feature

Александар Митровиќ е трансфер цел на Јувентус

Репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ, кој игра во одлична форма оваа сезона предизвика заинтересираност кај челниците од Јувентус. 

Според информациите ако клубот од Торино не успее да го доведе Душан Влаховиќ од Фирентина кој е нивна примарна цел, тогаш ќе се обидат да направат обид за купување на неговиот сонародник Александар Митровиќ.

Фудбалерот кој настапува во англискиот Чемпионшип за тимот на Фулам, оваа сезона има постигнато 21 гола на 18 натпревари и неговата цена на фудбалскиот пазар се проценува на 18 милони евра.


Несторовски: Македонија не е без шанси против Италија

Македонија доби тешка ждрепка во баражот за Мундијалот во Катар.

Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Илија Несторовски.

Несторовски подолго време не е со репрезентацијата, од повредата пред Европското првенство. Сега Нестор се врати на теренот и на тренинзите во Удинезе. Долго време Несторовски игра во Италија и сигурно дека ги познава квалитетите на оваа репрезентација.

„Тежок пат за пласман на Светското првенство затоа што ќе играме против европскиот шампион, а потоа и против Португалија, но нема предавање предвреме во фудбалот се е возможно. Против Италија одигравме два одлични натпревари и сум убден дека Македонија има шанси за победа во тој натпревар“, ни изјави Несторовски.


Јувентус под истрага од финансиската полиција

Италијанските медиуми пренесуваат дека финансиската полиција влегла во канцелариите на фудбалскиот клуб Јувентус и врши истрага за можна проневера на 50 милиони евра.

Според информациите, предмет на акцијата се документи поврзани со финансиските извештаи на клубот и трансферите на играчи за периодот од 2019 до 2021.

Италијанското обвинителство покренала истрага за шест лица од клубот меѓу кои се и претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи кој сега работи во англискиот Тотенхем.



Манчестер Јунајтед подготвува нов договор за Давид Де Хеа

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа најверојатно ќе добие понуда за нов договор од Манчестер Јунајтед. Неговите одлични голмански партии оваа сезона се едни од светлите страни во играта на тимот од Олд Трафорд. 

31-годишниот Шпанец, веќе 10 години го брани голот на Јунајтед, но од клубот се со мислење дека тој може да понуди уште многу за вкупната стабилност на тимот.

Актуелниот договор на Де Хеа е со важност до 2023 година, но раководството на Манчестер Јунајтед планира да го награди голманот со нов договор и да го задржи во своите редови што е можно подолго.


Милевски: Италија е фаворит, но и Македонија не е без шанси

Репрезентацијата на Македонија при ждрепката за полуфиналниот бараж го извлече можеби најсилниот можен противник, актуелниот европски првак, Италија.

Селекторот Милевски веднаш по дознавањето на противникот признава дека Италија е апсолутен фаворит но и дека нашата репрезентација има квалитет со кој може да му се спротивстави на било кој тим.

„Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме“.

Бараж натпреварот против Италија е закажан за 24. март во 20:45 часот на гостински терен.


Халанд го избрал Реал Мадрид за свој нов клуб

Битката за потписот на Ерлинг Халанд веќе е започната, па се очекува тој сигурно да ја напушти Борусија Дортмунд на лето.

Британски „Гол“ објави дека Халанд има желба да игра во Реал Мадрид и е спремен да ги одбие сите други понуди за да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“. Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра во неговиот договор, која ќе стане активна следното лето.

Братанскиот медиум пишува дека Норвежанецот има желба да се пресели во Мадрид, а тоа му оди во прилог и на Мино Рајола, кој е негов менаџер, затоа што очекува голема провизија од трансферот.


Алаба ќе го скокне дербито против Севиља

Давид Алаба го повреди левото колено во мечот од петтото коло во Лигата на шампиони против Шериф Тираспол.

Шпанскиот тим славеше со 3-0, a Алаба мораше да ја напушти играта во 65. минутa. Тој беше стрелец на голот за водство на „кралевите“ во 30. минута. Иако првите најави од Мадрид беа дека австрискиот фудбалер ќе се врати на теренот на следниот меч, но сепак не е така.

По медицинските прегледи беше соопштено дека дефанзивецот мора да го пропушти дуелот против Севиља во Ла Лига, кој се игра викендов.


Милевски: Македонија има сили да се надигрува со секого

Македонија ќе игра против Италија во баражот за место на Светското фудбалско првенство во Катар. Доколку успее да ги помине „аѕурите“, тогаш во последниот филтер ќе ја очекува меч со победникот од средбата Португалија-Турција.

Веднаш по денешната ждрепка селекторот, Благоја Милевски, во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека Италијанците се големи фаворити, но, дека Македонија ќе оди да се надигрува и да направи сензација.

„Ќе играме против актуелниот европски првак. Го респектираме противникот, но, овие момци покажаа дека можат да играат против секого. Се надевам дека во март ќе бидат сите на располагање и дека комплетни ќе се појавиме на теренот на Италија. Манчини донесе нов стил на игра во репрезентацијата. Сега нема акцент на денфанзивата туку се гради играта на сите делови на теренот. Во секој случај Македонија има квалитет и тоа ќе треба да го докажеме“, изјави селекторот Милевски.


Марк Гасол ќе настапува за второлигаш во Шпанија

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол по 13 години поминати во НБА лигата, се врати во родната земја и ќе настапува за тимот на Гирона кој е член на втората шпанска лига.

36-годишниот Марк беше дел од американската НБА лига од 2008 година каде играше за екипите на Мемфис, Торонто и ЛА Лејкерс.

https://twitter.com/BasquetGirona/status/1464171334553030690?s=20



Чави го посочува проблемот на Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, е на мислење дека проблемот со самодовербата на тимот е главен проблем во моментот. Тоа го попречува подобрувањето на играта и постигнувањето на голови. Барса наредниот натпревар го игра на гости против Виљареал и го очекува тежок натпревар.

„Важно е да победиме на теренот на овој тежок противник, кој е наш директен конкурент. Виљареал оваа сезона ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите. Нашата ситуација е комплицирана но мораме да се носиме со секој натпревар. Ова е нашата цел“.

“Ни недостасува храброст во играта. Стигнуваме до последното додавање и застануваме таму. Кога имав 18 години и јас го правев истото. Тешко е, но јас сум оптимист и мислам дека работите ќе профункционираат. Момците треба да бидат храбри. Ако не се обидеш, не можеш да постигнеш гол“, изјавува Чави.