Манчестер Јунајтед со официјална потврда, Ралф Рангник е нов тренер на екипата
Манчестер Јунајтед преку официјално соопштение го потврди назначувањето на Ралф Рангник за привремен тренер кој ќе ги води „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.
Од „Олд Трафорд“ пренесуваат дека германскиот стручњак останува во клубот и по завршувањето на сезоната, и во наредните две години ќе работи на позицијата консултант.
„Возбуден сум што станав дел од Манчестер Јунајтед и целосно сум фокусиран оваа сезона да биде успешна. Екипата располага со голем број таленти и ќе се обидам максимално да го искористам нивниот потенцијал, индивидуално и тимски“, изјави 63- годишниот Рангник.