feature

Симеоне: Оптимист сум дека Атлетико ќе ја помине групата

Диего Симеоне ги оцени шансите на неговиот тим да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, откако пред два дена беше поразен од Милан во натпреварот од 5. коло од групната фаза на турнирот.

„Јас сум повеќе од оптимист. Нашите играчи направија се што е во нивна моќ, нема за што да им замерам. Добро работевме во одбраната. Ниту ние, ниту Милан немавме шанси за гол. Во вториот дел Милан имаше поголем посед на топката и беше подобар во детали. Во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок. Секогаш сум оптимист. Атлетико ќе се бори во последниот натпревар во групата. Ова натпреварување никому не простува, во плејофот влегуваат само оние кои заслужуваат“, изјави Симеоне.

Атлетико е трет во групата Х со четири бода од пет натпревари. Во последното коло мадриѓаните ќе играат против Порто кој е второпласиран со пет бода.

Пласман во осминафиналето веќе обезбеди Ливерпул, а шанси да ја помине групата има и Милан кој собра четири бода.


Клоп: Доаѓањето на Рангник во Манчестер Јунајтед е лоша вест за останатите тимови

Пристигнувањето на Ралф Рангник како привремен тренер на екипата од „Олд Трафорд“ го искоментира Јирген Клоп. Клоп вели дека поставувањето на неговиот сонародник за тренер на Јунајтед е лоша вест за останатите екипи во Премиер лигата.

„Малку е необично да коментирам за ова бидејќи Ралф се уште не е потврден како менаџер на Јунајтед, но тој е многу искусен стручњак. За жал, Манчестер добива многу добар тренер. Тој изгради два клуба во Германија (Хофенхајм и РБ Лајпциг) од ништо. Манчестер Јунајтед со него ќе стани многу поорганизиран тим, што не е добра вест за нас“, коментира Клоп.

Од Манчестер Јунајтед се уште не го објавија назначувањето на Рангкник, но се верува дека 63-годишниот Германец е многу блиску до преземање на клупата на тимот од „Олд Трафорд“.


Награда за успешната сезона: Пиоли добива нов договор во Милан

Стефано Пиоли денеска ќе потпише нов договор со клубот. Пиоли ќе го продолжи договорот со клубот до 2023 година со опција за ре-продолжување до 2024 година. Тој во иднина ќе добива плата во висина од 3 милиони евра годишно, плус бонуси.

Пиоли го презеде клубот во октомври 2019 година, заменувајќи го Марко Џампаоло на оваа позиција. Во јули 2020 година, тој беше блиску до отказ, а неговото требаше да го заземе Ралф Рангник, кој сега стана шеф за спорт и развој на московски Локомотив.


Ерлинг Халанд се враќа на теренот овој викенд

Од менаџментот на Борусија Дортмунд најавуваат дека е можно напаѓачот на екипата, Ерлинг Халанд, да се врати во игра на натпреварот со Волфсбург закажан за во сабота.

„Ерлинг ќе патува со тимот во сабота. Тој во последните денови има сериозно подобрување и брзо се опоравува. Се чувствува добро и може да влезе во игра ако е потребно“, изјави тренерот на „жолто-црните“, Марко Розе.

Репрезентативецот на Норвешка веќе подолг период се опоравува од повреда на бутниот мускул и првобитно се очекуваше дека ќе паузира од фудбалот до крајот на годината.

Тимот на Борусија Дортмунд во моментот е на втората позиција од табелата со освоени 27 бода, веднаш зад Баерн Минхен против кого ќе игра наредната недела.


Њукасл заинтересиран за Олександар Зинченко од Сити

Секој ден се појавуваат нови информации за евентуални засилувања во екипата на Њукасл Јунајтед. Новите сопственици планираат голем буџет за доведување на нови играчи оваа зима со цел задржување на тимот во премиерлигашкото друштво.

Новиот тренер на екипата ,Еди Хауи е заинтересиран за доведување на играчот Олександар Зинченко кој моментално настапува за екипата на Манчестер Сити. 24-годишниот Украинец може да игра на повеќе позиции во тимот и би бил од голема помош за опстанокот на екипата. 

Зинченко не е во прв план кај тренерот на Сити, Гвардиола, и не е исклучена можноста тој да ја прифати евентуалната понуда на тимот од „Сент Џејмс Парк“.


Гинисов рекорд за голман на иранската репрезентација

Со фрлена топка во должина од 61.26 метри голманот на иранската репрезентација Алиреза Беиранванд од оваа недела и официјално е сопственик на Гинисовиот рекорд за најдалечно исфрлена фудбалска топка со рака.

Гинисовиот рекорд на иранскиот голман официјално е признаен откако Беиранванд го оствари подвигот на натпреварот против Јужна Кореја во рамки на квалификациите за Мундијалот 2018, исфрлувајќи ја топката со рака од голманскиот простор на далечина од над 61 метри. Иран се квалификуваше на тоа Светско првенство одржано во Русија, а на завршниот турнир се истакна кога му одбрани пенал на португалскиот капитен Кристијано Роналдо.

Актуелниот чувар на мрежата на португалскиот прволигаш Боависта, кариерата ја почна во ирански Персополис, а во националниот дрес досега одигра 49 натпревари.


Куман и Барса постигнаа договор за спогодбена исплата

Барселона и Роналд Куман постигнаа договор за спогодбено предвремено раскинување на договорот, пренесуваат каталонските медиуми.

Клубот ќе му плати отштета од десет милиони евра на холандскиот тренер откако му беше врачен отказ.

До крајот на договорот Куман требаше да заработи 12 милиони евра, но двете страни постигнаа спогодба за раскин и Холанѓанецот се согласил да добие 2 милиони евра помалку.


Германецот Ралф Рангник е нов привремен тренер на Манчестер Јунајтед

Според информациите од Англија, екипата на Манчестер Јунајтед постигна договор со Германецот Ралф Рагник за местото тренер на „црвените ѓаволи“.

Според договорот 63-годишниот Рангник ќе го води тимот од Манчестер во наредните 6 месеци со можност за неговото останување во клубот како советник за фудбалски прашања.

Сега се чека само на одобрение од неговиот сегашен клуб Локомотив Москва, каде ја има улогата на шеф за спорт и развој во клубот.


Резервист на Реал Мадрид ќе ја спасува сезоната на Јуве

Масимилиано Алегри сака во јануари да го засили тимот со играч на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми.

Алегри не е задоволен од настапите на Адриен Рабио и сака да го донесе шпанскиот плејмејкер Дани Себаљос.

„Старата дама“ сака да го засили средниот ред, а Алегри смета дека Себаљос ќе биде идеален партнер за Локатели. Себаљос ова лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но се уште нема одиграно ниту една минута, бидејќи се опоравува од повреда со која се здоби за време на Олимписките игри.


Во Неапол откриен споменик на легендарниот Диего Марадона

Во италијанскиот град Неапол беше откриен споменик на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона.  

Настанот се случи по повод првата годишнина од смртта на поранешниот играч на Наполи кој почина на 25 ноември 2020 година. 

Марадона стана легенда на клубот со освојувањето на шампионските титули во Серија А во 1984 и 1991 година.

 Статуата на Диего Марадона ја изработи скулпторот Доменико Сепе и истата беше поставена пред стадионот во Неапол кој сега го носи името на аргентинската легенда.