се грижи за опстанокот

И покрај ова, раководството на Андалузијците сака да ги разгледа сите опции кога е во прашање долгорочната стратегија на клубот, сепак, одговорот од Маурицио Сари ќе мора да почека од приватни причини, поради што Италијанецот не сака да брзање.

Откако го напушти Лацио, Сари се поврзуваше со Вест Хем, Њукасл, Марсеј, Бенфика, дури и Бешикташ, но немаше поконкретни информации.

Се шпекулираше и дека Сари би го чекал расплетот на ситуацијата во Милан бидејќи се најавува заминување на Стефано Пиоли, па дотогаш Сари ќе ги разгледува сите опции.


Гринвуд главна трансфер цел на Јуве ова лето

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица во Гетафе.

Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона игра одлично во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови. Проблематичниот англиски фудбалер, ја оживеа својата кариера во Гетафе по тешкиот период во Манчестер Јунајтед каде беше обвинет за силување.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Јувентус, кој веќе стапил во контакт со менаџерот на 22-годишниот Англичанец.

„Калчомеркато“ пренесува дека Гринвуд ќе биде една од главните трансфер цели на „старата дама“ ова лето.


Продолжена суспензијата на Тонали на уште две недели

Продолжена е забраната за настап на играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали за уште два месеци. Ова го објави официјалниот профил на англискиот клуб на социјалната мрежа Х.

Сепак, се нагласува дека овие два месеци мора да се прескокнат во сезоната 2024/2025. Така, Тонали ќе може да се врати на терените веднаш по десетмесечната суспензија која му беше изречена на 27 октомври 2023 година.

Покрај тоа, италијанскиот играч за врска мора да плати казна од 20 илјади фунти (23,3 илјади евра).

Се нагласува дека Фудбалската асоцијација на Англија го препознала невидениот факт што самиот Тонали претходно пријавил неколку епизоди на обложување. Во моментов, играчот од средниот ред продолжува да се лекува од зависност од коцкање.


Ѓоковиќ не е прв фаворит пред Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, а обложувалниците објавија коефициенти за Грен слемот во Париз, а таму Новак не е фаворит.

За разлика од Србинот, сите негови конкуренти играа во Мадрид. Алкараз мака мачи со подлактицата по шпанската престолнина, а Андреј Рубљов го победи во четвртфиналето, додека Јаник Синер се повлече поради повреда на колкот.

И двајцата сега имаат неизвесност пред продолжението на сезоната и Ролан Гарос, а прашање е дали ќе можат да ги санираат повредите до Рим кој започнува за неколку дена.

Сепак, обложувалниците се уште сметаат дека Алкараз е главен фаворит за титулата во Париз, Новак е втор, Синер трет, а Надал четврти, откако во Мадрид покажа дека се уште може да игра добро и покрај проблемите што ги има со телото и повредите, кога се здрави.


Бундеслигата ќе има пет претставници во следната ЛШ

Пет екипи од германскиот шампионат ќе учествуваат во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2024/25.

Ова стана возможно откако Борусија Дортмунд го победи ПСЖ (1:0) во првиот полуфинален натпревар и и донесе дополнителни бодови на Германија на табелата со коефициенти на УЕФА.

Претходно се дозна дека пет италијански екипи ќе учествуваат во следната сезона од Лигата на шампионите.

Во моментов, првите пет во Бундеслигата се Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд.